Свет
(Фото) Транспарент во Техеран: Ормускиот теснец е засекогаш во наши раце
Преговорите меѓу Техеран и Вашингтон во Исламабад завршија без да се постигне заедничка рамка и договор, а како причина за неуспехот се наведуваат прекумерните барања од страна на САД, објавија иранските медиуми.

Во главниот град на Иран, Техеран, беше поставен огромен транспарент на кој пишуваше: „Ормускиот теснец засекогаш е во ирански раце. Трамп не можеше ништо да стори во врска со тоа, а трајната контрола врз теснецот ќе остане наша“.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
