Контакт

Свет

Фишер: САД се на пат да излезат од НАТО

Објавено пред

Поранешниот германски министер за надворешни работи Јошка Фишер оцени дека Европа повеќе не може да ја гради својата безбедност врз основа на претпоставката дека Соединетите Американски Држави трајно ќе останат столб на НАТО и гарант на американскиот нуклеарен чадор.

Во интервју за „Berliner morgenpost“, Фишер предупреди дека САД, според сегашната политика на Доналд Трамп, се на пат да излезат од НАТО и дека Алијансата, во својата сегашна форма, тешко може да преживее на долг рок.

Германскиот весник го најави интервјуто како разговор за евентуалниот распад на НАТО, стравот на европските соседи од зајакнувањето на Германија и новата улога на Америка во светот.

Според проценката на Фишер, европските земји мора да се подготват за сценарио во кое Вашингтон повеќе нема да биде сигурен столб на европската безбедност. Затоа тој повика на изградба на посебен европски одбранбен систем, кој би се потпирал на капацитетите на Франција и Велика Британија, вклучувајќи ги и нивните нуклеарни арсенали.

Фишер, сепак, се спротивстави на идејата Германија да развива сопствено национално нуклеарно оружје. Тој предупреди дека таков потег би отворил тешки историски и политички прашања во Европа, особено имајќи предвид дека плановите на Берлин за создавање посилна армија до 2039 година веќе предизвикуваат претпазливост кај соседите кои се сеќаваат на искуствата од 20 век.

Поранешниот шеф на германската дипломатија, кој од 1998 до 2005 година беше министер за надворешни работи и вицеканцелар во владата на Герхард Шредер, долго време ја застапува тезата дека Европа мора да преземе значително поголема одговорност за сопствената безбедност.

Зборувајќи за Украина, Фишер оцени дека односите меѓу Европа и Москва ќе останат нарушени со децении. Тој изјави дека претходната енергетска зависност на Европа од Русија била наивна и погрешна, како и дека во иднина Брисел ќе мора да комбинира воено одвраќање со подготвеност за дијалог, но само од позиција на сила.

Во исто време, Фишер изрази резерви во врска со полноправното членство на Украина во Европската Унија во сегашните околности. Како што оцени, Унијата нема да може да издржи таква економска и земјоделска интеграција од големи размери без длабоки внатрешни реформи.

Коментирајќи ја кризата на Блискиот Исток, поранешниот германски министер оцени дека војната претставува тежок пораз за САД и предупреди дека последиците би можеле да бидат нова трка во нуклеарно вооружување во регионот, во која, според негова проценка, би можеле да бидат вклучени Иран, Саудиска Арабија, Турција и Египет.

Најново

Спорт3 часа

Ван Гал сака да биде селектор на Холандија

Славниот холандски тренер Луј ван Гал повторно би можел да стане кандидат за функцијата селектор на холандската репрезентација. Искусниот стручњак...

Спорт3 часа

Монако го раскина договорот со Погба

Монако го раскина договорот со Пол Погба, објавува „Ле Паризиен“. Светскиот шампион со Франција во 2018 година минува низ бројни...

Спорт3 часа

(Видео) „Делиите“ ги избркаа играчите на Црвена звезда во соблекувалната

Црвена звезда доживеа дебакл против Хапоел Бер Шева и остана без Лигата на шампионите. Навивачите тешко ја поднесоа елиминацијата. По...

Забава5 часа

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет5 часа

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет6 часа

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија6 часа

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион7 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...

Свет7 часа

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го...