Европа
Земјите на ЕУ не се сложија за квотите на мигранти
Меѓу земјите членки на Европската унија нема согласност за предлогот на Европската комисија да се воведат обврзувачки квоти за секоја членка за примање бегалци кои стигнуваат во Европа и на тој начин да се олесни товарот на земјите кои се на удар на масовни приливи од мигранти, како Италија и Грција, покажа во вторник расправата на состанокот на министри за внатрешни во Луксембург.
Меѓу земјите членки на Европската унија нема согласност за предлогот на Европската комисија да се воведат обврзувачки квоти за секоја членка за примање бегалци кои стигнуваат во Европа и на тој начин да се олесни товарот на земјите кои се на удар на масовни приливи од мигранти, како Италија и Грција, покажа во вторник расправата на состанокот на министри за внатрешни во Луксембург.
„Време е да почнеме да гледаме преку националните интереси. Солидарноста не е доброволна и тоа не може да функционира и за тоа не може да се расправа“, предупреди по состанокот пратеникот за внатрешни Димитрис Аврамопулос.
Европската комисија минатиот месец претстави план за распределба на сириските и еритрејсите бегалци од Грција и Италија по сите земји на ЕУ, а во регионов Хрватска треба да прими вкупно 747.
Вкупно 40.000 бегалци од Италија и 16.000 од Грција, треба да се разместат по другите земји членки според строго утврдени критериуми, број на жители, БДП, тапка на невработеност и број на порано примени бегалци.
Комисијата истиот ден претстави и план и препорака за преселба на 20.000 бегалци кои не се во Унијата, а кои имаат право на меѓународна заштита.
Но, тој предлог на Комисијата нема поддршка од мнозинството затоа што полно земји се против обврзувачките квоти и се заземаат за солидарност на доброволна основа, како земјите од средна и источна Европа, Шпанија и Португалија.
Некои не се противат на квотите, но бараат подобра пресметка, па така Франција и Германија побараа повторно да се пресмета бројот на бегалци кои секоја земја поединечно треба да ги прими.
Некои земји, меѓу кои и Хрватска, официјално не се изјаснија.
Италијанскиот премиер, Матеро Ренци пред неколку дена се закани дека ќе примени план Б, ако земјите не покажат солидарност, и иако не кажа за што се работи, медиумите шпекулираат дека Италија би вовела привремена виза за мигрантите, што би им овозможила слободен премин низ земјите на Шенген зоната, како и бегалците спасени на море од бродови од други земји, да не можат да стапнат на италијанско тло.
Но, италијанскиот министер за внатрешни Алфонсо Алфано го нарече тоа медиумски гласини.
Италија само оваа година мораше да прими околу 60.000 бегалци, кои преку Средоземното море стигнаа на нејзиниот брег од северна Африка.
Поради големите разидувања во ставовите за бегалската криза најверојатно ќе се разговара и на самитот на лидер на 28 земји членки смедната недела во Брисел./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.