Контакт

Свет

Европскиот парламент усвои извештај за странското мешање: Русија главна закана, Србија центар за дезинформации

Објавено пред

Европскиот парламент усвои извештај со предлози за зајакнување на отпорноста на Европската Унија на странско мешање и дезинформации, при што Русија е издвоена како главна закана за демократскиот интегритет на Европа. За извештајот гласаа 420 европратеници, 220 беа против, а 26 беа воздржани.

Документот го изработи Специјалниот комитет за Европскиот штит за демократија, формиран со цел да ги анализира сè почестите хибридни напади, манипулацијата со информации, странските операции за влијание и координираните кампањи за дезинформирање. Европратениците сметаат дека сегашниот систем за заштита не е доволно поврзан и дека земјите членки не можат ефикасно да одговорат на ваквите закани секоја поединечно.

Парламентот го поддржува формирањето на Европски центар за демократска отпорност, кој би требало да дејствува како независно тело за борба против дезинформациите и странското мешање и да ги координира активностите на земјите членки. Сите членки на ЕУ би требало да учествуваат во неговата работа, а надзорот би го вршел Европскиот парламент.

Во извештајот Русија е опишана како главна закана за демократскиот интегритет на Европа. Се наведуваат кибернапади, саботажи, подметнување пожари, шпионажа и попречување на сигнали, а се споменуваат и активностите на Белорусија, Кина, Иран и Северна Кореја.

Европратениците бараат проширување на санкциите врз лица кои шират дезинформации и помагаат во заобиколувањето на постојните мерки против Русија. Тие ги осудија и руските политички мотивирани црни листи на кои се наоѓаат европски функционери, новинари и европратеници.

Во извештајот посебно се издвојува Србија, за која се наведува дека станала „клучен центар за дезинформации и посредник за руски и, во помала мера, кинески операции за влијание“.

Повикувајќи се на одлуки на молдавските судови, во извештајот се наведува дека Србија и Република Српска биле домаќини на камп поврзан со Русија, во кој биле регрутирани и обучувани агитатори за предизвикување немири за време на изборите и референдумот во Молдавија, пренесува „Индекс“.

Во извештајот се наведува и дека српската киберинфраструктура била користена за напади врз функционери и дипломати на ЕУ и НАТО.

Се додава дека Србија станала безбедно засолниште за руски шпиони и олигарси и дека одредени државјани на Србија поврзани со Русија биле уапсени поради дела мотивирани од омраза во Франција и Германија.

Европратениците бараат и намалување на зависноста на ЕУ од странски технологии и компоненти во клучните сектори, особено од американски технологии и кинески делови.

Меѓу предлозите е и поширока примена на принципот „купувај европско“ при инвестициите во критична инфраструктура, како и поголемо потпирање на доверливи партнери при набавката на клучни суровини. Се бара и поголема одговорност на дигиталните платформи во борбата против ботови, лажни реклами и обиди за влијание врз изборите.

Парламентот предлага изборната инфраструктура да биде прогласена за критична, со цел подобро да се заштити од надворешно влијание. Се предлага и воведување на принципот „знај кој е твојот донатор“ за политичките донации во криптовалути, построги мерки против лажните содржини и подобра заштита на кандидатите на изборите.

Европратениците повикаа и на долгорочно финансирање на слободните медиуми и истражувачкото новинарство, зајакнување на медиумската писменост и писменоста за вештачка интелигенција, како и подобра заштита од незаконски шпионски софтвер.

Меѓу предлозите се и редовни вежби за подготвеност, изработка на европска апликација за рано предупредување и одбележување на Европски ден на подготвеноста на 24 февруари, на годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Известувачот Томас Тобе порача дека целта на извештајот не е да се регулира политичкото мислење.

„Руските ботови не претставуваат слобода на говор. Надворешното мешање не е слобода на говор. А манипулирањето со нашите избори во никој случај не е слобода на говор“, рече тој.

Најново

Спорт56 минути

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт1 час

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион1 час

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт1 час

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет1 час

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет1 час

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава2 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион3 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...

Забава3 часа

Сезоната на Вагата им носи среќа на четири хороскопски знаци

Сезоната на Вагата трае до 23 октомври и носи поинаква енергија по практичниот и понапорен период на Девица. Фокусот се...