Свет
Oбјавено големо истражување за антитела по вакцините „фајзер“, „астразенека“, „спутник“ и „синофарм“
Вакцината на „Фајзер – Бионтек“ го произведе најсилниот имунолошки одговор на телото против Ковид-19 од четири вакцини тестирани во студија објавена во списанието „Cell Host and Microbe“.
Според ова истражување, луѓето вакцинирани со „Синофарм“ може да бидат најподложни на Ковид.
Истражувачите го споредија имунолошкиот одговор на телото кај луѓе вакцинирани со „фајзер“, „астразенека“, „спутник“ и „синофарм“, а студијата беше спроведена во јули на 196 целосно вакцинирани лица во Монголија, каде што се користеа сите четири типа вакцини, што е ретко.
Нивоата на неутрализирачки антитела варираат во голема мера во секоја од четирите групи вакцини.
Релативно ниски концентрации на антитела се развиле со вакцинација со „синофарм“ и „спутник“, умерени нивоа на антитела развиле оние кои биле вакцинирани со „астразенека“, а најмногу оние со „фајзер“.
Русите го оспорија истражувањето
Причините за разликите во имунолошкиот одговор на организмот по вакцинацијата со споменатите четири вакцини сега се предмет на интензивно истражување на експертите.
Веројатно ќе вклучи фактори како што се количината на активна состојка во секоја доза од вакцината, како и интервалот помеѓу првата и втората доза, напишаа авторите на студијата во која учествуваа научници од Универзитетот Стенфорд, Фондацијата Оно и Националниот центар за заразни болести во Улан Батор. Резултатите од студијата беа објавени во четвртокот.
И варијациите во начинот на кој се давале вакцините играле улога во добиените резултати.
Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој беше вклучен во развојот на руската вакцина и е задолжен за нејзината меѓународна дистрибуција вели дека споредбите на перформансите на вакцината се погрешни бидејќи поминало повеќе време помеѓу администрирањето доза на „спутник В“ и мерење на антителата отколку со другите вакцини.
РДИФ исто така истакнува дека луѓето кои биле вакцинирани со „спутник“ биле во просек 10 години постари од оние кои примиле други вакцини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Свет
Орбан: Западот е на чекор од испраќање војници во Украина, Брисел си игра со оган
Западот е на чекор од испраќање војници во Украина и во Брисел владее провоено мнозинство, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Во Европа расположението е војна, а во политиката доминира логиката на војната. Гледам подготовки за војна од сите страни. Генералниот секретар на НАТО сака да формира украинска мисија на НАТО. Европските лидери веќе влегоа во војна, разговарам со нив, ги слушам, тие ја гледаат оваа војна како нивна и така ја водат“, истакна Орбан.
Унгарскиот лидер укажа на постепено зголемување на помошта на Европа за Украина, почнувајќи од испраќање воена опрема и воведување санкции кон Русија до испраќање оружје и пари, објави HirTV.
Пари, пари, оружје, но состојбата не се подобрува, всушност се влошува. На чекор сме од Западот да испрати војници во Украина. Ова е вител на војна што може да ја одвлече Европа во длабочините. Брисел си игра со оган – предупреди Орбан и нагласи дека Будимпешта нема да биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт.
Свет
Г7: Ќе ја зајакнеме воздушната одбрана на Украина
Земјите-членки на Г7 се решени да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина, изјавија денеска нивните министри за надворешни работи кои се собраа на состанокот во Капри.
Седум суперсили – Италија, Канада, Франција, Германија, Јапонија, Велика Британија, САД и ЕУ – силно ја критикуваат руската инвазија на Украина, која трае повеќе од две години.
Сепак, Киев ги предупредува дека мора да ја сменат стратегијата доколку сакаат Украина да издржи се подеструктивни руски воздушни напади. Русија негира дека мета и се цивилите, но смета дека енергетскиот систем на Украина е легитимна цел. Во овие напади беа убиени стотици цивили.
„Г7 ќе ја зајакне воздушната одбрана на Украина за да спаси животи и да ја заштити критичната инфраструктура“, рекоа министрите за надворешни работи, додавајќи дека ќе ја зголемат одбранбената и безбедносната помош за Киев.
„Ние сме решени да продолжиме да обезбедуваме воена, финансиска, политичка, хуманитарна, економска и развојна помош за Украина и нејзиниот народ“, додаваат тие.
Изјавата беше објавена на крајот од тридневниот министерски состанок во Капри, каде главни теми беа Украина и воените конфликти меѓу Израел и Иран.