Свет
Израел се согласи на двонеделен прекин на огнот со Иран
Израел се согласи на двонеделен прекин на огнот објавен од претседателот Доналд Трамп, само час и половина пред рокот поставен на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец. Во спротивно, на Иран му се заканува ескалација на воените напади врз цивилната инфраструктура, потврди за CNN висок функционер на Белата куќа.
Израел, исто така, се согласи да ја прекине својата кампања за бомбардирање додека траат преговорите, рече функционерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров: Москва отворена за нови преговори со Киев
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија позитивно гледа на можноста за продолжување на преговорите со Украина во Истанбул.
„На можноста за продолжување на преговорите во Истанбул гледаме позитивно“, изјави Лавров, одговарајќи на прашање на агенцијата Анадолија за време на 5. дипломатски форум во Анталија, во врска со изгледите за продолжување на мировните преговори и улогата на Турција како посредник.
Лавров нагласи дека продолжувањето на преговорите во моментов не е „приоритет број еден“ за Москва, додавајќи дека руската страна никогаш не ги наметнувала преговорите.
„Секогаш сме тргнувале од тоа дека ќе бидеме подготвени ако другата страна е волна, и тоа и покрај многу лошите искуства со украинските колеги со кои преговаравме“, рече тој.
Свет
Индија: Два брода под наше знаме нападнати при обид да преминат низ Ормускиот теснец
Два брода под индиско знаме, кои превезувале нафта, биле нападнати при обид да поминат низ Ормускиот теснец, соопшти индиското МНР.
Иран испратил порака дека преминот не е дозволен, а според извори од поморската индустрија, кон бродовите бил отворено оган. Инцидентите се случиле меѓу островите Кешм и Ларк, по што пловилата се повлекле.
Британската агенција за поморска безбедност потврдила дека танкер бил нападнат од две пловила на иранската Револуционерна гарда, но екипажот е безбеден.
Техеран во меѓувреме објави дека повторно го затвора Ормускиот теснец, повикувајќи се на американската блокада, а преку радио порака им било наложено на сите бродови да не влегуваат.
Доналд Трамп изјави дека САД нема да дозволат притисок од Иран, но потврди дека разговорите меѓу двете страни продолжуваат.
Свет
Иран бара такси за бродовите во Ормускиот теснец по повторното затворање
Иранските власти повторно порачаа дека бродовите ќе мора да плаќаат такси за поминување низ Ормуски теснец, откако клучниот поморски правец повторно беше затворен.
Во соопштение на Врховниот совет за национална безбедност, пренесе Ројтерс, се наведува дека Иран ќе продолжи со надзор и контрола на сообраќајот „додека војната не заврши и не се постигне траен мир во регионот“.
Според информациите, мерките ќе вклучуваат собирање податоци за бродовите, издавање дозволи за пловидба и наплата на трошоци поврзани со безбедноста и заштитата на животната средина.
Во состав на Советот се, меѓу другите, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, воениот врв и министерот за надворешни работи Абас Аракчи.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно ја отфрли можноста бродовите да плаќаат такси за поминување низ теснецот.
Иран утрово соопшти дека повторно го затворил теснецот, наведувајќи дека САД не ги исполниле обврските од договорот за двонеделен прекин на огнот.
