Контакт

Свет

Европските служби предупредуваат: Русија може да ги засили саботажите низ Европа

Објавено пред

Европските безбедносни служби проценуваат дека Русија во наредните месеци ќе ги засили саботажите и хибридните напади низ Европа, објавија германски „Велт“ и британски „Телеграф“, повикувајќи се на доверливи разговори со безбедносни извори.

Висок претставник на НАТО изјавил дека Алијансата очекува поагресивна комуникација од Москва и проширување на хибридните напади. Германските власти, според извештајот, како еден од главните организатори на ваквите операции ја посочуваат руската воена разузнавачка служба ГРУ.

Како пример се наведува неуспешниот напад со дрон врз украински авиони „Антонов“ на аеродромот во Лајпциг во август. Според безбедносните извори, целта на ваквите акции е и психолошка – да се зголеми стравот во европските општества и да се ослаби поддршката за Украина.

Експертите предупредуваат дека можните активности би можеле да опфатат кибернапади, саботажи врз критична инфраструктура, напади врз воената индустрија и други хибридни операции.

Руската амбасада ги отфрли обвинувањата за вмешаност на Москва во саботажни активности, нарекувајќи ги неосновани.

Најново

Забава2 минути

(Фото) Ненаметлива, елегантна, бунтовна: кој би помислил дека зборуваме за фризура?

Најновиот тренд за коса доаѓа од Париз, откривајќи стил што Французинките го носат веќе еден век – една од најшармантните...

Свет7 минути

(Видео) Криста Пајк се разбуди од кома по неуспешното извршување на смртната казна: таа е свесна и зборува

Педесетгодишната Криста Пајк преживеа обид за погубување при што ѝ беа вбризгани две дози од смртоносниот лек пентобарбитал, а нејзините...

Македонија13 минути

Без вода дел од Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф – 100 мм на улицата Његошева...

Македонија17 минути

Студено утро, во текот на денот сончево и топло: од петок дожд

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло време со мала до умерена...

Забава22 минути

Поранешните партнери се враќаат, врските се распаѓаат, а парите стануваат тема – започна ретроградната Венера

Оваа есен, астролозите предупредуваат на втор ретрограден циклус кој би можел да биде многу поинтересен во однос на љубовта, парите...

Спорт7 часа

(Видео) Кејн рекордер, Англија лесно се справи со Чешка

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во Лигата на нациите А, група 3. На Вембли, Англија ја порази...

Спорт7 часа

(Видео) Хрватска по пресврт падна пред светскиот првак – Микел Мерино го реши натпреварот

Само три дена по историскиот дебакл против Англија (7:0), Хрватска брилијантно и парираше на моќната Шпанија на преполниот „Пољуд“, но...

Спорт7 часа

(Видео) Швајцарците ги казнија сите грешки, Македонија загуби во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија го забележа и четвртиот пораз, во Групата 1, во Б дивизијата во Лигата на нации. Трагично...

Свет8 часа

Унгарија воведува данок за најбогатите

Унгарската влада предложи воведување данок на богатство за лицата чиј имот надминува една милијарда форинти, односно околу 3,08 милиони долари,...