Контакт

Свет

Пронајдени телата на италијанските нуркачи на Малдивите на длабочина од 60 метри

Објавено пред

Фински нуркачи ги пронајдоа телата на четворицата Италијанци кои загинаа во подводна пештера на Малдивите минатата недела. Оваа информација ја потврди портпаролот на претседателот Мохамед Хусеин Шариф. Извлечени се две тела, а извлекувањето наостанатите двајца е планирано за утре, објавува Euronews.

Телата на починатите нуркачи беа пронајдени вчера, откако потрагата продолжи по трагичен прекин. Имено, локален воен нуркач го загуби животот во еден од првите обиди за извлекување, поради што операцијата беше привремено прекината.

Портпаролот на владата на Малдивите, Ахмед Шаам, рече дека телата се пронајдени на длабочина од околу 60 метри, додека законската граница за рекреативно нуркање на Малдивите е 30 метри.

Владата на островската нација во Индискиот Океан вчера соопшти дека телата биле забележани во најдлабокиот дел од пештерата од страна на тројца фински експерти, со поддршка на полицијата и војската на Малдиви.

„Како што се очекуваше, во пештерата беа пронајдени четири тела. И не само во пештерата, туку длабоко внатре, во третиот и најголем дел од пештерата“, рече Шаам, додавајќи дека телата биле пронајдени „многу блиску едно до друго“.

Тројцата фински нуркачи биле ангажирани од организацијата Divers’ Alert Network Europe. На својата веб-страница се вели дека тие биле технички и пештерски нуркачи со меѓународно искуство во операции за пребарување и спасување, вклучувајќи операции во „длабоки затворени средини, затворени простори и сценарија со висок ризик“.

Тимот користел напредни технички системи за оваа тешка операција, вклучувајќи таканаречени ребретери со затворен круг. Ова е систем што го рециклира издишаниот гас за дишење и го отстранува јаглерод диоксидот, што, според организацијата, овозможува „значително подолги нуркања“.

За потсетување, петмина италијански нуркачи исчезнаа минатиот четврток додека истражуваа подводна пештера на атолот Ваву. Според италијанското Министерство за надворешни работи, тие нуркале на длабочина од околу 50 метри.

Телото на петтиот Италијанец, кој бил инструктор по нуркање, било пронајдено на денот на исчезнувањето, но надвор од пештерата.

 

фото/ЕПА

Најново

Свет26 минути

Лавров: НАТО предизвика длабоки кризи секаде каде што интервенираше

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека НАТО предизвикал длабоки кризи во земјите во кои интервенирал, оценувајќи дека...

Регион39 минути

Во Љубљана тестираат трамвај без шини, чини повеќе од два милиони евра

На улиците на Љубљана започна тестирањето на ново возило кое градските власти го нарекуваат батериски трамвај. Возилото, кое се движи...

Македонија46 минути

Беким Сали во Вилнус: Проширувањето на ЕУ треба да донесе напредок заснован на заслуги и конкретни придобивки

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, престојуваше во работна посета на Литванија, во пресрет на...

Македонија48 минути

Во Собранието одбележани 35 години од донесувањето на Уставот

Денеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на...

Забава1 час

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт2 часа

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион2 часа

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија2 часа

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија2 часа

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...