Контакт

Свет

Германски министер: Не учествуваме во војната во Иран, но ги чувствуваме последиците

Објавено пред

Германија, иако не е вклучена во војната во Иран, директно ги чувствува нејзините економски последици, изјави денеска германскиот министер за финансии, Ларс Клингбаил.

Зборувајќи во Вашингтон на маргините на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд, Клингбаил нагласи дека конфликтот веќе негативно влијае на германската економија, објави „Ројтерс“.

Запрашан за официјалните владини прогнози што ќе бидат презентирани следната недела, министерот рече дека тие сè уште се подготвуваат и дека не може да коментира за нив.

„Сепак, она што веќе го гледаме е дека оваа војна ни штети и нам во Германија во однос на економскиот раст“, ​​нагласи тој.

Во меѓувреме, Меѓународниот монетарен фонд вчера веќе ги намали своите прогнози за раст за Германија за оваа и следната година. Според новите проценки, се очекува растот да биде 0,8 проценти во 2026 година и 1,2 проценти во 2027 година, што е намалување од 0,3 процентни поени за двете години во споредба со претходната прогноза.

 

фото/Depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Русија мора да ја заврши војната, вели Зеленски

Објавено пред

Украинските возвратни мерки, што стигнаа до Московскиот регион – на 500 километри од границата, јасно покажуваат дека Русија мора да ја заврши војната што ја започна, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски.

„Нашите одговори на долготрајната војна на Русија и нападите врз нашите градови и заедници се целосно оправдани. Овој пат, украинските возвратни мерки стигнаа до Московскиот регион и ние испраќаме јасна порака до Русите: нивната земја мора да ја заврши својата војна“, нагласи украинскиот претседател на Фејсбук.

Укринформ пренесува дека Зеленски им се заблагодари на Службата за безбедност на Украина и на сите одбранбени сили на Украина за нивната прецизност.

„Концентрацијата на руската воздушна одбрана во Московскиот регион е највисока. Но, ние ја надминуваме“, заклучи претседателот.

Руското Министерство за одбрана претходно денеска објави дека 556 непријателски беспилотни летала биле уништени во текот на ноќта, што е досега најмасовниот украински напад со беспилотни летала врз Русија.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека 12 лица се повредени во нападот со беспилотни летала врз руската престолнина.

Според него, повеќето од жртвите се повредени во близина на влезот на московската рафинерија за нафта.

Дроновите го погодиле истражувачко-производствениот комплекс „Елма“ во градот Зеленоград, околу 30 километри северозападно од центарот на Москва, по што избувнале пожари.

Прикажи повеќе...

Свет

Објавена фотографија од опасниот бегалец осомничен за убиството за доставувачот на пица

Објавено пред

Хрватската полиција објави фотографија на Кристијан Алексиќ, роден 1976 година, за кого интензивно се трага од синоќа. Тој е осомничен за убиство на 19-годишен доставувач на пица вчера околу 23:05 часот во Дрниш.

Во потрагата се вклучени сите расположливи полициски сили и техника.

Полицијата ги предупредува

Полицијата ги предупредува граѓаните да не му се приближуваат доколку го забележат.

„Ги предупредуваме граѓаните, доколку наидат на Кристијан Алексиќ, да не му се приближуваат бидејќи се работи за опасно лице и најверојатно е вооружен со огнено оружје. Во тој случај повлечете се и веднаш јавете се на 192“, соопшти полицијата.

Граѓаните кои имаат корисни информации полицијата ги моли да ги достават на бројот 192, во најблиската полициска станица или на е-пошта [email protected].

Алексиќ младиот доставувач го убил на терасата од својата семејна куќа, каде што во него испукал повеќе истрели од огнено оружје.

Полицијата го блокирала поширокото подрачје на Дрниш во потрага по бегалецот. Се претпоставува дека Алексиќ се сокрил во густо пошумено подрачје, поради што теренот се пребарува и со помош на дронови, јавува Слободна Далмација. објави Скопје1.мк

.

„Ги предупредуваме граѓаните, доколку наидат на Кристијан Алексиќ, да не му се приближуваат бидејќи се работи за опасно лице и најверојатно е вооружен со огнено оружје. Во тој случај повлечете се и веднаш јавете се на 192“, соопшти полицијата.

Граѓаните кои имаат корисни информации полицијата ги моли да ги достават на бројот 192, во најблиската полициска станица или на е-пошта [email protected].

Алексиќ младиот доставувач го убил на терасата од својата семејна куќа, каде што во него испукал повеќе истрели од огнено оружје.

Полицијата го блокирала поширокото подрачје на Дрниш во потрага по бегалецот. Се претпоставува дека Алексиќ се сокрил во густо пошумено подрачје, поради што теренот се пребарува и со помош на дронови, јавува Слободна Далмација.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина информираше дека е постигнат напредок во трговските преговори со САД

Објавено пред

Кина, по средбата помеѓу кинескиот и американскиот претседател Шји Џинпинг и Доналд Трамп во Пекинг, соопшти дека се постигнати прелиминарни договори за царините, за земјоделските производи и за авионите.

Кинеското Министерство за трговија вчера соопшти дека понатамошните преговори за деталите се во тек.

Во соопштението на кинеското Министерство за трговија се наведува дека е договорено Кина да купи американски авиони и САД да го снабди Пекинг со авионски мотори и компоненти.

Претходно, Трамп изјави дека Кина се согласила да купи 200 авиони Боинг, но Пекинг не ја потврди бројката.

Кина и САД се договориле и за формирање совет за трговија и вложување, кој би бил задолжен и за царините.

Кинеските извештаи за средбата помеѓу Шји и Трамп се повоздржани од американските. Пекинг не соопшти детали за опсегот, вредноста ниту роковите на договорите.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт55 секунди

(Видео) Алекс Маркез има фрактура на седмиот цервикален пршлен, закажана е операцја

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, претрпел повреди кои ќе бараат итна медицинска интервенција, објави неговиот тим Гресини Дукати во официјално...

Македонија36 минути

ЗНАМ: Молкот на Филипче и Заеви за фирмите во Бугарија отвора сомнежи за конфликт на интереси

Движењето ЗНАМ обвини дека раководството на СДСМ се обидува да ги релативизира прашањата од национален интерес, оценувајќи дека тезите оти...

Свет39 минути

Русија мора да ја заврши војната, вели Зеленски

Украинските возвратни мерки, што стигнаа до Московскиот регион – на 500 километри од границата, јасно покажуваат дека Русија мора да...

Македонија2 часа

Црвена лента за пуштање во употреба на нов модерен затворен пазар во Виница

Граѓаните на Виница, од денеска, имаат нов, модерен, затворен пазар кој официјално беше пуштен во употреба во присуство на премиерот...

Македонија2 часа

Телото на убиеното момче од Бојане е дадено на обдукција, осомничениот е во притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обдукција на телото на убиеното 18 годишно момче од скопско...

Спорт2 часа

Шеј Гилџес-Александер е МВП

Шеј Гилџес-Александер од Оклахома Сити Табдер ја освои својата втора последователна награда за најкорисен играч (MВП) во НБА. Тој стана...

Спорт2 часа

(Видео) Јунајтед го потврди третото место, Бруно го израмни рекордот на Де Брујне и Анри

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Нотингем Форест со 3:2 во 37-то коло од Премиер лигата. Со победата над Форест,...

Спорт3 часа

Хаосот во Барселона заврши со победа на Диџанантонио

Хаотичната Голема награда на Каталуња, заврши со победа на Фабио Диџантонио. Возачот на ВР46 тимот, победи пред Жоан Мир (Хонда)...

Спорт4 часа

Ограбен домот на Дел Потро, украдени трофеи, медали и семеен прстен

Легендарниот аргентински тенисер Хуан Мартин дел Потро доживеал голема непријатност бидејќи неговата куќа во родниот Тандил била ограбена, објавија аргентинските...