Контакт

Свет

Нетанјаху: Војната со Иран не е завршена, мора да се отстрани збогатениот ураниум

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната со Иран сè уште не е завршена, бидејќи земјата и натаму поседува збогатен ураниум кој „мора да се отстрани“, како и други воени капацитети кои треба да бидат неутрализирани.

„Мислам дека војната постигна многу, но не е завршена, бидејќи Иран сè уште има нуклеарен материјал, збогатен ураниум кој мора да се извезе од Иран“, рече Нетанјаху во интервју за емисијата „60 Минутии“ на телевизијата ЦБС.

Тој додаде дека Иран има и постројки за збогатување ураниум, балистички ракети и поддржува сојузници кои треба да бидат контролирани. Нетанјаху не прецизираше дали се мисли само на високoзбогатениот ураниум кој може да се користи за нуклеарно оружје или на сите залихи на збогатен ураниум во земјата.

На прашањето како би можел да се отстрани овој материјал, премиерот одговори: „Влегувате и го земате.“

Тој наговести дека отстранувањето на ураниумот би можело да се изведе и со договор со Техеран и без него, со поддршка од САД, но не сакаше да открива детали за воени планови или временски рокови.

„Не давам никакви временски рокови, но ова е исклучително важна мисија“, заклучи Нетанјаху.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Бугарија очекува 400.000 гости на Евровизија

Објавено пред

Софија очекува меѓу 300.000 и 400.000 посетители за време на одржувањето на Евровизија 2027, изјави општинскиот советник Димитар Петров за Радио Софија.

Според него, Евровизија не е само концерт или фестивал што трае неколку дена, туку претставува „град во градот“, кој привлекува огромен број посетители и бара сериозна организација, особено во делот на безбедноста.

Петров истакна дека Софија ги исполнува сите потребни услови за домаќин на натпреварот, посочувајќи ги меѓународниот аеродром, директните авиолинии и сместувачките капацитети.

Тој предупреди и на појавата на екстремно високи цени за сместување по победата на Дара. Како пример наведе огласи во кои двособни станови во Софија се нудат за 10.000 до 13.000 евра за една недела.

„Тоа не смееме да го дозволиме. Мора да има понуда за сите посетители“, рече Петров, додавајќи дека државата и градот треба да преземат мерки за да спречат нереално поскапување.

Тој потсети и дека во 2027 година Бугарија ќе одбележи 20 години од членството во Европската Унија и оцени дека и овој јубилеј треба да се искористи за меѓународна промоција на земјата.

Прикажи повеќе...

Регион

Брисел ѝ се заканува на Бугарија со санкции

Објавено пред

Европската комисија (ЕК) ќе предложи покренување постапка за прекумерен дефицит против Бугарија откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската Унија, потврди европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис.

Зборувајќи по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург, Домбровскис изјави дека Комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку земји-членки и заклучила дека Бугарија не ги исполнува пропишаните барања во врска со буџетскиот дефицит, објавува денес порталот „Новините“.

Според правилата на ЕУ, постапката за прекумерен дефицит може да се покрене кога буџетскиот дефицит на државата надминува три проценти од бруто домашниот производ, додека јавниот долг надминува 60 проценти од БДП.

Како дел од постапката, на земјата ѝ се дава рок за спроведување мерки што би го вратиле дефицитот во дозволените граници.

Доколку државата не ги почитува препораките, може да се воведат финансиски санкции.

Предлогот на Европската комисија сега треба да го разгледаат земјите-членки на ЕУ како дел од понатамошната постапка.

Прикажи повеќе...

Свет

Во европска земја дури 200.000 жители предупредени да ја превриваат водата поради опасна бактерија

Објавено пред

Властите во јужниот дел на Холандија издадоа тридневно предупредување за околу 200.000 жители, откако бактеријата Ешерихија коли била откриена во водата за пиење.

Предупредувањето се однесува на жителите на градовите Дордрехт, Звајндрехт и Хендрик-Идо-Амбахт, што предизвика недостиг од флаширана вода во супермаркетите.

Надлежните соопштија дека целата вода од чешма мора да се преврива најмалку три минути пред да се користи за пиење, готвење или миење заби. Мерката има за цел да ги уништи сите бактерии што можеби навлегле во водоводниот систем преку дистрибутивната мрежа.

Предупредувањето ќе остане во сила сѐ додека анализите не потврдат дека водата повторно е безбедна за употреба без дополнителен третман.

Ешерихија коли е бактерија која природно се наоѓа во цревата на луѓето и животните, но кога ќе се појави во загадена храна или вода може да предизвика стомачни и цревни заболувања. Здравствените власти предупредија дека лицата со ослабен имунитет можат сериозно да се разболат.

По објавувањето на предупредувањето, побарувачката за флаширана вода нагло се зголемила. Во најмалку еден супермаркет во Дордрехт сите резерви биле распродадени за само 45 минути, додека и други продавници пријавиле недостиг поради панично купување.

Прикажи повеќе...

Најново

Црна хроника41 минута

Вандализам на гробиштата во Бутел, уништени 11 гробни места

Вработен во Градските гробишта Бутел вчера во 17 часот пријавил во СВР Скопје дека едно лице оштетило 11 гробни места....

Црна хроника48 минути

Скопјанец спасен од давење во Вардар, очевидец го забележал и го извлекол од водите

Осумдесет и тригодишен скопјанец бил спасен од давење во реката Вардар на подрачјето на Карпош, соопшти МВР. Според пријавата, на...

Црна хроника52 минути

Тешка сообраќајна несреќа на патот Љуботен – Радишани, повредени седум лица меѓу кои и деца

Три лица се здобиле со тешки повреди, а четворица малолетници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на...

Црна хроника55 минути

Судир меѓу автомобил и мотоцикл на булеварот Борис Трајковски, мотоциклистот тешко повреден

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата меѓу булеварот Борис Трајковски, улицата Трајко Иванов...

Спорт1 час

(Видео) Скандал во турската репрезентација: Вирално видео ги налути навивачите

Фудбалската репрезентација на Турција се најде во центарот на вниманието на Светското првенство откако тројца репрезентативци биле снимени на балкон...

Регион1 час

Бугарија очекува 400.000 гости на Евровизија

Софија очекува меѓу 300.000 и 400.000 посетители за време на одржувањето на Евровизија 2027, изјави општинскиот советник Димитар Петров за...

Македонија1 час

Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје – Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на...

Регион2 часа

Брисел ѝ се заканува на Бугарија со санкции

Европската комисија (ЕК) ќе предложи покренување постапка за прекумерен дефицит против Бугарија откако ќе се утврди дека земјата не ги...

Македонија2 часа

Битола сака да стане велоград, ќе набавува електрични велосипеди за граѓаните

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на седницата на која се носеше ребалансот на Буџетот за 2026 година кажа дека во...