Контакт

Свет

НАТО го предупреди европскиот комесар за заканите кон Русија

Објавено пред

Изјавата на европскиот комесар за одбрана и вселена Андријус Кубилијус дека евентуален руски ракетен или воздушен напад врз фабрика за оружје во европска земја-членка на НАТО треба да го активира Член 5 од Северноатлантскиот договор предизвика незадоволство во дипломатските кругови на Алијансата.

Како што објави „Политико“, некои дипломати на НАТО сметаат дека Кубилијус излегол од опсегот на своите надлежности, бидејќи Европската комисија нема овластување да утврди под кои околности Алијансата би можела да ја примени клаузулата за колективна одбрана.

„Доколку Русија ги нападне нашите фабрики на европска територија, тоа би бил Член 5“, изјави Кубилијус за полската телевизија на маргините на состанокот на Комитетот за безбедност и одбрана на Европскиот парламент.

Според „Политика“, соработник на европскиот комесар подоцна појасни дека изјавата на Кубилијус се однесува на директен воздушен или ракетен напад врз фабрика за оружје на територијата на една од европските членки на НАТО.

Сепак, неговите зборови наидоа на остар одговор од дипломат на Алијансата.

„Кога Кубилијус ќе стане генерален секретар на НАТО, тој можеби ќе може да утврди што предизвикува, а што не предизвикува примена на Член 5“, рече дипломатот, чие име не беше објавено.

Чувствителноста на темата произлегува од самата природа на Член 5, кој предвидува дека вооружен напад врз една членка се смета за напад врз сите сојузници. Сепак, ова не значи автоматски и идентичен воен одговор од страна на сите членови – секоја од нив презема мерки што ги смета за неопходни, кои може, но и не мора да вклучуваат употреба на вооружена сила.

Изјавата на Кубилијус следеше по новото заострување на реториката меѓу Москва и западните престолнини. Руското Министерство за надворешни работи претходно изјави дека фабриките во европските земји што произведуваат оружје наменето за Украина можат да се сметаат за потенцијални воени цели.
Во исто време, неколку европски земји истражуваат саботажи и други инциденти во воената индустрија, додека западните претставници ги обвинуваат руските служби за некои од овие случаи. Москва ги отфрла ваквите обвинувања.

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Кејн рекордер, Англија лесно се справи со Чешка

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во Лигата на нациите А, група 3. На Вембли, Англија ја порази...

Спорт6 часа

(Видео) Хрватска по пресврт падна пред светскиот првак – Микел Мерино го реши натпреварот

Само три дена по историскиот дебакл против Англија (7:0), Хрватска брилијантно и парираше на моќната Шпанија на преполниот „Пољуд“, но...

Спорт6 часа

(Видео) Швајцарците ги казнија сите грешки, Македонија загуби во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија го забележа и четвртиот пораз, во Групата 1, во Б дивизијата во Лигата на нации. Трагично...

Свет7 часа

Унгарија воведува данок за најбогатите

Унгарската влада предложи воведување данок на богатство за лицата чиј имот надминува една милијарда форинти, односно околу 3,08 милиони долари,...

Свет7 часа

Водоинсталатер осомничен за серија убиства на постари жени во Полска – ја стекнувал нивната доверба, па се враќал назад

Водоинсталатер на возраст од 43 години е осомничен за серија злосторства во Полска. Засега официјално се зборува за шест убиени...

Свет7 часа

(Видео) Протести во Индија, приведен лидерот на опозицијата

Индиската полиција денеска го прекина протестот на опозицијата во Њу Делхи и накратко го приведе лидерот на Конгресната партија, Рахул...

Свет7 часа

Зеленски: Русија подготвува масовен напад врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најновите разузнавачки информации укажуваат оти Русија подготвува „масовен напад“ врз Украина. „Има ажурирани разузнавачки...

Македонија7 часа

Без вода утре дел oд Карпош

Дел од корисниците на улицата „Његошева“ во Општина Карпош утре, 7 октомври, ќе останат без вода поради уличен водоводен дефект....

Спорт7 часа

Роналдо се враќа во португалската репрезентација

Кристијано Роналдо одлучи да се врати во португалската репрезентација. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го потврди ова со...