Контакт

Свет

И новите анкети покажуваа дека се топи предноста на Клинтон поради истрагата на FBI води истрага

Објавено пред

Предноста на кандидатката за претседател на САД од Демократската партија, Хилари Клинтон, незначително се намалила откако Федералното биро за истраги кон крајот на минатата седмица објави дека повторно ја отвора истрагата во врска со нејзиното користење на приватната електронска пошта за службена коресподенција, покажува анкетата од понеделникот на Reuters/Ipsos.
 

dobivaj vesti na viber

Претходно во неделата испитувањето на јавното мнение во врска со американските претседателски избори на 8-ми ноември што заеднички го спровеле весникот The Washington Post и телевизиската мрежа ABC News, покажува дека се истопила големата предност на кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон и сега има само 1 отсто водство пред Доналд Трамп, кандидатот на Републиканската партија. „Истражувањето покажа многу тесна борба: за Клинтон – 45 отсто, за Трамп – 45 отсто“, се наведува во соопштението на медиумите.

Друга анкета направена во неделата на примерок од 3.000 испитаници, што во неделата ја спровел весникот The Los Angeles Times, покажува, пак, минимална предност на републиканскиот кандидат за Белата куќа. Според ова истражување, Трамп има поддршка од 46 отсто, а Клинтон од 44,1 отсто од избирачите.

Меѓутоа, според анкетата од понеделникот на Reuters/Ipsos, покажува дека Клинтон има предност од 5 отсто во однос на Трамп. Истражувањето било спроведено меѓу 26-ти и 30-ти октомври. Минатиот четвртокот во истата анкета поранешната државана секретарка имаше предност од 6 отсто.

И другите анкети укажуваат на пад на популарноста Клинтон преку викендот. Real Clear Politics, кој ги донесува просекот на сите поважни анкети, покажува дека предноста на Клинтон паднала од 4.6 отсто во петокот на 2.5 отсто во понеделникот.

Федералното биро за истраги (FBI) повторно ја отвори истрагата во врска со користењето на приватната електронска пошта за службена коресподенција од страна на Хилари Клинтон во периодот додека беше државна секретарка од 2009 до 2013 година. Едногодишната истрага во јули покажа дека Клинтон „извонредно невнимателно“ ја користела електронската пошта и дека најмалку 110 електронски пораки содржеле податоци кои се квалификувани како високо доверливи, но по сугестија на обвинителството и министерството за правда не е утврдено дека го прекршила законот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати

Објавено пред

Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.

ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.

Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Три сантиметри снег на Копаоник

Објавено пред

На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.

dobivaj vesti na viber

Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.

Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.

Прикажи повеќе...

Свет

Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО

Објавено пред

На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.

dobivaj vesti na viber

Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.

На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ15 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија16 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ17 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија17 часа

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија19 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија19 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија21 час

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион22 часа

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет23 часа

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија23 часа

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет23 часа

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија23 часа

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија2 дена

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија2 дена

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 дена

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет2 дена

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија2 дена

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...