Свет
Кина првпат за јавноста го претстави својот „невидлив“ ловец J-20.ВИДЕО
Кина во вторникот првпат за јавноста го претстави својот ткн „невидлив“ ловец „Chengdu J-20“ на аеромитинг во рамките на презентацијата на произведувачите на воздухоплови.
Два авиона од типот „Chengdu J-20“ надлетуваа 60 секунди функционери и стотици гледачи кои се собраа на аеромитингот Chengdu Aircraft Industry Corporation во градот Чжухаи, во покраината Гуангдонг, според снимката што ја емитуваше China News Service.
Авионот се прави целосно во кинеска продукција, а првиот пробен лет беше изведен во 2011 година.
Станува збор за новата генерација на борбени авиони „Chengdu J-20“ за која Пекинг се надеваат дека на воен план ќе им се приближат на САД. Овие авиони се сметаат во светото како симбол на настојувањата на кина да ги модернизира и подобри своите воени способности.
Западните воени аналитичари сметаат дека кина се уште нема доволно развиена технологија за да ни конкурира на западните борбени авиони, но повеќето од нив очекуваат дека во 2017 година ќе има подготвена своја единици на ткн „невидливи“ борбени авиони./крај/мф/сн
Се вчитува прикажувачот на видео…
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.