Контакт

Свет

(Oд минута во минута) ЕП бара ембарго за руските енергенси, Лавров го отфрла украинскиот предлог

Објавено пред

Денеска е 42. ден од руската инвазија.

dobivaj vesti na viber

Најновите вести од минута во минута:

20:24 Украина: Најдовме 26 тела под две урнати згради во Бородјанка

Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова рече дека 26 тела биле пронајдени под две урнати згради во Бородјанка, околу 23 километри западно од Буча, пренесува Ројтерс.

19:40 Блинкен: САД ќе ѝ го испратат на Украина потребното оружје

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изјавил дека Вашингтон нема да дозволи ништо да застане на патот да ѝ го испрати на Украина оружјето што ѝ е потребно во борбата против Русија, пренесуваат американските гласила.

Тој рекол дека САД размислуваат какво ново оружје би можеле да ѝ испратат на Украина, пренесе „Ројтерс“.

19:20 Европскиот парламент ја прекинува соработката со руската научна заедница

На седницата во Стразбур пратениците на Европскиот парламент го поддржаа ставот дека ЕУ треба да ја прекине соработката со руската научна заедница и да ја прошири со украинската, пренесува АП.

18:20 Русија исклучена од Советот за човекови права

Генералното собрание на Обединетите нации денеска гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН, со седиште во Женева.

За иницијативата, предводена од САД, според новинарските извештаи, гласале 93 земји, 24 земји гласале против, а 58 земји биле воздржани, објави „Ројтерс“.

17:57 Градоначалникот на Днепар: Цивили, евакуирајте се додека можете

Во видео обраќање, градоначалникот на Днепар, Борис Филатов, рекол дека секој кој не е директно вклучен во работа на клучната инфраструктура треба да го напушти градот и да оди на побезбедно место на запад.

17:20 Рускиот премиер: Поради санкциите се наоѓаме во најтешката ситуација во последните 30 години

„Русија се соочува со најтешката ситуација во последните три децении поради невидените западни санкции, но обидите на странските земји да ја изолираат од глобалната економија ќе пропаднат“, изјавил рускиот премиер Михаил Мишустин, пренесуваат регионалните медиуми.

16:50 Украина ја обвини Унгарија дека му помага на Путин и го уништува единството на ЕУ

Киев ја обвини Унгарија дека му помага на Путин во војната против Украина еден ден откако Виктор Орбан изјави дека е подготвен да купува руски гас во рубли за разлика од другите земји од Европската Унија.

16:20 Украина со одговор на Лавров: Москва сака да го оттргне вниманието од настаните во Буча

Членот на украинскиот преговарачки тим, Михаил Подољак, одговори на критиките на рускиот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, кој претходно денеска изјави дека Киев отстапил од одредбите утврдени на средбата во Истанбул.

15:35 Русија го отфрли украинскиот предлог: „Ова ги покажува вистинските намери на Киев“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека нацрт-мировниот договор предложен од Киев до Москва содржи неприфатливи елементи, но додаде дека Русија сепак ќе продолжи со преговорите и ќе работи на исполнување на сопствените безбедносни барања.

„Мировните разговори Москва-Киев не напредуваат толку брзо како што се посакува“, рече Лавров, обвинувајќи го Западот дека се обидува да влијае со привлекување внимание на наводните воени злосторства за кои Москва негира одговорност.

14:50 Проруските сепаратисти тврдат: Главната битка во центарот на Мариупол е завршена

Проруските сепаратисти во источна Украина тврдат дека во голема мера го контролираат центарот на опколениот пристанишен град Мариупол, јави ДПА.

„Можеме да кажеме дека главната битка во централниот дел на градот е завршена“, изјави утринава за руската државна телевизија портпаролот на проруските сили во регионот на Донецк, Едуард Басурин. Украина ги отфрла таквите наводи.

14:40 Европскиот парламент бара итно целосно ембарго на увозот на руска нафта, јаглен и гас

Европскиот парламент повика на уште посилни санкции на ЕУ против Русија, вклучително и целосен прекин на увозот на енергенси од таа земја, а да се вклучи и сојузникот на Кремљ, Белорусија.

Во резолуцијата усвоена денеска со 513 гласа „за“, 22 „против“ и 19 „воздржани“, европратениците повикаа на дополнителни санкции против Русија, вклучително и итно целосно ембарго за увоз на руска нафта, јаглен, нуклеарно гориво и гас што е можно поскоро, известија од Европскиот парламент.

14:25 Поранешни германски министри поднесоа кривични пријави против Путин и други руски претставници

Двајца поранешни министри на германската влада денеска поднесоа кривични пријави до германските сојузни обвинители, барајќи отворање истрага за воени злосторства против руски официјални лица, вклучително и претседателот Владимир Путин, поради конфликтот во Украина.

Tие сакаат да ги искористат германските закони кои дозволуваат кривично гонење за тешки злосторства извршени во странство за да ги изведат пред лицето на правдата оние што ги сметаат за одговорни за злосторствата во Украина, пренесува АП.

13:56 Кремљ: Американската воена помош за Украина ќе им наштети на мировните преговори

Кремљ соопшти дека одлуката на Вашингтон да продолжи со снабдување на Украина со оружје и воена помош веројатно ќе ги поткопа изгледите за успешни мировни преговори меѓу Русија и Украина.

„Испораките на оружје за Украина нема да придонесат за успехот на руско-украинските преговори“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков пред новинарите, одговарајќи на прашање за испораката на оружје од САД за Украина.

13:05 Украинските житарки заглавени на границата со Полска, нема доволно работници, ниту вагони

Околу 1.100 вагони со жито чекаат во западна Украина за да ја поминат границата со Полска, но не можат да се движат поради долгите бирократски процедури и логистички проблеми, јавуваат трговците и претставници на украинската железничка компанија.

Кога на тоа ќе се додадат вагони натоварени со растително масло, руда, метали, хемикалии и јаглен, бројката се искачува на 24.190 вагони, покажуваат неодамна објавените податоци на украинската државна железничка компанија Укрзализница.

12:30 Поинтензивно ќе ја снабдуваме Украина со оружје, вели германската министерка за надворешни работи

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Баербок, на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО изјави дека алијансата се обидува да ја зголеми својата помош за Киев со различно воено оружје.

12:00 Путин излегува во јавност – ќе оди на погреб кај Владимир Жириновски

Рускиот претседател, Владимир Путин, дефинитивно ќе се збогува со лидерот на ЛДПР, Владимир Жириновски, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Ова ќе биде неговото ново појавување во јавноста, по тоа на 18 март во Москва кога се одржа големиот митинг по повод анексијата на Крим и Светастопоље.

„Претседателот дефинитивно ќе се збогува со Жириновски“, рече Песков.

11:15 ЕУ сака да го прекине увозот на руски јаглен, Унгарија против

Се очекува денеска претставниците на ЕУ да ја одобрат забраната за увоз на руски јаглен, која целосно ќе стапи на сила од средината на август, еден месец подоцна од првично предложеното, по притисокот од Германија да се одложи мерката, објави „Ројтерс“, цитирајќи извор од ЕУ.

Постепеното укинување на рускиот увоз на јаглен е столбот на петтиот пакет санкции на ЕУ против Русија, предложен од Европската комисија оваа недела, како одговор на злосторствата во украинскиот град Буча.

Но, унгарскиот министер за надворешни работи рече дека земјата не ги поддржува предлозите за енергетски санкции кон Русија.

Петер Сијарто кажа и дека воведувањето санкции за какви било активности поврзани со нуклеарната енергија е „црвена линија“ за Унгарија.

11.10 Украина тврди: Околу 18.900 руски војници загинале во војната

Украинскиот Генералштаб соопшти дека во војната во Украина загинале околу 18.900 руски војници

11:00 Украина: Потегот на Унгарија е непријателски чин

Министерството за надворешни работи на Украина утринава соопшти дека ја смета подготвеноста на Унгарија да плати за рускиот гас во рубли за „непријателски чин“ и дека односот на Унгарија кон руските злосторства го зајакнува чувството на неказнивост на Русија и ја охрабрува Русија „да изврши нови злосторства против Украинци“, пренесува „Гардијан“.

11:00 Западен експерт за Русија: Украина победува

Украина ја добива војната во својата земја, вели експерт за Русија и Источна Европа. Марк Војџер, од Трансатлантската програма за одбрана и безбедност во Центарот за европски анализи, за „Скај њуз“ изјави дека Украина победува на повеќе страни.

„Украина победува на теренот, тактички, оперативно, меѓународно, стратешки“, рече Војџер.

10.58 Претседателот на Чешка: Русите се луди, на Путин да му се суди

Чешкиот претседател Милош Земан, кој до нападот на Украина тврдеше дека „Русите не се луди да го прават тоа сега“, истакна дека „очигледно се луди“

10.45 Украинска армија: Руските војници копаат ровови во радиоактивна шума

Објавеното видео направено со помош на дрон наводно покажува докази дека руски војници ископале ровови во Црвената шума, една од најрадиоактивните области во светот.

10.35 Бајден: Целта на санкциите е да се задуши руската економија во годините што доаѓаат

За само една година, нашите санкции веројатно ќе ги избришат последните 15 години од економските придобивки на Русија и затоа што ја отсековме Русија од важни технологии како што се полупроводниците и безбедноста на шифрирањето и критичните компоненти на квантната технологија што им се потребни за да бидат конкурентни на 21-ви век

10:30 ЕУ ќе разговара за ембаргото на руската нафта

Нова рунда санкции на ЕУ кон Русија – вклучително и забрана за увоз на јаглен – би можела да биде договорена, рече шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел.

10:30 Фон дер Лаен патува во Киев за да разговара со Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре во Киев ќе разговара со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, соопшти портпаролот на украинскиот претседател, Сергеј Никифоров.

Зборувајќи за националната телевизија, Никифоров рече дека од безбедносни причини не може да ги објави деталите за разговорот.

10.25 ДНР: Украинската армија запали брод на морнарицата

Украинската армија го запали командниот брод на украинската морнарица Донбас во пристаништето Мариупол, што може да биде дел од кампањата за дискредитација на руските вооружени сили, соопшти денеска самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР).

10.20 Евакуација на украинските цивили денеска преку 10 хуманитарни коридори

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека се надева оти земјата ќе може да ги евакуира цивилите преку 10 хуманитарни коридори денеска.

10.15 Претседателот на Полска: Русите сакаат да ја снема украинската нација, тоа е геноцид

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека се согласува со украинскиот претседател Володимир Зеленски дека руските акции во предградијата на Киев и на други места во земјата претставуваат геноцид.

10:10 Владимир Кличко: Геноцидот се случува пред очите на Европа и светот

Владимир Кличко, поранешен светски шампион во бокс и брат на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги осуди злосторствата извршени од руската армија и рече дека геноцид се случува пред очите на Европа и светот.

Тој објасни дека Русите не бираат цели и рече дека нивната агресија не смее да остане неказнета.

10:00 Захарова: Земјите што протераа руски дипломати ќе добијат тежок одговор

Земјите кои протераа руски дипломати нема да ги затворат руските амбасади, бидејќи во спротивно ќе видат катанец на нивните амбасади, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

09:50 Австриското Министерство за надворешни работи одлучи да протера четворица руски дипломати

Австриското Министерство за надворешни работи одлучи да ги следи европските земји и да протера четворица руски дипломати.

Станува збор за тројца дипломати во руската амбасада во Виена и еден од генералниот конзулат во Салцбург, кои ќе треба да ја напуштат Австрија најдоцна до 12 април.

09:40 Мишел: Членките на ЕУ треба да размислат за азил за руските војници кои ја напуштаат војната

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека земјите членки на Европската Унија треба да разгледаат начини да им понудат азил на руските војници кои се подготвени да ја напуштат војната во Украина.

9:30 Најмалку 24.000 руски војници се повлекоа од Киев и Чернихив

Американското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили целосно се повлекле од областите Чернихив и Киев.

– Руските сили кои беа во близина на Киев и Чернихив целосно се повлекоа од тие области со цел да се консолидираат и повторно да се подготват во Белорусија и Русија. Путин не успеа да постигне ниту една од своите стратешки цели. Единственото нешто што успеа да направи е да ја преземе контролата врз помалите места. Русите не го зазедоа Харков – изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

9:20 Австралија воведе санкции за 67 руски државјани

Австралиската министерка за надворешни работи Мери Пејн изјави денеска дека Австралија воведува санкции за 67 руски државјани поради рускиот напад врз Украина.

9:10 Столтенберг: Членките на НАТО повеќе да и’ помoгнат на Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика членките на алијансата да и’ дадат поголема помош на Украина. Тој додаде дека ќе и’ даде до знаење на Москва дека нема да има недоразбирања, погрешни проценки за подготвеноста на НАТО да ги заштити и брани сите сојузници.

„Постои итна потреба за дополнителна помош на Украина. На нашиот состанок во текот на денот со министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, сигурен сум дека ќе ги решиме прашањата за дополнителни противвоздушни системи, противтенковско оружје, лесно, но и тешко оружје и разни форми на помош за Украина“, изјави Столтенберг.

9:00 Украинскиот министер: Мојата агенда има три точки – оружје, оружје и оружје

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, е во Брисел на разговори со сојузниците во НАТО. Говорејќи на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, тој рече дека неговата агенда е многу едноставна.

„Мојата агенда е многу едноставна. Има само три точки. Тоа се оружје, оружје и оружје. Знаеме како да победиме, но без доволни резерви на оружје, овие победи ќе бидат придружени со огромни жртви“, рече тој.

8:45 Четворица цивили загинаа во руски напад врз центар за помош

Четири цивили загинаа, а четворица се ранети во руско гранатирање на центар за хуманитарна помош во малиот град Вугледар во источна Украина, изјави гувернерот на Доњецката област Павло Кириленко.

-Утрово непријателот ги гаѓаше цивилите од Вуледар кои дојдоа да добијат хуманитарна помош. Во гранатирањето загинаа четири лица, а четворица се ранети – наведе Кириленко на Фејсбук.

8:40 Градоначалникот на Мариупол: Над 5.000 цивили се убиени во градот

Градоначалникот на Мариупол изјави дека бројот на убиени цивили во градот е повеќе од 5.000 лица.

Украинските власти собираат докази за можни руски воени злосторства во Украина. Неодамнешните обвинувања против режимот на Владимир Путин доведоа до дополнителни санкции од Западот.

8:30 Канада го повика рускиот амбасадор на разговор

Канада го повика рускиот амбасадор за убиствата на цивилите во киевските предградија Буча и Ирпин, изјави министерката за надворешни работи Мелани Жоли.

8:20 САД ја предупредија Индија да не се приближува до Русија

Главниот економски советник на американскиот претседател, Џо Бајден, рече дека САД ја предупредиле Индија дека не сакаат земјата премногу да се доближи до Русија.

„Нашата порака до индиската влада е дека трошоците и последиците од преминот кон поексплицитно стратешко партнерство со Русија ќе бидат значајни и долгорочни“, изјави за новинарите во средата директорот на Националниот економски совет на Белата куќа, Брајан Дис.

8:10 Украина може апсолутно да победи во војната против Русија, тврди Пентагон

Украина може апсолутно да ја добие војната против Русија, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби на денешниот брифинг.

„Се разбира дека тие можат да го добијат ова. Доказот е буквално во резултатите што ги гледате секој ден. Апсолутно можат да победат“, рече Кирби.

8:00 Зеленски го повика Западот да се договори за ембарго на руската нафта

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Западот да се договори за ембарго на руската нафта бидејќи војната во Украина влегува во својата шеста недела.

Во своето обраќање, Зеленски рече дека Москва заработува толку многу пари од извозот на нафта што не мора сериозно да ги сфаќа мировните преговори и го повика демократскиот свет да се држи настрана од руската нафта.

 

 

 

Свет

Убиен рапер, пронајден во хотелска гаража откако бил застрелан: Џастин Бибер јавно се опрости од него

Објавено пред

Раперот Крис Кинг почина во саботата во Нешвил, Тенеси.

dobivaj vesti na viber

Крис бил ранет околу 2 часот и 30 минути кога бил со пријателите во уличка, соопшти полицијата, пренесува „Пипл“.

Како што се наведува понатаму, тројца мажи им пришле и се обиделе да ги ограбат, а Кинг и уште еден маж биле ранети. Напаѓачите побегнале, а раперот бил пронајден во гаража на хотел.


Веднаш бил пренесен во болница, но таму починал.

32-годишниот рапер беше близок пријател со пејачот Џастин Бибер, кој јавно се опрости од него.

“Те сакам брат. Ова боли“, напиша Џастин Бибер, пренесува гореспоменатиот медиум.

Прикажи повеќе...

Свет

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Објавено пред

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Бригада ал-Касам, повика на ескалација на сите фронтови во телевизискиот говор по повод 200 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Во видеото објавено од Ал Џезира, Абу Убаида го пофали нападот на Иран врз Израел на 13 април, велејќи дека директните напади со беспилотни летала и ракети „поставуваат нови правила, повлекоа важни паралели и ги збунија непријателот и оние што стојат зад него“.

Тој повика и на ескалација на Западниот Брег и во Јордан, велејќи дека тоа е „еден од најважните арапски фронтови“.

„Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене својот глас“, рече тој.

Абу Убаида рече дека Хамас останува на барањата што ги постави на разговорите за прекин на огнот, односно бара Израел да ја прекине воената офанзива, да ги повлече своите сили од Појасот Газа, да им дозволи на раселените да се вратат во северниот дел на Појасот Газа и да ја укине блокадата.

Во меѓувреме, Израел ги засили нападите низ Појасот Газа во вторникот, рекоа жителите, додавајќи дека тоа е едно од најлошите гранатирања во последните неколку недели. Армијата нареди нова евакуација на северот од палестинската енклава, предупредувајќи ги цивилите дека се наоѓаат во „опасна борбена зона“.

Во соопштението за платформата X, портпаролот на израелската армија Авичај Адраи ги повика жителите на четири зони во Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа да се преселат во засолништа во две одредени области.

Новото гранатирање и бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа доаѓа речиси четири месеци откако израелската армија објави дека ги повлекува своите војници, тврдејќи дека Хамас повеќе не ги контролира областите.

Израел, исто така, овој месец повлече поголем дел од своите сили од јужниот дел на Појасот Газа. Но, обидите да се постигне прекин на огнот не успеаја, а израелските бомбардирања и упади на територијата од која војниците се повлекоа го отежнуваат враќањето на раселените во своите домови.

Прикажи повеќе...

Регион

Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот

Објавено пред

Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.

dobivaj vesti na viber

Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.

Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.

Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија4 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија6 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија8 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија9 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија10 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет11 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија11 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет11 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија11 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет12 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...