Контакт

Свет

Нова драма во Германија: потенцијален нов напад врз критични инфраструктури

Објавено пред

Нова драма во Германија и потенцијален нов напад врз критични инфраструктури. По сомневањето за саботажа во трафостаницата во Дормаген, безбедносните служби повторно реагираат. Овој пат, во тек е полициска операција во трафостаницата во Гандеркезе.

Според информациите од „Билд“, припадници на интервентните служби ја опколиле зградата во округот Олденбург и го блокирале пристапот до пошироката област. А полицискиот хеликоптер лета над теренот. Засега, полицијата зборува само за „сомнителни околности“.

Не е познато точно што е пронајдено во областа на трафостаницата или дали е предизвикана некаква штета.

Сепак, според полицијата досега, немало пожар. Интервенцијата сè уште е во тек. На местото на настанот е и Федералната агенција за техничка помош, чии тимови ја осветлуваат пошироката област со рефлектори.

И претходно имаше обиди за напад
Инцидент се случи во Дормаген (Северна Рајна-Вестфалија) во четвртокот. Таму, минувач открил сомнителни уреди во близина на трафостаницата. Полицијата се сомнева во можен обид за саботажа.

Според истражителите, очигледно било планирано намерно да се предизвика краток спој.

Властите имаат и писмо во кое се презема одговорност, кое се однесува и на слични инциденти во Бергхајм и Јаншвалде.

Според информациите од „Билд“, пронајдените направи се слични на конструкции што веќе се користени во претходни случаи. Истражителите сега проверуваат дали зад нападот стои истиот сторител или истата група.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Економија17 минути

„Алта банка“ Битола има здрав биланс, администрацијата ќе ја штити позицијата до изнаоѓање нов сопственик, рече Славески

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето...

Македонија26 минути

ВЛЕН бара истрага за трансакциите со Алта банка и поврзаноста со семејниот круг на Ахмети

Денес јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската...

Македонија30 минути

Сиљановска-Давкова: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби...

Македонија32 минути

Пред нас се топли денови, но викендот носи пад на температурите

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува...

Економија40 минути

Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање, постои мерка на администрација, Народна банка реагираше навремено

Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се...

Економија45 минути

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон „Алта банка“, средствата се во Трезорот, финансиската стабилност е сигурна

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска...

Забава1 час

Хали Бери и Оливие Мартинез повторно на суд: Актерот бара зголемување на алиментацијата

Францускиот актер Оливие Мартинез (60) побара зголемување на износот за издршка што го добива од неговата поранешна сопруга, холивудската ѕвезда...

Македонија2 часа

Пензиските заштеди и правата на членовите – во фокусот на реформите: АДПФ бара јавна, аргументирана и стручна дебата

Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиски фондови (АДПФ) денеска повика секој предлог за реформа на пензискиот систем да се...

Македонија2 часа

(Видео) Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка?

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД...