Контакт

Свет

Министер на Трамп: Сметам дека Кина ќе влијае врз Иран за повторно отворање на Ормускиот Теснец

Објавено пред

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави дека верува оти Кина ќе го искористи својот влијание врз Иран за да помогне Ормускиот Теснец повторно да се отвори за сообраќај, јавува „Си-ен-би-си“.

„Во нивен е голем интерес теснецот повторно да се отвори“, изјави Бесент во интервјуто.

Тој додаде дека Кина најверојатно ќе делува зад кулисите бидејќи има најголемо влијание врз иранското раководство.

Кина е најголем светски увозник на сурова нафта, а голем дел од увозот доаѓа од Блискиот Исток и Иран.

Министерот нагласи дека речиси целиот ирански извоз на нафта оди кон Кина, додавајќи дека Пекинг има многу поголем интерес за повторно отворање на теснецот отколку САД.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Русите го нападнаа регионот Запорожје: Петмина мртви, 14 повредени

Објавено пред

Во руски напад врз југоисточниот дел од регионот Запорожје во Украина загинаа пет лица, а 14 се повредени.

Гувернерот на регионот го објави ова денес на Телеграм.

Иван Федоров рече дека Русија го нападнала регионот со воздушни удари, беспилотни летала и гранатирање.

Инфраструктурата, станбените згради и автомобилите се оштетени.

Прикажи повеќе...

Свет

Најмалку десет мигранти загинаа при превртување на брод кај Малта

Објавено пред

Најмалку десет лица загинаа откако брод со мигранти се преврте во близина на Малта, потврди италијанската крајбрежна стража. Според властите, бродот испловил од либискиот брег и во времето на несреќата превезувал околу 60 лица, објавува Би-Би-Си.

Опасна медитеранска рута
Во соопштението на крајбрежната стража се вели дека Малта побарала помош во операцијата за пребарување и спасување „откако се превртел брод со пријавени мигранти на него и луѓе во водата“. Италијански патролен брод пронашол десет тела, а потрагата во областа продолжила во недела попладне. Додадено е дека рибарски брод во близина успеал да спаси 48 преживеани.

Најмалку 827 лица загинале обидувајќи се да го преминат централниот Медитеран оваа година, според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), агенција на Обединетите нации. Ова е морска рута од Северна Африка до Италија и Малта. Минатата година, повеќе од 1.330 лица ги загубија животите на истата рута, соопшти ИОМ.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Нетанјаху нема да има избор, ќе мора да прифати каков било договор со Иран

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да има друг избор освен да прифати каков било договор што САД ќе го преговараат со Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фајненшл тајмс“ објавено синоќа, истакнувајќи дека тој „ги донесува одлуките“.

„Тој нема да има друг избор“, изјави Трамп, цитиран од Ројтерс.

Израел го нападна Бејрут, Иран возвраќа со напади врз Израел
Израел нападна предградие на Бејрут во неделата, прво откако САД објавија мировен план за Либан минатата недела, а Иран подоцна испука ракети врз израелски цели, ставајќи ги во опасност разговорите за завршување на пошироката војна.

Иран претходно изјави дека секој мировен договор со САД ќе зависи од прекинот на огнот во Либан, кој Израел го нападна во март во потрага по проиранските борци на Хезболах кои отворија оган преку границата со Израел во знак на солидарност со Техеран.

Иранската револуционерна гарда објави дека нејзините напади врз Израел во неделата навечер се „предупредување“ за поширок одговор што ќе ги опфати сите американски и израелски цели во регионот доколку се повторат „агресиите“.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава3 минути

(Фото) Џеј Ло „гори“ на мрежите: „Секој ден е се пожешка“

На секоја премиера, во секој град, Џенифер Лопез (56) воодушевува со своите модни изданија и совршениот изглед што го негува...

Забава11 минути

(Фото) Секс бомбата наполни 35 години: Таа е жена во чии облини сите уживаат

Моделот Емили Ратајковски наполни 35 години, што беше доволна причина нејзините најлојални обожаватели да посакаат да се потсетат на старите...

Култура14 минути

„Неми слики – жива музика“ – уникатен концерт на гудачки квартет и нем филм во Дебар

На 10 јуни (среда), со почеток во 19.00 часот, во Центарот за култура – Дебар ќе се одржи мултимедијалниот концерт...

Забава17 минути

(Фото/Видео) Дуа Липа и Калум Тарнер рекоа „да“ по втор пат, овој пат на Сицилија

Дуа Липа и Калум Тарнер рекоа „да“ по втор пат, овој пат на Сицилија, и покрај бројните протести од локалните...

Европа24 минути

Русите го нападнаа регионот Запорожје: Петмина мртви, 14 повредени

Во руски напад врз југоисточниот дел од регионот Запорожје во Украина загинаа пет лица, а 14 се повредени. Гувернерот на...

Свет27 минути

Најмалку десет мигранти загинаа при превртување на брод кај Малта

Најмалку десет лица загинаа откако брод со мигранти се преврте во близина на Малта, потврди италијанската крајбрежна стража. Според властите,...

Свет31 минута

Трамп: Нетанјаху нема да има избор, ќе мора да прифати каков било договор со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да има друг избор освен да прифати каков било договор што САД ќе го преговараат...

Забава57 минути

(Фото/Видео) Не може да се одвои од својата девојка: Бред Пит не ги крие своите емоции дури ни пред милиони луѓе

Холивудскиот актер Бред Пит (62) и неговата девојка Инес де Рамон (33) се појавија заедно на женското финале на Ролан...

Култура1 час

Поетот Христо Петрески освои престистижна награда во Црна Гора

На Меѓународниот поетски фестивал Брегот на поетите во Даниловград (Црна Гора), македонскиот поет Христо Петрески ја освои највисоката и единствената...