Контакт

Свет

„Фајненшл тајмс“: Новиот систем за влез во ЕУ е одложен поради хаосот со граничните контроли

Објавено пред

Имплементацијата на новиот онлајн систем за претходно одобрување на влез во ЕУ очигледно е одложена до следната година, откако хаотичното воведување на посебен електронски систем за гранични проверки го попречи патувањето во Унијата, пишува „Фајненшл тајмс“.

Преку Европскиот систем за информации и авторизација на патувања (ETIAS), патниците на кои не им е потребна виза за влез во ЕУ, вклучувајќи ги и граѓаните на Велика Британија и САД, ќе треба да се регистрираат. ETIAS е моделиран според американскиот ESTA систем. Кандидатите ќе платат такса од 20 евра и ќе поминат низ безбедносни проверки пред да патуваат.
Имплементацијата на новиот онлајн систем за претходно одобрување на влез во ЕУ очигледно е одложена до следната година, откако хаотичното воведување на посебен електронски систем за гранични проверки го попречи патувањето во Унијата, пишува „Фајненшл тајмс“.

EU-Lisa, агенцијата задолжена за имплементација на системот ETIAS, призна дека неговото лансирање до крајот на оваа година, како што е планирано, повеќе не е изводливо, според три лица запознаени со ова прашање.

Одборот на директори на агенцијата EU-Lisa се состана кон средината на јуни за да разговара за одложување на имплементацијата на системот за подоцнежен датум, велат овие извори, пишува медиум Двајца од нив изјавија дека комитетот повторно ќе се состане во септември за да разгледа нова временска рамка.

Портпаролот на агенцијата потврди дека на 17 јуни, управниот одбор разговарал за „почетокот на работата“ на системот ETIAS, но додаде дека „оттогаш нема понатамошни случувања во врска со ова прашање“.

Европската комисија е одговорна за одредување на датумот на почеток на системот, што може да го направи само откако EU-Lisa успешно ќе го заврши тестирањето на системот ETIAS.

Едно лице запознаено со дискусиите изјавило дека сè уште има „одредени проблеми со информацискиот систем ETIAS“, според написите.

„Прво да го поправиме EES, а дури потоа да воведеме друг систем што повторно ќе ги удвои редиците“, рече ова лице.

Европскиот комесар за внатрешни работи Магнус Брунер испрати писмо до лидерите на воздухопловната индустрија обвинувајќи ги националните влади за проблемите со системот за влез и излез.

„Други фактори, кои не се поврзани со EES, како што се недоволниот број вработени или несоодветната инфраструктура, би можеле да бидат причина за доцнењето“, наведе Брунер во писмото, до кое FT имаше пристап.

Системот EES првично требаше да започне да функционира во 2022 година, но неговото воведување беше одложено неколку пати поради проблеми со набавките, технички тешкотии и бавно воведување во некои земји-членки.

„Подготовките за воведување на системот ETIAS продолжуваат. Секако, како и со секој голем информациски систем, многу фактори влијаат на одлуката кога ќе биде ставен во функција“, рече портпаролот на Европската комисија.

Неколку претставници на ЕУ рекоа дека не се изненадени што EU-Lisa, која го управува системот EES и голем број други гранични системи, покрај ETIAS, има тешкотии да го исполни рокот. Еден службеник рече дека одложувањето веројатно нема да биде долго.

„Ако не можат да го воведат, ќе речат дека им треба уште еден квартал или уште еден месец“, рече тој.

Сепак, друго лице запознаено со ова прашање процени дека лансирањето на системот оваа година е илузорно, објавува FT.

Најново

Свет59 минути

СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври да бидат водилка за денешните генерации

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддавајќи им почит на борците од Народноослободителната борба...

Македонија1 час

СДСМ: Македонија не е каса за провизии, иднината е во Европа, правда и слобода

Антифашизмот не е само споменик, туку обврска за слобода, правда и достоинствен живот, порача опозициската СДСМ по повод 11 Октомври...

Македонија1 час

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Имаме обврска да градиме демократска, правна и просперитетна држава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека жртвата на востаниците и партизаните е...

Македонија1 час

Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и...

Македонија1 час

ЛДП: За владините функции има пари, а за судии и обвинители нема

Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од...

Македонија3 часа

Попова Шапка и Берово со најниска утринска температура од 8 степени

Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови. Температура од...

Свет3 часа

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ...

Македонија3 часа

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен...