Контакт

Свет

Од денес стапува на сила забраната за носење бурки и никаби во сите италијански училишта

Објавено пред

Од денес, во сите италијански училишта стапува на сила забраната за покривање на лицето, откако претседателот Серџо Матарела потпиша уредба од десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони, соопшти кабинетот на италијанскиот претседател. Според уредбата, лицата на учениците мора да останат препозналиви, со што практично се забрануваат исламските превези што целосно го покриваат лицето, како што се бурката и никабот.

Почнувајќи од учебната 2027/2028 година, се воведува и ограничување според кое децата со странско потекло, кои не го зборуваат италијанскиот јазик доволно добро, не смеат да сочинуваат повеќе од 30 отсто од учениците во паралелките од прва година на сите нивоа на образование. Мерките беа воведени преку итна уредба и сега мора да бидат ратификувани од парламентот во рок од 60 дена.

Квотата се однесува на деца кои немаат италијанско државјанство, не се родени во Италија и не посетувале италијанска градинка најмалку две години. Во средните училишта, учениците мора да имаат завршено најмалку три години школување во Италија за да бидат изземени од оваа квота.

Од родителите кои имаат значителни тешкотии со италијанскиот јазик може да се побара да посетуваат јазични курсеви, доколку тоа ја попречува комуникацијата со училиштето на нивното дете. Премиерката Мелони ги најави мерките на почетокот на септември, а владата ја одобри уредбата кратко потоа.

Мелони ја предводи италијанската коалиција од три партии – составена од екстремно десничарски и конзервативни партии – уште од 2022 година. Таа победи на изборите со ветување дека ќе заземе построг став кон мигрантите.

Нејзината партија, „Браќа на Италија“ (Fratelli d’Italia), продолжува да води во анкетите пред изборите што се очекуваат следната година. Сепак, коалицијата неодамна се најде под притисок од новоформираната партија „Национална иднина“ (Futuro Nazionale), предводена од поранешниот генерал Роберто Ваначи, која се залага за уште построг пристап кон миграцијата.

 

фото/ЕПА

Најново

Спорт2 часа

Раул Гонзалес го напушти РК Партизан

Во ист ден, ракометниот клуб Партизан остана без претседателот на Управниот одбор, тренерот, Раул Гонзалез и еден од најдобрите ракометари,...

Спорт3 часа

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт3 часа

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет4 часа

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет4 часа

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет4 часа

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет5 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија5 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија5 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...