Контакт

Свет

Кубанскиот претседател му одговори на Трамп најавувајќи силен отпор

Објавено пред

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел остро одговори на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за можно преземање на Куба, најавувајќи „нескршлив отпор“.

Во понеделникот, Трамп им рече на новинарите дека мисли дека ќе има „чест да ја преземе Куба“. „Верувам дека ќе имам чест да ја преземам Куба. Тоа би било добро. Тоа е голема чест“, рече тој за време на потпишувањето на извршната наредба во Белата куќа.

Во вторник, Дијаз-Канел рече дека САД ќе се соочат со „непопустлив отпор“ ако се обидат да ја преземат земјата. Во објава на Икс, Дијаз-Канел рече дека САД јавно ѝ се закануваат на Куба, речиси секојдневно, дека ќе го соборат уставниот поредок со сила. „Ова е единствениот начин да се објасни жестоката економска војна што се води како колективна казна против целата нација“, рече тој.

Со недели, Трамп повторува дека Куба е на работ на колапс. Под Трамп, Вашингтон го зголеми економскиот притисок врз Куба, со цел да го прекине протокот на странска валута и нафта кон карипскиот остров. Притисокот се зголеми откако американските власти спроведоа операција во јануари во која венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше уапсен во главниот град Каракас и однесен во САД.

Овој потег ја остави Хавана без еден од нејзините најважни сојузници, кој долго време го поддржуваше островот, особено преку снабдување со нафта, во услови на децениското американско трговско ембарго кон Куба, анализираат медиумите.

Куба моментално е во една од најтешките економски кризи од револуцијата предводена од Фидел Кастро во 1959 година.

Најново

Свет17 минути

Зеленски: Путин сака преку „хуманитарна мисија“ да ја преземе контролата врз Костјантинивка и да напредува кон Краматорск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека предлогот за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка, на...

Црна хроника34 минути

Пронајдени пиштол и ловечка муниција при претрес во валандовско, уапсен 43-годишник

Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени при претрес во дом во селото Казандол, валандовско, а 43-годишниот сопственик бил лишен од...

Свет50 минути

(Видео) Илјадници Португалци на протести во 32 града поради станбената криза, бараат контрола на кириите и заштита од иселување

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во 32 града низ Португалија, барајќи од владата итни мерки за справување со сè...

Свет59 минути

Трамп, Путин и Си Џинпинг следната недела на историска трилатерална средба во Кина – ќе разговараат за нуклеарното оружје

Трамп, Путин и Си Џинпинг планираат историска трилатерална средба следната недела во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска...

Македонија1 час

Меџити во Историската чаршија во Бурса: Размената на искуства со еснафите во функција на ревитализацијата на Старата скопска чаршија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, ја посети Историската чаршија во Бурса, каде...

Македонија1 час

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата, велат од СДСМ. „Кога ги откривме...

Црна хроника2 часа

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по пријава дека агресивно се однесувал кон 43-годишна жена со која бил во врска,...

Спорт2 часа

(Видео) Евроголовите на Винисиус се мала утеха, Јапонија го шокираше Бразил

Јапонската фудбалска репрезентација го победи Бразил со 3:2 во уште еден пријателски натпревар меѓу двата тима. Ова е втора победа...

Спорт2 часа

Фенербахче подготвиле 10 милиони за Чалханоглу

По Ромелу Лукаку и Мејсон Гринвуд, Фенербахче ќе се обиде да го обезбеди потписот на Хакан Чалханолу, кој не сака...