Контакт

Свет

Хутите нападнаа седиште на нафтен гигант, брод потона во Ормутскиот теснец

Објавено пред

Конфликтот на Блискиот Исток дополнително ескалира. Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, го нападнаа седиштето на саудискиот нафтен гигант „Арамко“, а товарен брод потона во Ормутскиот теснец по извршениот напад.

Хутите најавуваат нови напади врз саудиските аеродроми и нафтени постројки, додека американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста САД да им се придружат на саудиските напади против Хутите. Овие најнови настани дополнително ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на клучните нафтени постројки и поморските трговски патишта.

Оштетени се канцелариите на највисокото раководство на компанијата „Сауди Арамко“ во градот Дахран, во источниот дел на Саудиска Арабија.

Според двајца регионални претставници кои разговарале со „Асошиејтед прес“, оштетени се најгорните три ката од зградата – каде што се наоѓаат канцелариите на високите раководители на компанијата. Еден извор наведе дека била погодена и канцеларијата на извршниот директор.

Саудиското Министерство за енергетика го потврди нападот врз административната зграда на „Арамко“. Нема жртви ниту повредени лица. Извор од компанијата изјави за „Ројтерс“ дека комплексот бил погоден со балистичка ракета. Засега нема потврда дека нападот го запрел производството или извозот на нафта.

Хутите ја презедоа одговорноста за нападите и изјавија дека ќе продолжат да ги таргетираат саудиските аеродроми и нафтената инфраструктура. Хутите тврдат дека нападите се одговор на саудиските воени операции во Јемен. Тие ги означија своите цели како легитимни воени цели.

Истовремено, безбедносната ситуација се влошува во Ормутскиот Теснец, еден од најважните поморски премини за глобалната трговија со нафта.

Поморските власти на Сингапур потврдија дека два товарни брода што пловеле под сингапурско знаме биле погодени од неидентификувани проектили додека минувале низ теснецот. Контејнерскиот брод „GFS Pride“ бил погоден, при што избувнал пожар на бродот. Пловилото претрпело сериозни оштетувања и потонало. Сите 21 член на екипажот биле успешно евакуирани и не се пријавени повреди.

Вториот брод, „GFS Giselle“, бил погоден подоцна. Неговиот труп бил оштетен, но бродот успеал со сопствен погон да стигне до безбедно место за котвење. Сите 22 члена на екипажот се безбедни.

Сингапурските власти ги осудија нападите врз трговските бродови, оценувајќи ги како неоправдани и како кршење на меѓународното право.

фото/ЕПА

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава7 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт8 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт8 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет8 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт8 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет8 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет9 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт9 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...