Контакт

Свет

Израел ги повика амбасадорите на земјите кои гласа за резолуцијата на ОН

Објавено пред

Израелското министерство за надворешни работи во неделата ги повика амбасадорите на државните челни на Советот за безбедност при Обединетите нации кои гласаа за резолуцијата која повикува на запирање на израелското населување на спорните територии на Западниот брег (од реката Јордан), соопшти портпаролот на министерството.

Сите амбасадори, освен американскиот, се повикани во министерството за надворешни работи на Божик прадо „лични состаноци“, истакна портпаролот на израелската дипломатија Емануел Нахшон.

Советот за безбедност на ОН во петокот усвои резолуција со која се осудува израелското населување на териториите коишто меѓународната заедница ги смета за палестински окупирани од Израел по војната од 1967 година и се повикува Израел да престане со таквата практика. За резолуцијата гласаа 14 држави постојани непостојани членки, а САД, кои се израелски стратешки сојузник и имаат право на вето, беа воздржани со што го овозможија всушност носењето на резолуцијата.

„Време е за избор меѓу двете алтернативи: предавање на нашите територии или на нашиот суверенитет. Се обидовме да ги предадеме териториите, не одеше. Сега е време за суверенитет“, порача министерот за образование Нафтали Бенет,.

Израелските пратеници според некои медиумски извештаи наводно планираат воведување мерки со кои ќе биде анектиран голем дел од Западниот брег. Израел треба и официјално да се откаже од идејата за самостојна палестинска држава, истакна Бенет.

Заеб Ерекат, генерален секретар на извршниот одбор на Палестинската ослободителна организација (PLO) која владее во палестинската енклава на Западниот брег, смета дека Израел треба да избере дали ќе бидат затворени или отворени за преговори.

„Ова утро ве повикувам да ја искористите можноста, да се разбудите, да го сопрете насилството, да престанете со населувањето и да продолжите со преговорите“, изјави Ерекат во неделата за Израелското радио.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху требаше во неделата подоцна да се сретне со својот украинскиот колега Володомир Гројсман, но ја откажа таа средба бидејќи Украина гласаше за носењето на резолуцијата, пренесува истото радио.

Нетанјаху во саботата вечерта се обврза дека ќе ја укине таа резолуција, а на министерството за надворешни работи му наложи да ги преиспита односите на Израел со институциите на ОН./крај/мф/сн

Европа

Папата им се обрати на верниците по пауза од шест месеци

Објавено пред

Папата Франциско денес го изрази своeто одушевување пред верниците затоа што првпат излезе во јавноста по пауза од шест месеци.

Утрово, во дворот на Сан Дамасо, 84-годишниот папа им рече на верниците дека е среќен што се гледаат повторно лице в лице, пренесува „Анса“.

Почитувајќи ја социјалната оддалеченост и проверувајќи ја температурата на влезот, публиката со одушевување го следеше обраќањето на папата посветено на темата молитва.

„Многупати молитвата е борба“, рече папата Франциско, кој е вакциниран против коронавирус.

За време на најтешката криза предизвикана од коронавирусот, кога Италија забележа повеќе од 40.000 новозаразени, папата ја извршуваше неделната служба преку видеоврска од библиотеката во Ватикан.

Прикажи повеќе...

Европа

Нови правила за влез во Германија, се укинува карантинот за вакцинираните

Објавено пред

Германската влада денес ги смени правилата за влез во земјата – вакцинираните или оние што прележале Ковид-19 нема да мора да бидат тестирани или да одат во карантин, освен ако не доаѓаат од области со висок ризик, каде што преовладуваат разни видови на вирусот.

Според одлуката на владата, невакцинираните лица ќе може да го напуштат карантинот ако тестот покаже дека тие се негативни на коронавирус.

Воведени се нови правила за олеснување на патувањето во текот на летото, особено за семејствата во кои родителите биле вакцинирани, а децата не.

Правилата важат само за оние што примиле вакцини одобрени во Европската Унија.

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, изјави дека очекува државата да почне со издавање дигитални сертификати за имунитет до крајот на јуни.

Прикажи повеќе...

Регион

Од денес граѓаните на Србија може да добијат ковид-пасош

Објавено пред

Од денес граѓаните на Србија имаат пристап до т.н. ковид-пасош, односно дигитален зелен сертификат – потврда за вакцинација против коронавирусот и резултатите од разни тестови на Ковид-19, објави денеска директорот на Српската национална канцеларија за ИТ-администрација, Михајло Јовановиќ.

Дигиталниот зелен сертификат е консолидиран сертификат кој докажува дека граѓаните биле вакцинирани против коронавирус или имаат резултати од тест на Ковид-19.

„Сертификатот е квалификуван сертификат со електронски печат и не може да биде фалсификуван или злоупотребен“, рече Јанковиќ.

Покрај личните податоци (име, презиме, единствен матичен број, пол и број на пасош), дигиталниот зелен сертификат содржи и податоци за вакцинацијата, бројот на примени дози и датумите на вакцинација, како и резултати од ПЦР, антиген и серолошки тест.

Постапката за преземање на овој електронски документ подразбира дека граѓаните се претходно регистрирани на порталот „е-Влада“, каде што, по проверка на личните податоци, ја оставаат својата е-адреса, на која системот по неколку минути испраќа сертификат.

Со читање на QR-кодот на дигиталниот зелен сертификат, достапни се статуси за вакцинација во две дози.

Другите два статуса се поврзани со резултатите од ПЦР и антиген-тест доколку се направени во последните 72 часа и се негативни.

Резултатот за серолошкиот тест значи дека тоа е направено во последните шест месеци за луѓе што не примиле вакцина или два месеци за вакцинирани доколку т.н. нивниот IgG-параметар е позитивен, објасни српската влада.

До вторник, 11 мај, во Србија им се дадени 3.850.413 дози од една од четирите достапни вакцини (на „Фајзер/Бионтек“, „спутник В“, на „Астра зенека“ и на „Синофарм“), а најмалку 1,67 милион граѓани примиле две дози вакцина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Нови 150 заболени и 16 починати од коронавирус во земјава

Во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 62,...

Македонија1 час

(Видео) Пристигна унгарската донација од 6.000 дози вакцини, ќе бидат наменети за граничната полиција

Министрите за внатрешни и надворешни работи Оливер Спасовски и Бујар Османи денеска на скопскиот аеродром ја пречекаа делегацијата предводена од...

Македонија2 часа

Груевски, Камчев и Мијалков обвинети за „Плацовите на Водно“, се бара продолжување на притворот за Камчев

Обвинителството бара експремиерот Никола Груевски, заедно со неговиот кум Ристо Новачевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, неговата...

Македонија2 часа

Хоџа: Погрешни се тезите дека ќе може сѐ и сешто да се легализира

Од Владата оценуваат дека по вчерашното усвојување на законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти во законодавниот...

Свет3 часа

Погребана младата наставничка од Казањ, која со своето тело заштити дете од разулавениот убиец

Роднините, пријателите и учениците денеска ја испратија на вечно почивање Елвира Игнатиева (26), наставничка по англиски јазик, која загина во...

Македонија5 часа

Царовска: Жално е што нашите ученици не се подготвени за предизвиците што ги носи новото време

Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека реформите што треба да се спроведат во образованито не се избрзани, туку дури...

Свет6 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија7 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа7 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа8 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет9 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет9 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија21 час

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија1 ден

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија1 ден

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија1 ден

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија1 ден

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија1 ден

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Досие