Контакт

Свет

Огромен пожар се приближува кон Бордо, Макрон свика кризен состанок

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, свика итен состанок на владата за денес поради шумските пожари кои се приближуваат кон Бордо на југозападот од земјата. Борбата против пожарот ќе биде дополнително комплицирана од новиот топлотен бран, а големи пожари се активни и во Шпанија, пишува Би-Би-Си.

Градоначалникот на Бордо, Томас Казенав, изјави дека пожарот се наоѓа на само 15 километри од градот. Според него, евакуацијата на метрополитенската област, која е дом на околу 850.000 жители, засега не се разгледува. Сепак, десетици илјади луѓе веќе се евакуирани од околното подрачје.

Министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, ја оцени ситуацијата како „многу неповолна“ и истакна дека пожарот „се движи непредвидливо“ кон градот. Дополнителна загриженост предизвикуваат и временските прогнози кои предвидуваат температури до 40 степени Целзиусови во некои делови од Франција за вторник.

Главниот пожар во регионот Жиронд е создаден од таканаречен „пирокумулимбус“, огромна огнена бура што генерира свои ветрови и молњи, објави Националната федерација на пожарникари на Франција.

„Не знаеме како ќе се шири пожарот, линијата на огнот постојано се менува. Не можеме директно да се бориме против него“, рече Ерик Брокарди, портпарол на здружението. Тој ја опиша ситуацијата како „битка на Давид против Голијат“ и рече дека контролата ќе бара „силни дождови во текот на три дена“ или насочување на пожарот кон морето.

Повеќе од 330.000 луѓе се евакуирани во Франција и Шпанија поради пожарите што беснеат низ Европа со недели. Само во југозападна Франција, повеќе од 220.000 жители ги напуштија своите домови.

Вкупно 98.000 хектари изгореа во Франција оваа година, од кои 42.000 на југозапад, еден од најголемите шумски пожари од Втората светска војна.

Шпанските пожарникари се борат со нов голем пожар во близина на Валенсија од вчера, што предизвика евакуација на околу 15.000 луѓе. Пилар Бернабе, претставник на централната влада во Валенсија, рече дека пожарот е „многу интензивен“ и дека се очекува времето да се влоши.

Премиерот, Педро Санчез, го посети местото на пожарот во покраината Авила, западно од Мадрид, и рече: „Нè очекуваат тешки часови“. Санчез, исто така, повика на „голем јавен договор за климатската криза“.

фото/Depositphotos

Најново

Спорт2 часа

Кејн: Роналдо, јас, Златната топка… Сценарио од најлудите соништа

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, подготвен е да стане рекордер по број на настапи за националниот тим, а пред...

Свет2 часа

Маск вложува 60 милиони евра во германска технологија за центри за вештачка интелигенција во вселената

Компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск потпиша договор вреден 60 милиони евра со германската компанија „Сингулус технолоџис“ за набавка на...

Спорт2 часа

„Инфантино треба да биде испратен во психијатриска установа“

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го нападна својот наследник Џани Инфантино, нарекувајќи го диктатор, велејќи дека можеби ќе му...

Спорт2 часа

САД го сакаат Гвардиола за селектор

Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави го гледа Пеп Гвардиола како идеален наследник на Маурисио Покетино, ја пренесе „Атлетик“, обајавата...

Свет2 часа

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна победа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на Соединетите Американски Држави во војната против Иран, која трае повеќе од осум...

Забава3 часа

Не ги оставајте прозорците подотворени во зима: како правилно да го проветрувате домот

Оставањето на прозорецот подотворен на кип изгледа како практичен начин постојано да влегува свеж воздух во просторијата. Меѓутоа, во зима...

Свет3 часа

Осудена на 100 удари со камшик бидејќи родила дете надвор од брак: „Не го заслужувам ова“

Кениската државјанка Естер Ванџа Мутони, која работела како домашна помошничка во Саудиска Арабија, е осудена на 100 удари со камшик...

Забава4 часа

На четири хороскопски знаци им претстои подобар период – проблемите остануваат во минатото

Според астролошките прогнози, четири хороскопски знаци влегуваат во поповолен период во кој би можеле да ги надминат проблемите, да ја...

Регион4 часа

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Црна Гора нема да може да ги затвори пристапните преговори со Европската Унија доколку...