Свет
Mосква во февруари ќе побара ЕУ да ја одобри руската вакцина

Русија следниот месец ќе поднесе официјална апликација за да добие одобрение од Европската Унија за вакцината „спутник 5“, објави Кирил Дмитриев, шеф на рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој е покровител за оваа вакцина против коронавирусот.
Сумираните резултати за ефектот на вакцината ќе бидат објавени набргу и ќе ја покажат нејзината висока ефикасност, изјави Дмитриев за „Ројтерс“.
Според него, „спутник 5“ ќе се произведува во седум земји. Регулаторните агенции на девет земји се очекува да ја одобрат руската вакцина за употреба во текот на месецот.
Вакцината е веќе одобрена во Аргентина, Белорусија, Србија и во уште неколку други земји. Русија, која е четврта земја во светот според бројот на заразени, планира да почне со масовна вакцинација следната недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални и се закани дека ќе ги тужи другите заради повикување преку интернет да се приклучат на нелегалните протести со кои се бара негово ослободување.
Домашните сојузници на Навални изјавија дека полицијата дошла во домовите на активистите, вклучувајќи ја и неговата портпаролка Кира Јармиш, за да ги предупреди пред планираниот протест, пренесува „Ројтерс“.
Владлен Лос, белоруски адвокат на групата на Навални, рече дека бил приведен и му било кажано да ја напушти земјата до понеделник и му е забрането повторно да влегува до ноември 2023 година.
Полицијата го уапси и сојузникот на Навални, Љубов Собол, изјави нејзиниот адвокат. Таа ги повика луѓето да учествуваат во протестот, иако не беше јасна причината за нејзиниот притвор.
Властите соопштија дека планираните митинзи се незаконски и дека луѓето што упатуваат такви повици ќе одговараат.
Надзорното тело за комуникации, Роскомнадзор, навести дека ќе ги казни платформите на социјалните мрежи за нелегална содржина што ги охрабрува малолетниците да учествуваат во нелегални протести.
Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин, беше приведен за време на викендот, а подоцна беше затворен за наводни повреди на условна слобода откако слета во Русија за прв пат по лекувањето во Германија од наводно труење со нервниот отров новичок.
Тој го обвинува Путин дека го наредил неговото убиство, што Кремљ го негира. Неговите приврзаници повикаа на протести низ целата земја во саботата, со надеж дека ќе извршат притисок врз Кремљ да го ослободи пред парламентарните избори во септември.
Европа
ЕУ воведува темно црвени зони на епидемиолошката карта на Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најави воведување на нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темно црвена зона од која пред да заминат патниците ќе треба да се тестираат, а по доаѓањето на определена дестинација, ќе мора да заминат во карантин.
„Темно црвената боја ќе означува области каде циркулацијата на вирусот е на исклучително високо ниво“, рече таа по Самитот на лидерите на ЕУ, кој беше посветен на координирање на мерките за борба против пандемијата на коронавирусите.
Обележувањето на епидемиолошките зони не зависи од националните граници. Фон дер Лајен го наведува како пример случајот ако во една земја-членка во пограничната област се затворат граиците, а во соседната област останат отворени иако е иста епидемиолошка состојба. „Во тој случај, сите од првата земја ќе одат на пазарување во втората и со тоа ќе придонесат за ширење на вирусот“, вели таа.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел рече дека лидерите на земјите-членки се согласуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за ограничување на патувањата, коишто не се неопходни.
„Убедени сме дека, кога станува збор за патувања коишто не се неопходни, треба да се земат предвид ограничувањата“, рече Мишел, додавајќи дека границите мора да останат отворени за нормално функционирање на единствениот пазар.
И Мишел и фон дер Лајен укажуваат на опасноста од мутација на вирусот, нови видови што се многу заразни. Затоа, постои договор за зголемување на секвенционирањето на геномот на Ковид-19 со цел навремено откривање на мутации на вирусот. Лидерите разговараа и за сертификатите за вакцинација. Мишел рече дека има договор за стандардизирани сертификати за медицински цели, но дека е рано да се зборува за нивната втора намена.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис предложи овие сертификати да служат како пасоши за заживување на туризмот.Мишел посочува дека е рано за тоа се додека не се вакцинира доволно голем број луѓе, бидејќи во спротивно би имало дискриминација на лица кои немале ниту можност да се вакцинираат.
Свет
Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарно оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија, потврди Белата куќа.
„На претседателот му беше одамна јасно дека новиот договор СТАРТ е во интерес на националната безбедност на САД. И ова продолжување има уште поголема смисла кога односите со Русија се ривалски како што се во моментот“, рече портпаролот на Белата куќа Џен Псаки на брифингот.
Таа исто така рече дека Бајден и дал задачата на американската разузнавачка служба за целосна проценка за хакирањето на Solar Winds, за мешањето на Русија во изборите во 2020 година, руската употреба на хемиско оружје против опозицискиот лидер Алексеј Навални и наводното плаќање на нападите врз американските трупи во Авганистан.
„Дури и кога работиме со Русија за унапредување на американските интереси, во исто време работиме на тоа да ја повикаме Русија на одговорност за нејзините непромислени и контрадикторни постапки“, рече Псаки.
Договорот за контрола на оружјето, кој треба да истече на 5 февруари, ги ограничува САД и Русија да поседуваат максимум 1.550 распоредени стратешки боеви глави.Исто така, се ограничува поседувањето на распоредени ракети и авиони што можат да ги носат. Доколку договорот не биде продолжен, сите ограничувања за распоредување на американски и руски стратешки нуклеарни боеви глави и системите што ги носат ќе престанат, што потенцијално ќе предизвика нова трка со вооружување, предупредуваат експертите за политика.
Кремљ во средата рече дека останува наклонет да го продолжи билатералниот договор и ќе ги поздрави напорите за постигнување договор што го вети администрацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот