Контакт

Свет

(Фото) „Портокалова чума“: Статуа на Трамп без облека изложена во Европскиот парламент

Објавено пред

Сатирична статуа на американскиот претседател Доналд Трамп е поставена во Европскиот парламент во Стразбур. Скулптурата висока 2,5 метри, дело на данскиот уметник Јенс Галсхиот, го прикажува Трамп без облека како држи долг стап за голф додека седи на рамениците на многу помал човек кој тетерави под неговата тежина.

Делото, позлатено со 23-каратно злато, го носи насловот „Портокалова чума“, а е познато и како „Кралот на неправдата“. Придружниот текст го цитира „Кралот“: „Би направил сè за да му помогнам. Освен да му се симнам од грб“. Уметникот објасни дека пораката претставува директна критика за попречувањето на борбата против климатските промени од страна на Трамп, пренесува DW.

Статуата се наоѓа во преминот што поврзува две згради на парламентот. Данскиот европратеник Пер Клаусен, кој го организираше поставувањето на скулптурата, изјави дека не е загрижен за можна реакција од американскиот претседател.

„Ако некој е толку чувствителен што не може да го поднесе изложувањето на оваа скулптура во Европскиот парламент, тогаш тој нема место на светската сцена“, рече Клаусен.

Доналд Трамп сè уште нема дадено коментар за делото, кое претходно беше изложено во неколку европски градови и на климатската конференција на ОН (COP30) во бразилскиот град Белем.

Најново

Спорт7 минути

(Видео) Кари го реши Орландо и урна рекорд на Леброн

Ноќта во НБА лигата беше обележана со новиот рекорд на Стеф Кари, доминантната игра на Виктор Вембањама и големата победа...

Црна хроника12 минути

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага

Полицијата уапси двајца велешани, а при претреси се пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага. На 06.11.2026 година, во 22:30 часот,...

Македонија14 минути

Левица: Додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од приближно 340, а сепак сме на третото место...

Македонија17 минути

ЛДП: Македонија заслужува во ЕУ сега, светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во...

Спорт23 минути

(Видео) Бањаја нема да ја вози Големата награда на Катар

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, претрпе две скршеници на стапалото во инцидентот што се случи за време на спринтот на...

Спорт37 минути

Тенисерката број еден во светот го откажа настапот на Завршниот мастерс

Елена Рибакина, тенисерка број еден во светот, го откажа својот настап на Завршниот Мастерс, финалниот турнир на осумте најдобри тенисерки...

Забава45 минути

Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и сподели фотографија што воодушеви многумина

Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и го одбележа тој повод на Инстаграм. Таа објави фотографија што го привлече...

Спорт46 минути

„Марка“: Хаос на Местаља, Ридигер му удрил тупаница на човек од обезбедувањето

Во тунелот на стадионот „Местаља“ на полувремето од натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид (Реал победи со 3:0), се случил...

Забава51 минута

Во друштво на убавата свршеница помлада од него 44 години: Мик Џегер не крие дека е лудо вљубен

Мик Џегер и Мелани Хамрик ретко се појавуваат во јавноста, а секогаш кога ќе го сторат тоа, разликата во нивните...