Европа
Зеехофер ја заостри реториката за бегалците, Меркел бара нивно побрзо интегрирање
Баварија е за контингент и за горна граница за прифаќање на бегалците и за тоа Христијанско-социјалната унија (CSU) и натаму ќе се бори, порача во саботата партискиот челник и баварски премиер Хорст Зеехофер, на партискиот конгрес во Минхен кој беше одбележан со заострена реторика против бегалската политика што ја спроведува канцеларката од сестринската партија Христијанско-демократската унија (CDU) Ангела Меркел, којашто во саботата во својата редовна видео порака до нацијата порача дека е неопходна што поитна интеграција на доселениците на германскиот пазар на трудот.
По отворениот судир со германската канцеларка Ангела Меркел, Хорст Зеехофер и натаму е упорен на барањето на неговата партија за воведување горна граница за прифаќање на бегалците и продолжување на построгиот режим на контрола на границите.Последните седмици во Германија на дневно ниво влегуваат околу 10.000 имигранти. Баварија е особено на удар на големиот број имигранти кои пристигнуваат преку јужна Европа на Западот. Според податоците на баварскиот министер за внатрешни работи, Јоахим Херман, од почетокот на годината во Германија влегле повеќе од 900.000 имигранти.„Ние не сакаме политика на добредојде, туку политика на разумот. Ние и натаму мораме да дејствуваме врз CDU да ги промени насоките“, порача Зеехофер обраќајќи им се на делегатите на партиската конвенција која во саботата попладнето заврши во Минхен.CSU којашто во Баварија ја претставува демохристијанската опција, а на сојузно ниво со CDU ја сочинува владејачка Унијата CDU/CSU, и натаму заговара ограничување на бегалците.„Ние сме за контингент и горна граница и за тоа CSU и Баварија и натаму ќе се борат. Во Баварија постои подготвеност за прифаќање на бегалците, но можностите се ограничени“, порача Зеехофер.Во петокот попладнето Ангела Меркел, своето обраќање на конгресот на CSU, уште еднаш го отфрли воведувањето на плафонот за бројот на бегалците. Веднаш потоа Зеехофер отворено ја критикуваше Меркел поради нејзиниот став во однос на бројот на бегалците, што германската јавност го доживеа како невиден скандал во односите меѓу двете сестрински партии.По вербалниот судир во CSU дури се појавија и шпекулации за распаѓање на Унијата CDU/CSU, што Зеехофер во саботата категорично го отфрли. „Тоа не е никаква опција. Штетата што ќе произлезе од распадот е далеку поголемо од добивката“, порача челникот на CSU.Најголемиот дел од својот програмски говор Зеехофер го посвети на бегалската криза и безбедносната ситуација во земјата. „Државата на граѓаните мора да им го даде она што терористите сакат да го одземат, а тоа е безбедноста“, рече Зеехофер залагајќи се за воведување закон за интеграција на доселениците кој би ја одредил насоката на процесот на интеграција.Зеехофер, исто така, предупреди дека е потребно што побрзо да се решава бегалското прашање, бидејќи в спротивно сегашната ситуација би идела во полза на партиите од десниот крај на политичкиот спектар како евроскептичната и антиимгрантска партија Алтернатива за Германија (AfD), којашто, според Зеехофер, во Баварија има „трипати поголем потенцијал од сегашниот“.Во моментов AfD, според последните анкети, има поддршка од шест до осум отсто од избирачите, што е значителен пораст на нејзиниот рејтинг. „Најдобрата заштита од десните струења е решавањето на проблемите кои ги мачат граѓаните“, рече Зеехофер.Потоа Зеехофер повторно беше повторно избран за претседател на CSU, но се досега најслабиот резултат од 87,5 отсто гласови, додека пред две години на чело на партијата го поддржаа 95 отсто до делегатите.Послабиот резултат се поврзува со незадоволството во партијата од судирот со Меркел, но и со некои внатрепартиски судири како оној со баварскиот министер за финансии Маркус Соедер кој загоавара поостра политика кон бегалците. Од друга страна канцеларката Ангела Меркел во саботата како еден од најважните општествени цели во Германија следните години ја означи што побрзата интеграција на бегалците на пазарот на трудот.„Мојата желба е добрата соработка меѓу политиката и стопанството, за што повеќе бегалци што побрзо да се вклучат во процесите на германскиот пазар на трудот“, рече Меркел во редовното видео обраќање во која оваа сабота тема беше односот кон стопанството и скорешниот нејзин говор на деновите на германските работодавачи следниот вторник. Канцеларката ја пофали подготвеноста на германското стопанство на бегалците да им се понудат места за дообразување. Истовремено најави дека државата преку своите институции како Сојузното за имиграцијата и бегалците ќе понуди курсеви за изучување на германскиот јазик. „Познавањето на јазикот е она што компаниите го очекуваат од новите обучени работници“, рече Меркел.Истовремено ја нагласи потребата од вложување на „големи напори“ како од Германија, така и од Европската унија и целокупната меѓународната заедница за отстранување на причините поради коишто бегалците ги напуштаат своите./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.