Контакт

Свет

Орбан ѝ честита на АфД: „Подгответе се, ова е само почеток“

Објавено пред

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан денеска ѝ честиташе на Алтернатива за Германија (АфД) за победата на покраинските избори во Саксонија-Анхалт, оценувајќи дека станува збор за „голема ноќ за Германија и Европа“.

„Голема ноќ за Германија и Европа! Им честитам на копретседателката на АфД, Алис Вајдел, на водечкиот кандидат на АфД, Улрих Зигмунд, и на целата АфД за убедливата победа во Саксонија-Анхалт“, напиша Орбан во објава на социјалната мрежа Икс.

„Подгответе се. Ова е само почеток!“, истакна Орбан.

Алтернатива за Германија (АфД), предводена од Улрих Зигмунд, вчера убедливо победи на покраинските избори во германската сојузна покраина Саксонија-Анхалт со 43,8 отсто од гласовите, но не освои апсолутно мнозинство.

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) доживеа тежок пораз и со само 17,2 отсто од гласовите заврши на второто место, покажуваат прелиминарните резултати што изборната комисија ги објави во текот на ноќта.

Според прелиминарните резултати, АфД на изборите во неделата освои 43,8 отсто од гласовите – повеќе од двојно во однос на 20,8 отсто освоени на изборите во 2021 година. ЦДУ сега освои 17,2 отсто од гласовите, додека на претходните избори имаше 37,1 отсто. За Социјалдемократската партија на Германија (СПД) гласале 9,3 отсто од избирачите, во споредба со 8,4 отсто на претходните избори, пренесува „Билд“.

АфД, според прелиминарните резултати, повеќе од двојно го зголеми својот удел во гласовите, од 20,8 отсто во 2021 година на 43,8 отсто, што е најдобар резултат што некоја партија го постигнала на покраински избори во Германија во последните десет години.

Најново

Спорт41 минута

Црна Гора во 91-та минута влезе во Б-дивизијата

Фудбалерите на Црна Гора ја победија Латвија со 2:1 во петтото коло од Ц дивизијата на Лигата на нации. Црногорците...

Спорт1 час

Англија ја победи Хрватска, Шпанија лесно се справи со Чешка

Англија и Шпанија забележаа победи во Групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации. Овие две селекции веќе изборија...

Спорт1 час

(Видео) Италија ја победи Франција, ја презеде лидерската позиција во групата

Италија ја победи Франција во Милано со 3:1 во натпреварот од 5-то коло од А дивизијата на Лигата на нации....

Свет2 часа

Кејт Мидлтон откри што ѝ помогнало во борбата против ракот: „Имаше добри и лоши денови“

Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, изјави дека природата ѝ помогнала за време на закрепнувањето од болеста, нагласувајќи дека процесот...

Свет3 часа

Маж од Индија лажно пријавил киднапирање на авион бидејќи не сакал да се одвои од сопругата

Маж од Индија е уапсен поради лажно пријавување на киднапирање на авион на „Ер Индија“, откако во тоалетот на авионот...

Свет3 часа

Шефицата на дипломатијата: Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност

Шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајцингер, денес изјави дека Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност, откако...

Свет3 часа

Песков: Европејците се борат како „пајаци во тегла“ штом некој ќе ја контактира Москва

Постапките на Европејците мора да престанат да бидат контрадикторни за Русија да верува во нивната желба за постигнување мир, изјави...

Свет4 часа

Путин се согласи да ја вклучи Европа во разговорите

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда...

Спорт4 часа

(Видео) Де Брујне и Де Кетеларе го поништија голчиштето на Гулер

Репрезентативците на Белгија ја победија Турција во Измир, по пресврт, со 2:1 во натпреварот од петтото коло од А дивизијата...