Контакт

Свет

Напната прва рунда преговори меѓу САД и Иран, разговорите продолжуваат

Објавено пред

Преговорите на високо ниво меѓу САД и Иран, кои се одржуваат во Швајцарија, треба да продолжат до крајот на неделата и покрај напнатиот почеток. Иранските преговарачи накратко го напуштија состанокот во знак на протест поради серијата закани што американскиот претседател Доналд Трамп ги објави на социјалните мрежи, но со посредство на Катар и Пакистан разговорите сепак продолжија.

Сето ова се случува откако двете страни минатата недела потпишаа меморандум за разбирање со цел деблокирање на Ормускиот Теснец и започнување 60-дневни преговори за иранската цивилна нуклеарна програма.

Трамп во серија објави на социјалните мрежи и телевизиски интервјуа му се закани на Иран со бомбардирање, па дури и со киднапирање на иранскиот преговарачки тим доколку не биде отворен Ормускиот Теснец.

Во 20-минутно телефонско интервју за Фокс Њуз, зборувајќи за теснецот, тој изјави:

„Можеби ќе го преземеме теснецот ако мораме. Ако не постигнат договор, ќе наплаќаме премин.“

Тој очигледно се закани и со киднапирање на иранските преговарачи, велејќи:

„Затворете го и ќе останете без држава. Нема ни да се вратите во вашата земја.“

Овие закани предизвикаа гнев кај иранскиот тим, кој наведе дека тие претставуваат неприфатлива закана за нивната лична безбедност и го нарушуваат пактот за ненапаѓање вклучен во меморандумот потпишан минатата недела.

Иранските државни медиуми објавија дека преговорите влегле во „тешка фаза“ и биле прекинати поради „навредливата порака на американскиот претседател“.

Иако иранските претставници го напуштија состанокот, делумно и поради домашниот политички притисок, главниот ирански преговарач Мохамад Багер Галибаф ги отфрли заканите.

„Зарем самите не гледаат дека немаше да се најдат во денешниот очај доколку нивните закани имаа каков било ефект? Американските закани воопшто не ги земаме предвид“, изјави тој.

По објавите на Трамп, иранската делегација поднела официјален протест до посредниците, барајќи неговото „заплашување“ да биде ставено под контрола.

Катар и Пакистан делувале зад сцената за преговорите да продолжат, што и се случило пред нивното завршување во раните утрински часови во понеделникот.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го пофали посредувањето на Катар и Пакистан, наведувајќи дека е постигнат „значителен напредок“.

Во заедничката изјава на Катар и Пакистан се наведува дека САД и Иран се согласиле да воспостават „комуникациска линија“ за избегнување инциденти во Ормускиот Теснец.

Договорено е и формирање „ќелија за деескалација“ со либанската влада за да се обезбеди почитување на прекинот на воените операции во Либан.

Арагчи изјави дека првиот вистински тест на овие договори ќе биде токму механизмот за деескалација поради борбите меѓу Израел и Хезболах во Либан.

Иран соопшти дека повторно воспоставил блокада на Ормускиот Теснец во знак на протест поради продолжувањето на израелските напади во Либан.

Техеран тврди дека Трамп му дозволува на Израел да го прекршува меморандумот за разбирање, кој повикува на прекин на огнот на сите фронтови.

Во саботата во израелските напади во централниот и јужниот дел на Либан загинале повеќе од 30 лица.

„Иран мора веднаш да ги запре своите добро платени посредници во Либан да создаваат проблеми. Ако не го сторат тоа, повторно многу силно ќе го погодиме Иран“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Од друга страна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „ќе остане во безбедносната тампон-зона во јужен Либан онолку долго колку што е потребно“ и повтори дека „нема да му дозволи на Иран да се вооружи со нуклеарно оружје“.

Во меѓувреме, американскиот министер за енергетика Крис Рајт тврди дека иранската блокада нема ефект и дека низ теснецот во саботата поминале 67 бродови, а во петокот 55.

Заканите на Трамп се во целосна спротивност со тонот на потпретседателот Џеј Ди Венс, кој на преговорите во Швајцарија го намали значењето на насилствата во Либан, велејќи дека е постигнат напредок кон прекин на непријателствата.

„Ваквите работи секогаш се малку неуредни“, рече Венс.

Тој зазеде помирлив став:

„Претседателот побара од нас да свртиме нова страница, темелно да го промениме нашиот однос со народот на Иран и да му подадеме рака, испраќајќи порака дека Соединетите Американски Држави се подготвени за суштинска трансформација на односите доколку иранското раководство е подготвено да се откаже од поттикнување регионална нестабилност и од долгорочните амбиции за нуклеарно оружје.“

„Прашањето пред нас е колку уште можеме да постигнеме заедно? Можеме ли да свртиме нова страница?“

Иран инсистира разговорите да бидат фокусирани на прекин на огнот во Либан, условите за повторно отворање на теснецот, укинување на американските санкции за извоз на нафта и одмрзнување на иранскиот имот во странство.

Дека економските прашања се во преден план покажува и составот на иранската делегација, во која покрај Галибаф и Арагчи се и директорите на Националната иранска нафтена компанија и Иранската централна банка.

Иранската делегација одбила заедничко фотографирање со американската, предводена од Венс, Џаред Кушнер и специјалниот пратеник Стив Виткоф.

Сепак, двете делегации накратко биле снимени во иста просторија, а попладневните разговори се одвивале во четиристрана форма со учество на САД, Иран, Катар и Пакистан.

Во Швајцарија се наоѓа и шефот на нуклеарната агенција на ОН, Рафаел Гроси, но Иран сака разговорите за идните инспекции да бидат одложени додека не се решат прашањата околу санкциите.

Во случај на неуспех на преговорите, републиканскиот сенатор Линдзи Греам, близок соработник на Трамп, најави дека САД „со сила ќе го преземат Ормускиот Теснец“ и ќе го „уништат“ Иран доколку се спротивстави.

Најново

Свет30 минути

Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна

Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес во вторникот објави дека нема да бара смртна казна за Ник Рајнер, синот...

Забава36 минути

(Фото/Видео) Овојпат без сопругот: повторно привлече внимание со длабокото деколте

Пенелопе Круз е вистинска инспирација кога станува збор за елегантна мода, а нејзиното најново појавување ги освои дури и најстрогите...

Европа42 минути

Русија сака да ги обнови преговорите со Украина; Лавров: Имаме што да кажеме

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за војната во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Спорт58 минути

(Видео) Димитриевски одличен, Валенсија прв пат победи во новата сезона

Фудбалерите на Валенсија победија како гости кај Алавес со 1:0 во натпреварот од шестото коло на Шпанското првенство. За тимот...

Спорт1 час

Хамес Родригез се повлече од националниот тим

Хамес Родригез одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера на 35-годишна возраст. Долгогодишниот капитен на Колумбија ја објави одлуката во...

Европа1 час

Лукашенко сака да си ги врати парите: за возврат, САД бараат ослободување на затворениците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко доби ветување од САД дека Вашингтон ќе побара од американските банки да одмрзнат десетици милиони евра...

Македонија2 часа

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев“, „смрт“, „бензин и кибрит“ за Обвинителството биле политички говор

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев објави дел од списите од предмет во кој, како што наведува, пријавил повеќе...

Европа2 часа

Уште 327 милиони евра за Украина: Холандија помага во обновата на инфраструктурата

Холандија најави дека ќе издвои дополнителни 327 милиони евра за обнова и закрепнување на Украина во периодот од 2027 до...

Забава2 часа

(Фото) Ниту Кејт Мидлтон не може да ѝ парира: Амал Клуни го одзема здивот во впечатлив костум

Амал Клуни продолжува да плени со елегантни модни изданија, постојано одржувајќи го највисокиот стандард на стил. Адвокатката за човекови права...