Европа
Загинаa двајца пилоти од седумчениот екипаж на рускиот бомбардер урнат кај Хабаровск
Двајцата пилоти од седумчлениот екипаж на рускиот бомбардер „Ту-95МС“ загинале во уривањето во вторникот на далечниот руски исток во областа Хабраровск, објави министерството за одбрана на Руската Федерација.
Станува збор за шеста воздухопловна несреќа на разни летала во Русија од почетокот од април, пишува агенцијата ТАСС. Бомбардерот се урнал во текот на рутинска утринска вежба, а уште утрото беше објавено дека другите пет членови на екипажот го преживеале падот.
„Спасувачката операција на групата на Источниот воен округ беа пронајдени местата на приземјување на двата члена на екипажот од бомбардерот. Двата пилота загинале. Според извештајот од местото на инцидентот, загинале на местото на приземјувањето“, изјавил за агенцијата РИА соговорник од министерството за одбрана.
Претходно беше објавено дека биле пронајдени пет членови на екипажот на „Ту-95МС“ и биле превезени на аеродромот во Хабаровск. Според лекарските извештаи, тие не се животно загрозени, но се следи нивната состојба.
Авионот се урнал во текот на тренажен лет околу 9 часот по средноевропско време, а пилотите се приземјиле со падобрани. Според првичните информации, авионот се урнал поради откажување на сите четири мотори.
Станува збор за летало од семејството „Ту-95“ на стратешки бомбардери кои можат да понесат ракети, според кодификацијата на НАТО „Bear“ (мечка), и е од советскиот период.
Според руските медиуми, зачестените несреќи на леталата се поради застареност и нивно пречесто користење откако минатата година поради украинската криза се заострија односите меѓу Русија и НАТО и се одржуваат постојано воени вежби и од двете страни./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.