Контакт

Свет

Лавров: Борбата за водечки позиции во новиот свет е борба на живот и смрт

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес изјави дека борбата за водечки позиции во новиот свет е борба на живот и смрт.

„Борбата за лидерство во новиот свет е исклучително сериозна – борба на живот и смрт. Тоа го гледаме речиси секој ден“, рече Лавров на Генералното собрание на Рускиот совет за меѓународни работи, пренесува Спутник.

Некои земји едноставно ја изгубија секоја мерка, додаде Лавров.

„Тие отворено зборуваат за своите права на оваа или онаа територија“, истакна Лавров и додаде дека не само Русија и Кина, туку и другите земји од ШОС и БРИКС стануваат мета на оние кои се навикнати да живеат на туѓа сметка.

Тој рече дека Русија е подготвена да дејствува како посредник и да обезбеди друга помош во решавањето на кризата во Персискиот Залив преку дипломатски средства.

„Веруваме дека употребата на воена сила против цивили и цивилна инфраструктура, без разлика дали во Иран или во земјите од Советот за соработка во Персискиот Залив, кои исто така страдаат од сериозни и негативни последици од оваа ситуација, е неприфатлива“, рече рускиот дипломат, пренесува Танјуг.

Лавров истакна дека постојат знаци дека кризата во Персискиот Залив ескалира во конфликт од поголем обем.

„Она што го гледаме (во Персискиот Залив) сега покажува знаци на ескалација во конфликт од сè поголеми размери, што некои веќе го нарекоа „нова светска војна““, рече тој.

Рускиот министер за надворешни работи изјави дека Соединетите Американски Држави и Израел се обидуваат да ги поттикнат арапските држави од Персискиот Залив против Иран.

„САД и Израел се обидуваат да спречат нормализација на односите меѓу Иран и неговите соседи, па дури и да ги спротивстават членовите на Советот за соработка во Персискиот Залив на Исламската Република“, рече Лавров.

Тој нагласи дека Западот влегол во „клинч“ со мнозинството земји во светот по прашања за надминување на постојните предизвици врз основа на еднаквост и правда.

„И навистина, се создава ситуација во која Западот, со своите незаситни хегемонистички амбиции, влезе, како што велат, во судир со желбата на глобалното мнозинство да ги надмине постојните предизвици врз основа на еднаквост, правда или, со други зборови, врз основа на принципите на Повелбата на ОН договорени по Втората светска војна“, рече Лавров.

Тој рече дека Русија ја остава вратата отворена за преговори со Западот, но дека мора да ги остави настрана каприците и да гради заемно корисни односи.

Најново

Свет7 минути

Писториус: Германија ќе ја снабди Украина со пресретнувачки ракети

Германија ќе ја снабди Украина со итно потребни пресретнувачки ракети PAC-2 за системите „Патриот“ од залихите на Бундесверот, изјави денес...

Црна хроника42 минути

Пијан охриѓанец возел електричен тротинет, паднал и завршил со тешки повреди

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи  електричен...

Свет1 час

Путин и Трамп разговарале по телефон за прекин на војната во Украина и плановите на Москва за Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин денес разговараа по телефон, а разговорот беше „конструктивен“ и траеше...

Македонија2 часа

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под...

Забава2 часа

Памела Андерсон се присети на минатото: „Докторот ми рече дека имам најмногу 10 години живот“

На глумицата Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на 1990-тите. Во тоа време, немаше лек за состојбата,...

Македонија2 часа

Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“, велат од СДСМ

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува...

Забава2 часа

Зошто сливите треба почесто да бидат на вашето мени

Сливите не се само вкусно и сочно овошје, туку можат да имаат и голем број здравствени придобивки. Тие се богати...

Македонија3 часа

Утре, сончево и топло, попладне со услови за дожд, ветер и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за...

Црна хроника3 часа

Пијан кавадарчанец ја вознемирувал поранешната сопруга

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во текот на вчерашниот ден во 15:20 часот го лишија од слобода Л.А.(52) од Кавадарци....