Контакт

Свет

Исланд одлучува за влез во ЕУ

Објавено пред

Исланд нема што да изгуби ако ги отвори преговорите за членство со Европската Унија, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро пред референдумот на Исланд за ова прашање.

Исланѓаните ќе одлучат на 29 август дали да го продолжат процесот на пристапување што нивната влада го суспендираше во 2015 година, шест години откако земјата аплицираше за членство предизвикан од финансиската криза, објави Euronews.

„Гласањето на 29 август не пресудува ништо. Исланд апсолутно нема што да изгуби со преговорите со Европската Унија“, рече Баро за време на посетата на Рејкјавик.

Министерката за надворешни работи на Исланд, Катрин Гунарсдотир, изјави дека поддршката на ЕУ за Гренланд, откако американскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата намера да ја преземе контролата врз данската територија, му ја покажа на Исланд вредноста на членството во Унијата.

„За нас беше важно да видиме колку решително Европската Унија интервенираше, го искористи своето влијание и застана на страната на Данска и Гренланд во ова прашање“, изјави Гунарсдотир пред новинарите.

Министерката нагласи дека Исланд, исто така, го гледа пристапувањето кон Европската Унија како зајакнување на сопствената безбедност. Таа објасни дека земјата е членка на НАТО, но нема постојана армија и се соочува со потенцијални закани од Русија.

 

фото/Depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет16 минути

Пресретнати две беспилотни летала насочени кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути, соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала...

Македонија27 минути

Серафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производители

Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и...

Свет32 минути

Речиси пет години по инвазијата врз Украина, Путин повторно бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Русија повторно бара повлекување на силите на НАТО на позициите што ги имале во 1997 година, пред проширувањето на Алијансата...

Црна хроника57 минути

Уапсен 53-годишник од Желино, се обидел да прегази шумски полицаец додека бегал со дрва

Педесет и тригодишен жител на тетовското село Желино е приведен откако, според полицијата, со автомобил натоварен со огревни дрва не...

Свет1 час

Туск иронично му порача на Орбан дека е импресиониран од неговата „креативност“ по пронаоѓањето речиси 20 милиони долари закопани во шуми и скриени во тајни сефови во Унгарија

Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други...

Свет2 часа

Гутереш: Најбогатите 10 отсто од светската популација поседуваат 75 отсто од целокупното богатство

Се зголемува поддршката за формирање меѓународен панел за нееднаквост, независно тело по примерот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кое...

Свет2 часа

Повеќе од 2.500 откажани летови во САД по повеќечасовниот прекин на авиосообраќајот

Повеќе од 2.500 летови биле откажани во САД, а неколку стотици доцнеле по повеќечасовната целосна обустава на полетувањата од американските...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски за измените во Законот за јавни набавки: Ќе се спречат намерното уривање и одолговлекување на тендерските постапки

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека со зголемувањето на прагот за директни јавни набавки од 5.000 на 10.000 евра, односно од...

Македонија2 часа

(Видео) Владата очекува да ги заврши реформите до декември, дел од законите сè уште се усогласуваат со Брисел

Владата очекува до крајот на декември да ги заврши сите реформи предвидени во Реформската агенда, а дел од клучните закони...