Свет
Медведев: Никогаш немало вистинска денацификација на Германија
Германија, во суштина, никогаш не поминала низ вистинска денацификација, туку наместо тоа западните сили „решиле да ги оправдаат нацистичките воени злосторници“, според Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија и претседател на Единствена Русија.
„Во суштина, никогаш немало вистинска денацификација на Германија. Архивските материјали на Руската служба за надворешно разузнавање, вклучително и извештај за политичката ситуација во Западна Германија од 1952 година, убедливо покажуваат дека наместо да ја спроведат, „западните сили избрале да ги оправдаат нацистичките воени злосторници“, фарса“, нагласи Медведев во статија за RT, пренесува ТАСС.
Дополнително, Медведев забележа дека „Англосаксонците, стремејќи се да ги зачуваат поранешните водачи на воената економија на Хитлер и главните нацисти што им биле потребни, спровеле кампања под слоганот „обесете ги малите, ослободете ги големите““, пренесува Танјуг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се запали автобус во близина на патарината Отовица, патниците спасуваа жива глава
Попладнево на автопатот Велес–Скопје, автобус со прилепски регистарски таблички се запалил во близина на наплатната станица Отовица. Сите патници навреме го напуштиле автобусот и нема повредени.
Веднаш по пријавата на терен пристигнале екипи на Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.
Според информациите дадени досега, пожарот избувнал додека автобусот се движел по автопатот, а причините за инцидентот засега не се познати. Надлежните служби работат на целосно локализирање на пожарот и расчистување на местото.
Од Авто мото сојузот информираа дека од 17.25 часот, патниот правец А1 Велес-Скопје од Патарина Отовица се одвива по една лента поради гаснење на автобусот.
Свет
Авионска несреќа во Германија: Летало се урна во станбена зона, загинаа две лица
Две лица загинаа кога мал авион се урна во станбена зона во германскиот град Лимбургерхоф, јужно од Манхајм. Според медиумските извештаи, леталото експлодирало во воздух, а делови паднале врз куќите кои биле во близина.
Портпаролот на полицијата Торстен Мишлер изјави дека според досегашната истрага, двајцата патници во авионот загинале во несреќата, пренесува „Билд“.
Според германските медиуми, уште едно лице е повредено, додека бројни делови од леталото паднале во станбената зона по експлозијата на авионот во воздух.
Несреќата се случила околу 11:30 часот, а сведоци изјавиле дека авионот пред падот закачил една куќа.
Полицијата соопшти дека на терен се ангажирани бројни екипи на итните служби и дека подрачјето околу местото на несреќата е обезбедено.
Причината за падот на леталото засега не е позната, а истрагата е во тек.
Свет
Се евакуираат девет села во јужен Либан пред најавените воздушни напади
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа предупредувања за евакуација до жителите на девет села во јужен Либан, пред, како што наведоа, планираните воздушни напади врз Хезболах.
Според воените најави, на жителите на селата Какајет ал-Шубара, Каутариет Ел Сајада, Меруанија, Гасанија, Тефахта, Ирзај, Баблија, Инсар и Ал-Баисари им беше наредено да се повлечат најмалку еден километар од нивните населби, објави „Тајмс оф Израел“.
Портпаролот на ИДФ, полковник Авичај Адраи, рече дека војската дејствува против Хезболах поради, како што рече, кршење на договорот за прекин на огнот, со порака дека операциите не биле насочени против цивили.
Израелската армија објави дека дрон лансиран од Либан активирал сирени во областа на планината Мерон, но дека нема повредени во инцидентот и дека „ситуацијата е завршена“.
Како што претходно денес објави либанската агенција ННА, израелските воени авиони утрово извршија воздушни напади врз градот Џохмор ел Шакиф на југот на Либан.
Според истиот извор, градовите Кфар Тебнит, Арнун и Џохмор ел Шакиф, како и подрачјето на патот Арнун-Кфар Тебнит, биле изложени на силно артилериско бомбардирање.
Израел и Либан претходно се согласија да го продолжат примирјето прогласено од американскиот претседател Доналд Трамп на 16 април за 45 дена, како што објави Стејт департментот синоќа.
