Контакт

Свет

Градоначалникот на Киев: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат градот

Објавено пред

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, предупреди дека засилените руски напади врз украинскиот главен град го загрозуваат снабдувањето со електрична енергија и греење пред почетокот на зимата. Во изјава за „Франс прес“, тој истакна дека руските напади врз згради и критична инфраструктура значително го отежнуваат секојдневниот живот.

„Секој ден носи нови извештаи за уништени згради и луѓе кои се ранети или трагично загинати додека гранатирањето на нашиот град се интензивира. Денес, станува збор за опстанок“, изјави Кличко.

Според извештаите на „Франс прес“, Русија во последните недели ги засили ракетните напади и нападите со беспилотни летала врз Киев, таргетирајќи мостови и енергетски капацитети.

Честите напади врз украинската електроенергетска мрежа предизвикуваат прекини во снабдувањето со струја и ја зголемуваат загриженоста за условите во текот на претстојната зима. Минатата зима, некои жители на Киев со денови остануваа без греење или струја додека температурите паѓаа до -20 Целзиусови степени.

Кличко ги повика граѓаните кои имаат можност, да размислат за привремен престој кај пријатели или роднини надвор од главниот град. Сепак, тој нагласи дека не повикува на целосна евакуација на Киев.

„Тоа е целта на Путин – сите да го напуштиме градот и да му ги препуштиме и Киев и нашата земја“, рече тој, појаснувајќи дека мисли на рускиот претседател Владимир Путин.

Руското Министерство за одбрана во средата соопшти дека неговите сили извршиле „масовен напад“ врз воено-индустриски капацитети во Киев и во други украински региони.

Украина со месеци се соочува со недостиг на опрема за противвоздушна одбрана, што го отежнува одговарањето на руските напади. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и други високи функционери постојано повикуваат на испорака на дополнителна воена опрема и меѓународна помош за зајакнување на одбраната на земјата.

Најново

Забава36 секунди

(Фото) Имаат над 50 години, а сепак изгледаат како да се во своите дваесетти: Овие славни дами му пркосат на времето

Без разлика дали станува збор за добра генетика, дисциплина или специфични ритуали за нега на себе, овие познати жени пронашле...

Европа10 минути

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион20 минути

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...

Свет33 минути

Шефицата на Европската централна банка си заминува: два кандидати во трка за нејзин наследник

Шпанецот Пабло Ернандес де Кос и Холанѓанецот Клас Нот се двајцата кандидати за позицијата нов претседател на Европската централна банка...

Забава49 минути

Финансиска пресвртница: Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат таков прилив на пари, што ќе ги решат сите свои проблеми

За три хороскопски знаци доаѓа крај на сиромаштијата, што се совпаѓа со Младата месечина во знакот на Шкорпија. Зголемувања на...

Забава1 час

(Фото/Видео) „Најсекси пензионерката“ има тело од соништата: Позираше во минијатурно бикини во петтата деценија

Алесандра Амбросио повторно престојува на Бали – истото место каде што Бак Палмер неодамна ја побара за жена. Промената на...

Забава1 час

(Фото/Видео) Контроверзната манекенка ги „заборави“ панталоните

Кара Делевињ претвори еден преголем црн блејзер со масивна, скулптурална јака во вистински моден спектакл – нешто што само таа...

Култура1 час

Викендов на СФФ2026: Фокус на слободата на говорот, европски краткометражни филмови, психолошки драми и регионални соработки

Скопје Филм Фестивал 2026 носи богат и возбудлив филмски викенд. Во сабота, гледачите може да очекуваат филмска агенда фокусирана врз...

Култура1 час

Амбасадата на Грција го најавува концертот на Maria Kostraki – Mosaico Mediterraneo

Амбасадата на Грција во Скопје со задоволство го најавува концертот на ансамблот Maria Kostraki – Mosaico Mediterraneo, којшто ќе се...