Контакт

Свет

Карни им порача на САД: Канада ќе остане ваш најважен партнер

Објавено пред

Канадскиот премиер Марк Карни им порача на Соединетите Држави дека Канада останува клучен партнер, и покрај тековниот трговски спор што сериозно ги затегна односите меѓу Отава и Вашингтон. Тој ја упати оваа порака на дводневниот самит за инвестиции во Торонто, организиран во време кога Канада настојува да ја диверзифицира својата економија и да привлече нови инвестиции, пренесува „Еуроњуз“.

„Сакам да им кажам на нашите американски пријатели: секогаш ќе бидеме соседи, а Канада ќе продолжи да биде најважниот партнер на САД во многу клучни области“, изјави Карни на самитот во вторникот. „Дури и во времиња на несогласувања низ нашата долга заедничка историја, секогаш сме одржувале блиски врски.“

Тој исто така вети дека Канада ќе биде „уште подобар партнер“ штом условите во иднина го дозволат тоа. „Ќе бидеме посилни, поотпорни, понезависни и подготвени да ги унапредиме нашите заеднички економски и безбедносни интереси“, изјави тој.

Самит насочен кон привлекување капитал

Дводневниот самит за инвестиции – најавен како прв настан од ваков вид во Канада – собра глобални инвеститори, канадски деловни лидери и претставници на јавниот сектор. Преку овој настан, Отава има за цел да го прошири кругот на партнери и да обезбеди свеж капитал. Владата наведува дека целта е да се привлечат инвестиции во вредност од еден трилион канадски долари во текот на следните пет години.

Нови инвестициски заложби од 500 милијарди долари

Во соопштението објавено од канцеларијата на Карни подоцна во вторникот се наведува дека самитот резултирал со нови инвестициски заложби во вкупна вредност од речиси 500 милијарди канадски долари. Таа сума вклучува речиси 100 милијарди долари нов капитал во канадски имот, 325 милијарди долари ново финансирање за канадски компании и инфраструктура, како и повеќе од 14 милијарди долари за деловен раст и стратешки сектори.

Позадина на трговскиот спор

Собирот се одржува во контекст на растечкиот трговски спор меѓу САД и Канада, кој ескалираше минатиот месец. Тогаш пропаднаа преговорите за договор со кој би се избегнале високите царини за одредени канадски производи.

Откако преговорите пропаднаа, на крајот на август стапија на сила американските царини од 50 проценти на канадски производи во вредност од околу 28 милијарди долари. Отава возврати со воведување контра-царини од 15, 25 или 50 проценти на американски увоз во вредност од приближно 27,6 милијарди долари.

Најново

Свет8 минути

„Покривот на Европа“ изгуби повеќе од еден метар во висина за една година

Највисокиот врв во Европа изгубил повеќе од еден метар во висина во текот на изминатата година. Мон Блан во Франција...

Спорт53 минути

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите. Феенорд на домашен терен...

Свет57 минути

Си-ен-ен: Новата портпаролка на Трамп лажно се претставува како адвокат, тоа е казниво

Работата на портпаролот е да ги обликува вестите, а не да стане вест. Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија,...

Македонија1 час

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот...

Спорт1 час

Винисиус ќе го пропушти Ел Класико

Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со...

Македонија1 час

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет...

Свет2 часа

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се чувствува предаден од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Русија....

Свет2 часа

Мерц: Ниту едно евро за помошта за Украина не се зема од нашите граѓани

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Бундестагот изјави дека помошта за Украина не оди на сметка на германските граѓани и...

Свет3 часа

Ватикан објави информации за здравствената состојба на Папата

Папата Лав XIV закрепнува според очекувањата по операцијата, тој веќе почна да се движи низ болничката соба и да се...