Контакт

Свет

(Видео) Кај американски шпион пронајдени 298 златни прачки; призна измама тешка 200 милиони долари

Објавено пред

Поранешниот службеник на ЦИА, уапсен откако властите пронашле стотици златни прачки во неговиот дом, призна дека извршил измама тешка 200 милиони долари на штета на американската влада, вклучувајќи лажни договори и недвижнини.

Според спогодбата за признавање вина, Дејвид Раш (49) мора да ѝ исплати отштета на владата и да се откаже од луксузни имоти, автомобили, часовници и други средства поврзани со неговите кривични дела, пренесува Би-би-си.

Раш исто така призна дека открил доверливи информации на странска влада – чин што можел да предизвика „тешка штета“ по националната безбедност.

„Обвинетиот ќе признае вина бидејќи всушност е виновен за делото за кое е обвинет“, наведоа обвинителите во судскиот поднесок во кој се изложени деталите од спогодбата.

Раш првично беше обвинет за кражба на јавни средства, но сега се изјасни за виновен за измама преку електронска комуникација. Во моментот на неговото апсење, при претресот на неговиот дом биле пронајдени 298 златни прачки што ги добил за „трошоци поврзани со работата“.

Директорот на ЦИА: Ја злоупотреби својата позиција и ја изневери јавната доверба
Судските документи поврзани со спогодбата откриваат нови детали за случајот, вклучително и тоа дека Раш му открил на странски функционер постоење и опис на „таен човечки извор“.

„Откривањето на такви информации може да ги загрози безбедноста и животот на човечкиот извор и на службениците на американската влада кои соработуваат со тој извор, како и способноста на американската влада да регрутира човечки извори кои се потпираат на нејзините уверувања за целосна тајност“, наведоа обвинителите во поднесокот.

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, изјави дека Раш „ја злоупотребил својата позиција и ја изневерил јавната доверба, поради што треба да сноси целосна одговорност за своите постапки“. Истражителите на ФБИ наведоа дека, во периодот меѓу ноември 2025 и март 2026 година, Раш постојано бараl „големи суми странска валута и десетици милиони долари во златни прачки за трошоци поврзани со работата“.

„Раш измислил програма со највисок степен на тајност за да го оправда купувањето луксузни недвижнини во Јужна Флорида, кои потоа имал намера да ги препродаде за лична добивка“, се наведува во судскиот документ во кој е опишана спогодбата.

Најново

Забава15 минути

(Фото) Имаат над 50 години, а сепак изгледаат како да се во своите дваесетти: Овие славни дами му пркосат на времето

Без разлика дали станува збор за добра генетика, дисциплина или специфични ритуали за нега на себе, овие познати жени пронашле...

Европа24 минути

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион35 минути

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...

Свет48 минути

Шефицата на Европската централна банка си заминува: два кандидати во трка за нејзин наследник

Шпанецот Пабло Ернандес де Кос и Холанѓанецот Клас Нот се двајцата кандидати за позицијата нов претседател на Европската централна банка...

Забава1 час

Финансиска пресвртница: Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат таков прилив на пари, што ќе ги решат сите свои проблеми

За три хороскопски знаци доаѓа крај на сиромаштијата, што се совпаѓа со Младата месечина во знакот на Шкорпија. Зголемувања на...

Забава1 час

(Фото/Видео) „Најсекси пензионерката“ има тело од соништата: Позираше во минијатурно бикини во петтата деценија

Алесандра Амбросио повторно престојува на Бали – истото место каде што Бак Палмер неодамна ја побара за жена. Промената на...

Забава1 час

(Фото/Видео) Контроверзната манекенка ги „заборави“ панталоните

Кара Делевињ претвори еден преголем црн блејзер со масивна, скулптурална јака во вистински моден спектакл – нешто што само таа...

Култура2 часа

Викендов на СФФ2026: Фокус на слободата на говорот, европски краткометражни филмови, психолошки драми и регионални соработки

Скопје Филм Фестивал 2026 носи богат и возбудлив филмски викенд. Во сабота, гледачите може да очекуваат филмска агенда фокусирана врз...

Култура2 часа

Амбасадата на Грција го најавува концертот на Maria Kostraki – Mosaico Mediterraneo

Амбасадата на Грција во Скопје со задоволство го најавува концертот на ансамблот Maria Kostraki – Mosaico Mediterraneo, којшто ќе се...