Контакт

Свет

Исланд гласа за враќање на преговорите со ЕУ: „Веќе не можеме да им веруваме на САД“

Објавено пред

Исланд ќе гласа за тоа дали да ги отвори преговорите за членство во ЕУ, а одлуката доаѓа откако заканите на Трамп за преземање на Гренланд дополнително ја интензивираа дебатата за безбедноста и идниот статус на земјата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, зборуваше неколку пати претходно оваа година за преземање на Гренланд, а притоа, во неколку наврати погрешно го нарече Исланд. Ова предизвика дополнителна загриженост во земјата со околу 400.000 жители и го забрза распишувањето на референдум, пишува AP.

„Веќе не можеме навистина да им веруваме на САД. Трамп не се шегуваше за Гренланд. Тука имаше многу страв бидејќи ако го земе Гренланд со сила, веројатно ние сме следни“, рече писателката Хилдур Кнутсдотир, која ќе гласа за продолжување на преговорите со ЕУ.

Исланд веќе учествува во единствениот пазар на ЕУ преку Европската економска зона, е дел од Шенген и е членка на НАТО.

Противниците на членството тврдат дека земјата веќе ужива во поголемиот дел од придобивките од европската интеграција без да се откаже од дел од својата независност.

„Независноста на Исланд е најскапоцениот ресурс што го имаме. Способноста сами да донесувате закони и сами да одлучувате како функционираат работите е клучна“, рече Харалдур Олафсон, претседател на евроскептичната група Хајмссин.

Поддржувачите на членството тврдат спротивното – дека во еден сè понестабилен свет, останувањето надвор од ЕУ може да се претвори во закана за исландскиот суверенитет.

Преговорите престанаа во 2013 година. Исланд првпат аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, по колапсот на банкарскиот сектор за време на глобалната финансиска криза.

Преговорите беа прекинати во 2013 година по доаѓањето на владата од десниот центар, а процесот формално заврши во 2015 година.

Граѓаните сега нема директно да одлучуваат за приклучување кон ЕУ, туку само за тоа дали да се отворат преговорите за пристапување.

Доколку мнозинството гласа против, прашањето засега ќе биде затворено. Доколку мнозинството гласа за, ќе следат години преговори со Европската комисија, по што граѓаните конечно ќе одлучат за членството на нов референдум.

Владата на премиерот Криструн Фростадотир првично планираше да го одржи референдумот до следната година, но датумот беше поместен по повторените изјави на Трамп за Гренланд.

Државниот департмент на САД ги увери исландските претставници дека кога Трамп неколку пати го спомена Исланд, всушност мислеше на Гренланд.

Дополнителни реакции предизвика и новиот американски амбасадор во Рејкјавик, Вилијам Лонг, кој претходно се пошегува дека Исланд ќе стане 52-ра држава на САД, а тој ќе биде нејзин гувернер. Подоцна се извини, но илјадници Исланѓани потпишаа петиција против неговото назначување.

 

фото/ Depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт1 час

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт1 час

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион1 час

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт2 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет2 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет2 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава2 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион3 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...

Забава3 часа

Сезоната на Вагата им носи среќа на четири хороскопски знаци

Сезоната на Вагата трае до 23 октомври и носи поинаква енергија по практичниот и понапорен период на Девица. Фокусот се...