Контакт

Свет

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Објавено пред

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат дека се работи за терористички напад, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил околу 16 часот кога полицијата почнала да апси маж поради кражба на автомобил, јавува „Ројтерс“.

Откако полицијата извесно време го бркала низ улиците, човекот, чие име и националност не се наведуваат, удрил во билборд и застанал во близина на бензинска пумпа.

Мажот потоа излегол од автомобилот облечен како нинџа и со јапонски самурајски меч се упатил кон полициското возило.

Првин со катана удрил една полицајка во брадата, а потоа друга во главата. Трет полицаец потоа го застрелал напаѓачот во стомакот и му нанел сериозни повреди, па со хеликоптер бил пренесен во болница.

Двајца полицајци добиле полесни повреди и исто така се пренесени во болница.

Министерот за внатрешни работи, Џералд Дарманен, се огласи на „Твитер“ за да го коментира инцидентот и упати поддршка до полицијата.

„При интервенцијата поради кражба на возила во Шербур, повредени се двајца полицајци. Поддршка за националната полиција“, напиша Дарманен на „Твитер“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Поради високите сметки, Австрија на сите домаќинства ќе им дава по 150, а на најзагрозените по 300 евра

Објавено пред

Австриската влада објави пакет-помош за граѓаните погодени од наглиот раст на цените на енергијата придружувајќи им се на голем број европски земји што се обидуваат да го ублажат ударот врз буџетот на домаќинствата.

Речиси сите домаќинства во Австрија ќе добијат еднократна парична помош од 150 евра, изјави канцеларот Карл Нехамер.

Двојно поголема сума ќе добијат приближно 750.000 граѓани, кои спаѓаат во категоријата особено ранливи.

Дополнително, државата одлучи да го суспендира паушалот за зелена струја годинава, со што на секое домаќинство ќе му заштеди по 100-ина евра, а на просечната трговска компанија околу 67.000 евра, соопшти Владата.

Пакет-помош од 1,7 милијарда евра е наменет за спречување кризи, рече министерот за финансии, Магнус Брунер.

Во Австрија, како и во многу други земји, цената на енергијата драстично порасна во последните месеци.

Во декември трошоците за енергија беа 24 отсто повисоки во однос на истиот месец претходната година. Нафтата за греење поскапе 44 отсто, а бензинот 31 отсто, потсетуваат агенциите.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин со реакција на одговорот од Западот: „Го игнорираат клучното прашање“

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека САД и НАТО не ги исполниле безбедносните барања на Русија во однос на Украина, но Москва сѐ уште е подготвена да разговара. Ова е прва реакција на Путин на писмените одговори на Западот на барањата на Русија, кои ги даде во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон по неколкунеделниот молк за кризата на украинско-руската граница, пренесуваат медиумите во светот.

Кремљ соопшти дека Путин му рекол на Макрон дека ќе ги проучи писмените одговори од Вашингтон и НАТО оваа недела пред да одлучи за понатамошна акција.

„Привлечено е внимание на фактот дека САД и НАТО не ги зедоа предвид главните грижи на Русија“, соопшти Кремљ. Сè уште не е објавен писмен одговор, но Лавров во четвртокот рече дека јавноста набргу ќе биде информирана.

Русите бараат од Западот да не го шири НАТО на исток и да не поставува офанзивно оружје во близина на границите на Русија. Москва сака северноатлантските воени капацитети и инфраструктура да се вратат на она што беше пред поранешните земји од Варшавскиот пакт да влезат во НАТО.

„Клучното прашање е игнорирано – како САД и нивните сојузници имаат намера да го почитуваат принципот на безбедносен интегритет дека никој не треба да ја зајакнува својата безбедност на сметка на безбедноста на друга држава?“, истакнале од Кремљ, кој често се повикува на декларации на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кои ги содржат овие принципи, пишува во новинарските извештаи.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во петокот изјави дека Москва не сака војна.

„Ако зависи од Русија, нема да има војна. Ние не сакаме војни. Но, исто така не сакаме нашите интереси да бидат газени, игнорирани“, изјави тој за руските радиостаници.

Во петокот тој изјави дека не може да ја исклучи можноста во источна Украина да има сили што сакале да предизвикаат конфликт, пренесуваат руските агенции.

„Според западните податоци, мислам дека има околу 100.000 војници на фронтот. А режимот во Киев не ги контролира повеќето од овие вооружени луѓе“, рече Лавров.

НАТО во петокот соопшти дека внимателно ја следи Русија, која регрупирала десетици илјади војници во близина на границата со Украина. Генералниот секретар Јенс Столтенберг рече дека алијансата е подготвена да го зголеми своето воено присуство во Европа и дека руската агресија може да има и форма на сајбер-напад, обид за државен удар или саботажа.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: Украина не е во војна, не ни треба оваа паника

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не може да исклучи ескалација и понатамошна тензија со Русија, но ја критикува преголемата паникa што ја оптоварува економијата.

„Мислам дека ситуацијата сега не е понапната отколку порано. Во странство имаат чувство дека овде има војна. Тоа не е така. Не велам дека ескалацијата не е можна, но нам не ни треба оваа паника“, рече Зеленски на прес-конференција.

Тој рече дека тоа е гаранцијата што му ја дал на американскиот претседател Џозеф Бајден во вчерашниот телефонски разговор, како и дека Русија се обидува да ја заплаши Украина.

Зеленски исто така потврди дека Украина ја стабилизирала својата валута со девизните резерви, како и дека бара воена, политичка и економска поддршка од Западот и нагласи дека на земјата ѝ се потребни 4 до 5 милијарди долари за да ја стабилизира својата економија.

Неговата изјава дојде откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека САД и НАТО не одговориле на главниот безбедносен повик на Москва во конфликтот меѓу Истокот и Западот за Украина, но дека Москва е подготвена да ги продолжи разговорите, наведуваат агенциите.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 часа

Зеленски: Украина не е во војна, не ни треба оваа паника

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не може да исклучи ескалација и понатамошна тензија со Русија, но ја критикува преголемата...

Македонија11 час

Сали: Второто полугодие ќе почне со физичко присуство

Второто полугодие во училиштата ќе почне со физичко присуство, изјави министерот за здравство, Беким Сали, и според него, епидемиолошката состојба...

Економија12 часа

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари, одлучи Владата

Владата, на денешната 8. седница, донесе одлука да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи,...

Македонија13 часа

26 починати лица, регистрирани 1.908 новозаразени од коронавирус

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени...

Свет13 часа

НАТО не планира да испрати воени трупи во Украина

НАТО не планира да испрати борбени трупи во Украина, изјави првиот човек на алијансата, Јенс Столтенберг. Практично, тоа значи дека...

Регион15 часа

Петков: Македонските Бугари ќе влезат во Уставот

Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешното обраќање пред парламентот рече дека македонските Бугари ќе влезат во Уставот на Северна Македонија....

Македонија15 часа

Милошоски до Османи: Зошто не кажете што содржи нон-пејперот што сте го испратиле во Софија во декември?

Министерот Османи зборува да изградиме заеднички позиции, зборува за зрелост, почит и меѓусебна доверба, но како ние да имаме доверба...

Топ16 часа

„Ауди“ со деветмина мигранти излетало од патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во полициската станица Валандово утрово било пријавено дека на регионалниот пат Р 1401 Валандово – Струмица возило „ауди“, со скопски...

Свет16 часа

(Видео) Сателитски снимки покажуваат распоредувања на руски воени трупи на границите со Украина

Тензиите меѓу Украина и Русија растат со месеци откако Кремљ почна да собира војници во близина на границите на Украина....

Македонија17 часа

На Клиниката за ортопедија направена првата трансплантација на лигамент од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје вчера за првпат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад...

Свет19 часа

Лавров: Преговорите со САД и НАТО не се завршени – нема да дозволиме рушење на нашите интереси

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за новинарите дека Москва не сака војна, но дека нема да дозволи...

Свет21 час

Тропска бура однесе 77 животи во Jужна Африка

Бројот на загинати во тропската бура Ана, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, се искачи на...

Свет21 час

Бајден: Одлучно ќе одговориме ако Русија ја нападне Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет2 дена

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија2 дена

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ2 дена

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа2 дена

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија2 дена

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа2 дена

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Досие