Контакт

Свет

Научници открија 11.742 вируси во длабочините на Тихиот Океан

Објавено пред

Научници открија 11.742 различни вируси во седиментите на дното на Тихиот Океан, при што повеќе од 99 отсто од идентификуваните вирусни групи досега не биле застапени во научните бази на податоци.

Откритието е направено во зоната Кларион-Клипертон, огромно подрачје на длабокото морско дно познато по богатите резерви на полиметални нодули. Резултатите од истражувањето се објавени во научното списание „Нејчр комуникејшнс“.

Истражувањето го спровеле Бовен Хоу и Лилан Жанг од Универзитетот во Чонгкинг и Донг Сун од Вториот институт за океанографија во Кина.

Примероците од седиментите биле собрани во текот на 2023 и 2024 година. Научниците од нив издвоиле ДНК и РНК, а со секвенционирање создале каталог на вирусите присутни во овој дел од океанското дно.

Резултатите покажале исклучително голема разновидност. Повеќе од 99 отсто од идентификуваните вирусни кластери не биле присутни во постојните референтни бази, а вирусите покажале мало преклопување со оние пронајдени во други длабокоморски живеалишта.

Голем дел од вирусите се поврзуваат со бактерии и археи кои имаат важна улога во кружењето на јаглеродот, азотот, фосфорот, сулфурот и металите во екосистемот.

Истражувачите утврдиле и дека вирусите носат помошни метаболички гени, со кои потенцијално можат да влијаат врз метаболизмот и преживувањето на организмите што ги инфицираат. Анализите укажуваат дека размената на гени меѓу вирусите и нивните домаќини може да им помогне на микроорганизмите да се приспособат на средина богата со метали.

Зоната Кларион-Клипертон е од голем интерес и поради огромните количества полиметални нодули на морското дно. Тие содржат метали како манган, кобалт, никел, литиум и цинк, поради што подрачјето се смета за потенцијална локација за идно длабокоморско рударство.

Токму можните рударски активности се една од причините за истражувањето. Авторите сакаат да создадат почетна слика за микробниот екосистем пред евентуалното започнување на експлоатацијата, за во иднина да може да се процени нејзиното влијание врз животната средина.

Длабокоморското рударство би можело физички да го наруши морското дно, да ги подигне седиментите и повторно да ги наталожи на други места. Претходни истражувања покажуваат дека влијанието би можело да се прошири и надвор од самото морско дно и да влијае врз пошироките екосистеми.

Научниците посочуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди како евентуалното рударство би влијаело врз новооткриените вируси, нивните микробни домаќини и процесите во кои тие учествуваат.

Најново

Македонија4 минути

„ДПМНЕ им создаде хаос на занаетчиите и сѐ уште ги држи во неизвесност – луѓе остануваат без здравствено, со блокирани сметки и неизвесна егзистенција“, велат од Левица

„Поминаа недели откако Левица реагираше за хаосот што УЈП го создаде со новиот начин на пресметка на придонесите за занаетчиите,...

Забава5 минути

Поранешните партнери се враќаат во октомври: Три хороскопски знаци мора да одлучат што сакаат

Според астролозите, октомври би можел да донесе враќање на луѓе од минатото за одредени хороскопски знаци, принудувајќи ги да се...

Македонија11 минути

„Филипче проговори за скандалот тежок 37 милиони евра дури откако се скара со Петровска, Обвинителството да го повика на информативен разговор“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Откако се продлабочи политичкиот конфликт меѓу Венко Филипче и Славјанка Петровска, Филипче излезе со сериозни обвинувања за наводен скандал вреден...

Спорт16 минути

Седлоски: Бев борец како играч, таков сум и сега, не се предавам

Фудбалската репрезентација на Македонија цели 787 минути е без постигнат гол. Во мандаторт на Гоце Седлоски навионалниот тим нема постигнато...

Култура21 минута

Младите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија Џиџева

Во организација на МФФ Киненова и Општина Кисела Вода, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ успешно се реализира тридневната филмска...

Македонија23 минути

ЕУ воведува построги правила за враќање на мигрантите

Министрите за внатрешни работи на Европската унија постигнаа договор за построги правила за враќање на мигрантите. Целта на новите мерки...

Забава26 минути

(Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

Со два милиони пребарувања за #pumpkinspicehair на TikTok, оваа прекрасно топла и пријатна нијанса ги спојува најдобрите бои на есента....

Свет32 минути

(Видео) Кај американски шпион пронајдени 298 златни прачки; призна измама тешка 200 милиони долари

Поранешниот службеник на ЦИА, уапсен откако властите пронашле стотици златни прачки во неговиот дом, призна дека извршил измама тешка 200...

Спорт34 минути

Великани се збогуваа со Меси – силни зборови од Роналдињо, Нејмар, Ди Марија, Модриќ…

Лионел Меси го одигра последниот натпревар за аргентинската репрезентација, а денот на неговото збогување беше обележан со емотивни сцени низ...