Контакт

Свет

„Го дестабилизиравте целиот регион“: Санчез со остри обвинувања кон САД и Израел

Објавено пред

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, пред Конгресот остро ја критикуваше воената акција на САД и Израел против Иран, која ја опиша како неправедна и незаконска војна. Санчез, кој долго и отворено се спротивставува на тој конфликт, изјави дека САД и Израел го поткопале меѓународното право, го дестабилизирале Блискиот Исток и повторно ги разгореле конфликтите во Ирак и Либан.

Шпанскиот лидер исто така изјави дека САД и Израел внесуваат несигурност во земјите од Заливот, кои, според него, станале особено ранливи поради одлуките на американскиот претседател Доналд Трамоп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Санчез дополнително ги обвини САД и Израел дека ја зајакнуваат позицијата на рускиот претседател Владимир Путин во неговата сеопфатна инвазија врз Украина. Тој појасни дека Русија финансиски профитира благодарение на растечките цени на горивото и укинувањето на санкциите, за што е одговорна и американската администрација.

Шпанија во текот на целиот конфликт остана цврста во своето спротивставување на САД и Израел. Таа одби да им отстапи на Американците користење на поморската база Рота и воздушната база Морон, двете лоцирани во Андалузија, што го натера Трамп да изјави дека Шпанија нема одлично раководство и да побара САД да ја прекинат трговијата со таа земја.

Сепак, критиките на Трамп не го поколебаа Санчез во неговиот став.

„Да се биде сојузник или пријател значи да се биде лојален на принципите што ги споделуваме“, им порача на пратениците. „Тоа значи да се има храброст да се остане цврст кога се тргнува по погрешен пат“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет8 часа

Масакр во Пенсилванија – девет мртви, меѓу нив две деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца, бремена жена и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Ири,...

Свет9 часа

Папата против смртната казна, САД најавија погубување во живо

Папата Лав XIV денеска оцени дека смртната казна е „недозволива“, по повод Светскиот ден против смртната казна, додека САД најавија...

Забава10 часа

(Видео) Сите погледи кон Емили Ратајковски: манекенката се појави на гламурозен настан во Лондон

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски, привлече внимание со своето појавување на свеченото доделување на наградите „Албис 2026“, што се...

Забава10 часа

Ума Турман се појави во јавноста по подолго време и го привлече целото внимание

Холивудската актерка Ума Турман (56), позната по улогата во култниот филм „Убиј го Бил“ (Kill Bill), привлече внимание со своето...

Спорт10 часа

Барселона незапирлива: oсум победи на осум натпревари, Хетафе испратен со три гола

Фудбалерите на Барселона ја продолжија совршената серија во шпанското првенство, совладувајќи го Хетафе со 3:0 на „Камп Ноу“ во осмото...

Забава11 часа

Грабеж на векот во Тоскана: украдени 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра

Најмалку седум маскирани крадци украле околу 30.000 шишиња вино, вредни пет милиони евра, од престижната винарија „Маркизи Антинори“ во Тоскана,...

Свет11 часа

(Видео) Авион заглави под мост во близина на Букурешт

Необична сцена е забележана на патиштата во Романија, каде што патнички авион што повеќе не е во употреба се заглавил...

Забава11 часа

Чарли Шин не можел да стои на нозе ниту да ги запомни репликите на последното снимање: креаторот на „Два и пол мажи“ откри детали

Креаторот на популарната серија „Два и пол мажи“, Чак Лор, откри дека актерот Чарли Шин бил во толку лоша состојба...

Спорт12 часа

Неверојатна грешка на Нојер: Баерн прими гол по само осум секунди и едвај извлече реми

Фудбалерите на Баерн Минхен денеска одиграа нерешено 2:2 на гостувањето кај Аугсбург, во петтото коло од германската Бундеслига, а натпреварот...