Контакт

Свет

Маск ѝ честиташе на АфД за убедливата победа: „Добро сработено!“

Објавено пред

Американскиот милијардер Илон Маск ѝ честиташе на Алтернатива за Германија (АфД) за победата на покраинските избори во Саксонија-Анхалт, откако и во текот на кампањата отворено ја поддржуваше партијата.

„Gut gemacht!“, односно „Добро сработено!“, напиша Маск на својата социјална мрежа Икс, одговарајќи на објавата на копретседателката на АфД, Алис Вајдел, која му честиташе на водечкиот кандидат на партијата Улрих Зигмунд за изборниот резултат.

Зигмунд набргу му се заблагодари на Маск за поддршката.

„Ако ја преземеме одговорноста овде, би ја поздравил можноста за силна и конструктивна соработка. Германија повторно би била место во кое вреди да се инвестира“, му одговори Зигмунд.

Според „Дојче веле“, АфД ги интензивираше врските со Вашингтон по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, додека Маск отворено ја поддржуваше партијата и продолжи да поддржува политичари и движења од крајната десница.

АфД, предводена од Зигмунд, убедливо победи во Саксонија-Анхалт со 43,8 отсто од гласовите, но не освои апсолутно мнозинство. ЦДУ заврши на второто место со 17,2 отсто.

АфД повеќе од двојно го зголеми резултатот во однос на изборите во 2021 година, кога освои 20,8 отсто од гласовите.

Најново

Македонија6 минути

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски,...

Спорт32 минути

(Видео) Кари го реши Орландо и урна рекорд на Леброн

Ноќта во НБА лигата беше обележана со новиот рекорд на Стеф Кари, доминантната игра на Виктор Вембањама и големата победа...

Црна хроника37 минути

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага

Полицијата уапси двајца велешани, а при претреси се пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага. На 06.11.2026 година, во 22:30 часот,...

Македонија39 минути

Левица: Додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од приближно 340, а сепак сме на третото место...

Македонија42 минути

ЛДП: Македонија заслужува во ЕУ сега, светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во...

Спорт48 минути

(Видео) Бањаја нема да ја вози Големата награда на Катар

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, претрпе две скршеници на стапалото во инцидентот што се случи за време на спринтот на...

Спорт1 час

Тенисерката број еден во светот го откажа настапот на Завршниот мастерс

Елена Рибакина, тенисерка број еден во светот, го откажа својот настап на Завршниот Мастерс, финалниот турнир на осумте најдобри тенисерки...

Забава1 час

Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и сподели фотографија што воодушеви многумина

Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и го одбележа тој повод на Инстаграм. Таа објави фотографија што го привлече...

Спорт1 час

„Марка“: Хаос на Местаља, Ридигер му удрил тупаница на човек од обезбедувањето

Во тунелот на стадионот „Местаља“ на полувремето од натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид (Реал победи со 3:0), се случил...