Контакт

Свет

Oд понеделник во Гана еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на ОН

Објавено пред

Претседателот на Гана, Нана Акуфо Адо од понеделник прогласи еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации , Кофи Анан.

„Тој во голема мера придонесе за угледот на нашата земја со својата позиција, став и однесување во светот”,стои во соопштението на претседателот на Гана од каде потекнува Анан.

Во соопштенито се додава дека претседателот издал наредба знамињaта низ целата земја да бидат на половина копје цела недела.

Кофи Анан, некогашен генерален секретар на Обединетите Нации и добитник на Нобеловата награда за мир, почина на 81 година, а веста за неговата смрт беше објавена и на официјалната страна на „Твитер“ на Обединетите Нации.

Свет

Помпео: Велика Британија сама да ја осигура безбедноста на своите бродови

Објавено пред

Велика Британија треба самата да ја осигура безбедноста на своите бродови во Персискиот залив, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервју за „Фокс њуз“.

Коментирајќи го запленувањето на британскиот танкер од иранската револуционерна гарда во петокот во Ормутскиот теснец, Помпео истакна дека првенствено одговорноста да се грижи за своите бродови е на Велика Британија.

„САД имаат одговорност да ја одиграат својата улога, но светот, исто така, има голема улога во тоа да ги чува отворени овие поморски патишта“, рече Помпео.

Тој додаде дека САД не сакаат не сакаат војна со Иран, но бараат од нив да се однесуваат како нормална држава.

Танкерот со екипажот во моментов е задржан во иранското пристаниште Бандар Абас. Велика Британија синоќа најави заштитничка поморска мисија со сојузниците од ЕУ во Ормуската Теснина.

Прикажи повеќе...

Свет

САД воведувааат експресна процедура за депортација на мигрантите

Објавено пред

Владата во САД донела одлука со која експресно ќе се забрза процесот на депортација на емигрантите без потребни документи. без право да застанат пред судија.

Согласно тоа, секој емигрант кој не ќе може да докаже дека се наоѓа на тлото на САД континуирано најмалку две години, ќе може веднаш да биде депортиран.

Уредбата денеска треба да стане официјална, а нејзино оспорување најави американскиот Сојуз за граѓански слободи.

Досега на итна депортација беа подложни само емигрантите фатени на територија до 160 милји од границата, кои на американско тло минале помалку од две недели. Мигрантите кои биле приведувани во другите делови на САД мораа да се изведат пред суд и имаа право на адвокат.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Грчкиот Парламент изгласа доверба на новата Влада

Објавено пред

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот Парламент.

Расправата траеше три денa, почнувајќи во саботата попладне, а завршувајќи синоќа.

Владата ја доби поддршката само од пратениците од Нова демократија.

Од собраниската говорница се обратија  155 пратеници од кои 33 министри, 108 пратеници, лидерите на политичките партии и Мицотакис.

Тој претходно пред пратениците ја претстави владината програма.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, пришто пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат забелешки...

Македонија1 час

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион1 час

Грчкиот Парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот Парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија16 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија17 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија17 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија19 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија20 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија22 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет23 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет24 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет24 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет1 ден

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 ден

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет1 ден

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија1 ден

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија2 дена

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион2 дена

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија2 дена

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија2 дена

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Досие