Контакт

Свет

(Oд минута во минута) Одбиен рускиот ултиматум, украинските сили продолжија да се борат

Објавено пред

Од минута во минута ја следиме состојбата во Украина.

dobivaj vesti na viber

Клучни настани: 

  • Руското Министерство за одбрана тврди дека руските сили во Мариупол опколиле до 400 странски платеници кои се борат на украинската страна
  • Зеленски: Судбината на Мариупол може да се реши или со борби или со дипломатија
  • Русија  се закани дека ќе ги елиминира украинските војници кои се уште се борат и даваат отпор во Мариупол
  • Украинскиот пратеник од Одеса, Олексеј Гончаренко за Би-Би-Си изјави дека украинските војници во Мариупол нема да и’ се предадат на Русија
  • Украина и Русија денеска не успеаја да се договорат за коридори за евакуација
  • Јуриј Бова, градоначалник на Тростианец изјави дека властите пронашле остатоци од хемиско оружје во селото Билка, окупирано од Русија
  • Руската војска соборила украински воен транспортен авион кој носел воена опрема од западните земји
  • Руското Министерство за одбрана постави ултиматум до украинските сили кои се’ уште се борат во опколениот град Мариупол да го положат оружјето

Најновите вести:

20:50 Медведев: Европа ја чекаат празни полици, бран криминал, хиперинфлација и банкрот

Дмитриј Медведев, поранешен руски премиер и потпретседател на Советот за безбедност на Русија, вели дека „европскиот финансиски систем не е стабилен“ и дека „Европејците ја губат довербата“.

Како што јави руската агенција, ТАСС, Медведев ги коментирал недамнешните изјави на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која рече дека банкротот на Русија е „прашање на време“.

19:20 Зеленски до Макрон: Дојди во Украина и самиот увери се дали е ова геноцид

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека го поканил Емануел Макрон да дојде во Украина и лично да се увери дека руските сили вршат геноцид, термин што неговиот француски колега досега одбиваше да го користи.

19:10 Украина: Ситуацијата во Мариупол може да биде „црвена линија“ за преговорите со Русија

Страшната ситуација во Мариупол може да биде „црвена линија“ и да застане на патот на мировните преговори, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Говорејќи за CBS News, Кулеба рече дека во скоро време немало директна дипломатска комуникација меѓу Русија и Украина на ниво на министри за надворешни работи, додавајќи дека очекува „ескалација на тешките борби во источна Украина“ во наредните недели.

18:15 Руската армија: Влегуваме во челичарницата во Мариупол каде се Азов и маринците

Руската агенција РИА пишува дека украинските војници во Мариупол одбиле да го положат оружјето.

„Ситуацијата на фронтот е тензична, но ние постојано напредуваме. Веќе влегуваме во челичарницата Азовстал. Втората челичарница Илич е практично наша. Примирје нема да има. Ја игнорираа нашата иницијатива, добивме одговор“, рече командантот на проруската сепаратистичка единица.

Се верува дека последните бранители на опколениот и разурнат Мариупол, Азовскиот полк и украинските маринци се во огромната фабрика за челик Азовстал.

18:00 Естонија им забрани на руските бродови пристап до пристаништата

Естонија денеска им забрани на бродовите што пловат под руско знаме да влезат на нејзините пристаништа на Балтичкото Море.

Одлуката е донесена во согласност со петтиот пакет санкции на ЕУ против Москва, поради инвазијата врз Украина.

17:05 Зеленски: Украина нема намера да го предаде Донбас, ќе се бориме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина се бори во регионот на Донбас и дека нема намера да се предаде.

Во интервјуто емитувано од Си-Ен-Ен, Зеленски ја отфрли идејата да и’ се дозволи на Москва да го преземе Донбас и дел од источна Украина за да го запре конфликтот.

„Украина и нејзиниот народ се јасни. Ние немаме право на туѓи територии, но нема да се откажеме од нашите“, рече Зеленски.

16:00 Украина: Убивме 20.300 руски војници, соборивме 165 авиони, потонавме 8 бродови

Украина објави дека од почетокот на инвазијата биле убиени 20.300 руски војници, а 2.002 руски оклопни возила биле уништени. Уништени се 146 руски хеликоптери и 773 тенкови, тврди Украина.

Минатиот месец Русија тврдеше дека 1.351 руски војник загинале во Украина, додека НАТО на 24 март процени дека биле убиени до 15.000 руски војници.

Тие исто така велат дека уништиле 165 руски авиони, 148 дронови, 8 бродови и 66 противвоздушни системи.

15:16 Папата ја критикуваше Русија на Велигден: Украина е вовлечена во сурова и бесмислена војна

Папата Франциско во велигденското обраќање ги повика лидерите да го слушнат плачот на народот за мир во Украина и отворено ја критикуваше Русија дека ја вовлекува земјата во „суров и бесмислен“ конфликт.

Во пораката „Urbi et orbi“ – до градот (Рим) и светот – упатена до толпата од 50.000 луѓе на плоштадот Свети Петар по долгата утринска миса, 85-годишниот Папа посвети најголем дел од своето време на Украина, споредувајќи го шокот од  војната во Европа со шокот на апостолите кога, според Евангелието, го виделе воскреснатиот Исус.

14:40 Русија загрижена поради активноста на силите на НАТО на Арктикот

Русија вели дека е загрижена за зголемената активност на силите на НАТО на Арктикот и во нив гледа ризици од „ненамерни инциденти“ кои би можеле да се случат во регионот, изјави рускиот амбасадор Николај Корчунов, пренесува Тасс.

„Неодамнешниот пораст на активностите на НАТО на Арктикот е причина за загриженост. Неодамна на северот на Норвешка се одржа уште една голема воена вежба на Алијансата. Според нас, тоа не придонесува за безбедноста на регионот“, рече Корчунов.

13:38 Русија: Ќе ги елиминираме војниците кои даваат отпор во Мариупол доколку не се предадат

Руското Министерството за одбрана се закани дека ќе ги елиминира украинските војници кои се’ уште се борат и даваат отпор на опколениот Мариупол и потврди дека Украина го игнорирала ултиматумот со кој се бара нивно предавање.

Во соопштението се наведува дека украинските војници опкружени со џиновската фабрика за челик во градот биле повикани „доброволно да го положат оружјето и да се предадат за да ги спасат своите животи“.

„Сепак, националистичкиот режим во Киев ги забрани преговорите за предавање“, соопшти Министерството.

13:30 Украински пратеник: Разговарав со војниците од Мариупол, ќе се борат до крај

Украинскиот пратеник од Одеса, Олексеј Гончаренко за Би-Би-Си изјави дека украинските војници во Мариупол нема да и’ се предадат на Русија.

„Разговарав со нив вчера и знам дека ќе се борат до крај“, рече тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека ќе ги прекине преговорите за запирање на инвазијата во случај Русија да ги „елиминира“ украинските борци во Мариупол.

13:00 Зеленски: Ситуацијата во Мариупол е нехумана

Украинскиот претседател изјави дека ситуацијата во Мариупол е нехумана и ги повика сојузниците да испратат оружје за да го спасат градот од руските сили.

Тој инсистираше на тоа дека лидерите на другите земји мора веднаш да испратат оружје или да интервенираат за да ја принудат Русија на понатамошни преговори.

12:30 И Бугарија им забрани на руските бродови пристап до нејзините пристаништа

Бугарија им забрани на бродовите под руско знаме да влезат во нејзините пристаништа на Црното Море како дел од проширените санкции на ЕУ, објави Поморската управа на земјата на својата веб-страница.

11:35 Руските банки и енергетскиот сектор на удар од нови санкции

Како дел од шестиот пакет санкции против Русија, Европската унија разгледува мерки кои се однесуваат на банкарскиот сектор, поточно на Сбербанк. Се разгледуваат и ограничувања во областа на енергетиката, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

11:23 Русија: Во Мариупол опколивме 400 платеници, повеќето од Европа и Канада

Руското Министерство за одбрана тврди дека руските сили во Мариупол опколиле до 400 странски платеници кои се борат на украинската страна, пренесува руската агенција РИА Новости.

„Севкупно, според информациите што ги добивме од украинските војници кои се предале, до 400 странски платеници сега се опколени на територијата на фабриката Азовстал“, изјави на брифингот генерал-мајор Игор Конашенков, портпарол на Министерството за одбрана.

10:50 Денеска нема да има евакуација, Украина и Русија не успеаја да се договорат за коридорорите

Украина и Русија денеска не успеаја да се договорат за коридори за евакуација за да им помогнат на цивилите кои бегаат од областите погодени од војна, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

„Не успеавме да се договориме за прекин на огнот на патиштата за евакуација. Затоа, за жал, денеска не отвораме хуманитарни коридори“, изјави вицепремиерката.

9:39 Русите велат: „Нема повеќе украински сили во Мариупол, оние кои се во фабриката да се предадат“

Руското Министерство за одбрана соопшти дека повеќе нема украински сили во целото урбано подрачје на Мариупол.

Како што се наведува, само неколку борци останале во фабриката за челик Азовстал – каде што се воделе борбите.

09:15 Во напад во Харков загинаа три лица, а 34 се повредени

Во експлозија во Харков загинаа три лица, а 34 се повредени, изјави градоначалникот Ихор Терехов.

Градот беше погоден од ракетен напад во саботата, а кујната поставена од Светската централна кујна беше уништена.

Светската централна кујна ја води познатиот готвач Хозе Андреас за да обезбеди храна во воената зона за оние на кои им е потребна. Андреас на Твитер напиша дека членовите на персоналот на невладината организација се потресени, но безбедни.

09:00 Во Украина почна да пристигнува американската воена помош

Некои пратки со американската воена помош почнаа да пристигнуваат во Украина, изјави претставник на Белата куќа, цитиран од Си-Ен-Ен.

Претходно оваа недела, претседателот Џо Бајден одобри дополнителни 800 милиони долари воена помош за Украина.

 

08:50 Украина: Пронајдовме остатоци од хемиско оружје

Јуриј Бова, градоначалник на Тростианец во регионот Суми, за украинското радио изјави дека властите пронашле остатоци од хемиско оружје во селото Билка, окупирано од Русија.

Тој рече дека пронашле докази за сарин и други отровни материи, додека британскиот Гардијан пишува дека не може да ги потврди тврдењата на Бове.

08:40 Експлозии во Киев

Во главниот град Киев се слушнале експлозии, јавува Ројтерс.

Вчера едно лице загина, а неколку  беа повредени во воздушни напади врз градот.

08:20 Зеленски: За спас на Мариупол потребно ни е многу оружје од нашите партнери или помош за преговори

Судбината на Мариупол може да се реши или со борби или со дипломатија, рече тој.

08:00 Русија: Соборивме украински авион кој носел оружје од западните земји

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, соопшти дека руската војска соборила украински воен транспортен авион кој носел воена опрема од западните земји.

Во соопштението се наведува дека „украински воен транспортен авион е соборен во воздух“ во регионот на Одеса.

07:00 Руски ултиматум до бранителите на Мариупол: Положете го оружјето и ќе останете живи

Руското Министерство за одбрана постави ултиматум до украинските сили кои се’ уште се борат во опколениот град Мариупол да го положат оружјето, објави руската новинска агенција Тас.

Свет

Египет го достави предлогот на Хамас до Израел за едногодишен прекин на огнот во Газа

Објавено пред

Египетските власти му доставија на Израел предлог изготвен од Хамас, со кој се бара едногодишен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за радикалните Палестинци да ги запрат нападите врз израелските сили, објави ТВ каналот Ал Хадат со седиште во Дубаи.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите, Египет го доставил предлогот на Хамас до израелската делегација. Изворите наведоа дека и Египет презентирал сопствена иницијатива, барајќи од Израел целосно да ја прекине операцијата во градот Рафах на југот на Појасот Газа во близина на египетската граница, пренесе ТАСС.

За возврат, египетските власти ветуваат дека ќе обезбедат „напредок во разговорите“ со радикалните палестински групи за ослободување на израелските заложници што ги држат во Појасот Газа, велат изворите.

На 1 декември 2023 година, израелската армија го обвини Хамас за кршење на примирјето што стапи на сила на 24 ноември и за продолжување на борбените операции во Појасот Газа.

Прикажи повеќе...

Европа

Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина

Објавено пред

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.

„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.

Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.

„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Објавено пред

Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.

dobivaj vesti na viber

Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.

Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ3 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија4 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија5 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија6 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија6 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија6 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија7 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија17 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија18 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија18 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија19 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија19 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија20 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија21 час

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија21 час

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија21 час

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија22 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...