Контакт

Свет

Надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија згаснуваат, се извлекуваат тела од под урнатините

Објавено пред

Надежите за пронаоѓање преживеани по силниот земјотрес во западна Колумбија згаснуваат, откако спасувачките екипи и петтиот ден по катастрофата продолжуваат да извлекуваат тела од под урнатините.

Најмалку 294 лица загинаа, 320 и натаму се водат како исчезнати, а речиси 4.000 се повредени, покажуваат најновите податоци на колумбиската служба за управување со катастрофи. Повеќе од две третини од жртвите се регистрирани во градовите Кали и Переира.

Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени ја погоди земјата нешто по 7:30 часот во понеделникот, со епицентар во близина на Сан Хосе дел Палмар. Потресот урна станбени згради и оштети училишта, цркви, болници и домови на широка територија, од пацифичкото пристаниште Буенавентура до главниот регион за производство на кафе и големите градови во западниот дел на земјата.

Во Кали, третиот по големина град во Колумбија со повеќе од два милиона жители, спасувачите продолжиле да ги пребаруваат купиштата бетон, тули и метал во потрага по исчезнати лица. Според службите, операциите за извлекување тела најверојатно ќе завршат денеска, по што ќе започне расчистувањето на урнатините со тешка механизација.

– Се наоѓаме во период на огромна тага – изјави Хуана Катано, која координира граѓанска иницијатива. Според неа, напорите постепено се насочуваат кон обновување на погодените подрачја.

Во Переира, кој се наоѓа во главниот регион за производство на кафе во Колумбија, стотици луѓе ја поминале ноќта на отворено, на душеци или во шатори во импровизиран камп во градски парк. Организаторите известуваат за недостиг од ќебиња, шатори, хигиенски материјали и храна.

Илјадници домови се целосно уништени, а многу луѓе не можат да се вратат во своите куќи додека властите не утврдат дали оштетените објекти се безбедни. По главниот потрес во земјата се регистрирани 269 последователни земјотреси, што дополнително го зголемува ризикот за спасувачите и волонтерите кои работат меѓу нестабилните урнатини.

Катастрофата се претвори и во прв голем тест за претседателот Абелардо де ла Есприела, кој стапи на должност само една недела пред земјотресот. Тој беше критикуван за реакцијата на властите во првите часови по катастрофата, особено поради првичното одбивање на понудите за испраќање спасувачки екипи од некои држави. Подоцна Колумбија прифати екипи од САД и Израел.

Некои од лицата кои спасувачите ги бараа во изминатите денови станаа симболи на спасувачката операција. Триесет и двегодишната Даниела Ларго, која преживеала 36 часа под урнатините, подоцна почина во болница. Дваесет и четиригодишниот Хуан Фелипе Хиралдо бил пронајден мртов по долготрајна спасувачка операција во урнат хотел. Тој требало да се ожени во недела и зад себе остава двегодишен син.

Во меѓувреме, илјадници луѓе во Меделин и Богота се приклучиле на кампањи за помош на настраданите, донирајќи храна, облека и лекови за погодените подрачја.

Најново

Регион2 минути

Бугарија ги кани Русија и Украина на иста маса во врска со Црното Море

Бугарија предложи преговори меѓу шесте земји што граничат со Црното Море со цел да се постигне договор за мораториум на...

Македонија12 минути

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул 

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9...

Македонија17 минути

(Видео) Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Пратеникот и заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со своите изјави за...

Македонија21 минута

До крајот на неделава пристигнува првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери; Ѓорѓиевски се пофали: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на градот и...

Македонија31 минута

Муцунски за Коридорот 8 во Софија: Поврзаноста е стратешки инструмент за безбедност, отпорност и економски развој

Денеска во Софија, на покана на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, министерот за надворешни работи и...

Македонија44 минути

Исмаил: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против...

Македонија55 минути

Општина Ародром: Нов асфалт на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде...

Европа56 минути

(Видео) Убиена лекарката на британското кралско семејство

Докторката Хана Кејн, која наводно лекувала членови на британското кралско семејство, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Дерсингем, во...

Свет1 час

(Видео) Две лица загинаа при уривањето на зградата, потрагата продолжува: трагични вести од Истанбул

Бројот на жртви во уривањето на седумкатница во истанбулскиот кварт Малтепе се искачи на две, додека спасувачките екипи продолжуваат да...