Контакт

Европа

Лавров: Нема повторно да наседнеме; Зеленски не заслужи оддишка

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува прекин на непријателствата и оти Русија нема да наседне на неговите ветувања. Тој го изјави ова на прес-конференција по разговорите со либанскиот министер за надворешни работи и за прашања на иселениците, Јусеф Раџи.

„Не сметам дека тој заслужува прекин. Не верувам дека повторно ќе наседнеме на гаранции и ветувања. Претседателот Владимир Путин јасно го стави тоа до знаење. Ние продолжуваме да ги остваруваме целите на специјалната воена операција“, рече Лавров.

„Нашите цели им се добро познати на сите. Никогаш не сме ги менувале, за разлика од Зеленски и неговите европски господари, кои постојано го менуваат правецот и ги менуваат ставовите. Затоа, немаме потреба да се правдаме пред никого“, додаде тој.

Зеленски бара 60-дневно примирје за избори
Зеленски вчера изјави дека 60-дневно примирје би ѝ овозможило на неговата земја да одржи претседателски избори, по забелешката на американскиот претседател Доналд Трамп дека е „време Украина да добие нов претседател“.

Зеленски истакна дека одржувањето избори во овој момент е „целосно невозможно“ од безбедносни причини, бидејќи нападите се случуваат „дење и ноќе“. Тој повика на „целосен прекин на огнот“.

Според Лавров, реакцијата на Зеленски покажува само едно: „Тој сака да ги искористи сите зборови, сите иницијативи и сите идеи што се појавуваат во јавноста за да ги унапреди сопствените интереси и да обезбеди оддишка по секоја цена“.

„Постои само една цел, и таа е многу едноставна: да се добие време и да се обезбеди оддишка. Тој рече дека е дури и подготвен да одржи претседателски избори доколку му се дадат два месеца за прегрупирање. Во тој период, Европа би можела да го снабди со ново оружје за да ја продолжи терористичката војна против рускиот народ“, заклучи Лавров.

Најново

Забава11 минути

Финансиска пресвртница: Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат таков прилив на пари, што ќе ги решат сите свои проблеми

За три хороскопски знаци доаѓа крај на сиромаштијата, што се совпаѓа со Младата месечина во знакот на Шкорпија. Зголемувања на...

Забава26 минути

(Фото/Видео) „Најсекси пензионерката“ има тело од соништата: Позираше во минијатурно бикини во петтата деценија

Алесандра Амбросио повторно престојува на Бали – истото место каде што Бак Палмер неодамна ја побара за жена. Промената на...

Забава35 минути

(Фото/Видео) Контроверзната манекенка ги „заборави“ панталоните

Кара Делевињ претвори еден преголем црн блејзер со масивна, скулптурална јака во вистински моден спектакл – нешто што само таа...

Култура51 минута

Викендов на СФФ2026: Фокус на слободата на говорот, европски краткометражни филмови, психолошки драми и регионални соработки

Скопје Филм Фестивал 2026 носи богат и возбудлив филмски викенд. Во сабота, гледачите може да очекуваат филмска агенда фокусирана врз...

Култура53 минути

Амбасадата на Грција го најавува концертот на Maria Kostraki – Mosaico Mediterraneo

Амбасадата на Грција во Скопје со задоволство го најавува концертот на ансамблот Maria Kostraki – Mosaico Mediterraneo, којшто ќе се...

Економија59 минути

Народната банка организира превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а...

Забава1 час

(Фото) Во друштво на убавица помлада од него 44 години: Мик Џегер не крие дека е лудо вљубен

Мик Џегер и Мелани Хамрик ретко се појавуваат во јавноста, а кога и да го сторат тоа, разликата во нивните...

Забава1 час

Хелен Мирен изгледа совршено на 81 година: Сè благодарение на 12-минутен тренинг

Хелен Мирен откри дека се откажала од својот „напорен“ 12-минутен тренинг во воен стил, во корист на порелаксирани сесии по...

Топ2 часа

Уапсен гостиварец: ја принудувал својата 80-годишна мајка на питачење, поднесена кривична за „трговија со луѓе“

Денеска, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за...