Контакт

Свет

Калас е хистерична затоа што САД не ѝ даваат на Украина 400 милиони долари, вели Хистофору

Објавено пред

Изјавите на високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, за Русија како егзистенцијална закана за Европа се резултат на разочарувањето на Брисел од одлуката на Вашингтон да го одложи доделувањето на 400 милиони долари воена помош за Украина, оцени кипарскиот новинар и политички коментатор Алекс Христофору.

Христофору, зборувајќи на својот Јутјуб канал, изјави дека Калас, откако станало сигурно дека средствата доделени од Конгресот за Киев ќе останат во американскиот буџет, се обидува да го поттикне продолжувањето на западната воена поддршка за Украина со повторени предупредувања за опасноста од Русија.

„Откако 400 милиони остануваат во американскиот буџет наместо да одат во Украина, сè што може да направи е да кука поради руската закана. Можеби ќе добие нешто од тоа“, рече Христофору.

Тој оцени дека Калас не го зема предвид фактот дека вниманието и воените ресурси на Соединетите Американски Држави се во голема мера насочени кон конфликтот со Иран, поради што украинското прашање повеќе нема ист приоритет во политиката на Вашингтон.

Американскиот демократски сенатор Дик Дарбин изјави дека администрацијата го информирала Конгресот дека 400-те милиони долари претходно одобрени во рамките на Иницијативата за безбедносна помош за Украина нема да бидат достапни во блиска иднина.

Според него, планот предвидува можност тие пари да се трошат само во фискалната 2029 година, кога нивната судбина ќе ја одлучи следната американска администрација. Белата куќа официјално не коментираше за конечната судбина на пакетот, додека државниот секретар Марко Рубио претходно изјави дека прашањето за помошта е сè уште во процес на меѓуресорско разгледување.

Калас постојано оценува дека Русија претставува долгорочна и егзистенцијална закана за европската безбедност, велејќи дека Европската унија ќе продолжи да ја поддржува Украина, да врши притисок врз Москва и да ги зајакнува сопствените одбранбени капацитети, пренесуваат медиумите.

Најново

Спорт1 час

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт2 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион2 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт2 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет2 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет2 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава2 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион3 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...

Забава3 часа

Сезоната на Вагата им носи среќа на четири хороскопски знаци

Сезоната на Вагата трае до 23 октомври и носи поинаква енергија по практичниот и понапорен период на Девица. Фокусот се...