Свет
Mилијарди евра испратени во Турција за мигрантите се несоодветно употебени
Ревизорскиот суд на Европската Унија го критикува неефикасното користење милијарди евра испратени во Турција за барателите на азил велејќи дека речиси половина од предложените проекти не ги постигнале очекуваните резултати, пренесува „Брејтбарт“.
Како дел од мигрантскиот пакт на ЕУ со Турција потпишан во март 2016 година, Турција доби шест милијарди евра за барателите на азил и за финансирање хуманитарни проекти.
Ревизорскиот суд тврди дека неколку од планираните проекти, особено за безбедноста и за образованието, не се ни блиску до стандардот на кој се надевале и дека дадените пари не се искористени соодветно, објави „Кронен цајтунг“.
„Судот утврди дека приоритетите во локалната инфраструктура и социоекономската поддршка не биле доволно исполнети“, се вели во извештајот и се додава дека Европската комисија одговорна за проектот не работела доволно со турските колеги на ова прашање.
Во извештајот исто така се критикува недостигот од напредок во внесувањето на сириските бегалци на турскиот пазар на трудот. Според извештајот од 2016 година, некои Сиријци биле принудени да работат во сивата економија во Турција како виртуелна работна сила работејќи 12 часа шест дена во неделата за помалку од минималната плата.
Досега три милијарди од вкупно шест милијарди евра се потрошени за проекти наменети за помош на Турција откако земјата презеде околу 3,6 милиони Сиријци за време на миграциската криза.
Наодите од Ревизорскиот суд доаѓаат еден месец откако извештајот објавен од Атлантскиот совет ја повика Турција да спроведе реформи тврдејќи дека само 25.000 од 1,5 милион Сиријци, кои имаат право на дозвола за работа добиле, таква дозвола.
Мигрантскиот договор ЕУ-Турција беше под закана неколкупати во изминатите две години поради заканите од турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој се закани и им дозволи на сириските мигранти да влезат во Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.