Контакт

Свет

Откако ги преживеа двете смртоносни инјекции, ги направи првите чекори: нови детали за Криста Пајк

Објавено пред

Криста Пајк, која имаше неуспешен обид за егзекуција минатата недела во американската држава Тенеси, сега е „крената на нозе и шета“ низ болничката соба, изјави член на нејзиниот правен тим.

Пајк (50) беше осудена на смрт за убиството на Колин Слемер во 1995 година, кое го изврши заедно со нејзиниот партнер во тоа време. Таа преживеа две смртоносни инјекции за време на обидот за егзекуција на 30 септември, во она што експертите го опишаа како случај без преседан.

Нејзиниот адвокат Стивен Ферел изјави за Би-Би-Си дека не разговарал директно со Пајк, но дека дознал како таа се движи низ болничката соба за прв пат. Сепак, таа е сè уште ментално „замаглена“, има тешкотии да ги следи своите мисли и повремено заборава каде оди.

По обидот за егзекуција, Пајк заврши во болница во критична состојба, откако претходно беше во несвест. Според најновите информации, таа се опоравува физички, иако рацете ѝ се тешко повредени и сè уште има тешкотии да ги користи.

За време на извршувањето на смртната казна, затворскиот персонал ѝ инјектирал две дози пентобарбитал. Откако станало јасно дека нема да умре, таа била однесена во болница.

„Денес е будна и оди за прв пат, но само се движи низ собата и нема да оди многу далеку“, рече Ферел, додавајќи дека сè уште не е познато дали ќе претрпи трајни последици.

Нејзиниот правен тим се спротивставува на уште еден обид за нејзино погубување со истиот метод и бара од гувернерот на Тенеси, Бил Ли, да ја замени нејзината казна во доживотен затвор без можност за условна слобода.

Во меѓувреме, поддржувачите на смртната казна предлагаат други методи. Републиканската сенаторка Марша Блекбурн рече: „Вратете ја електричната столица“.

По неуспешната егзекуција, гувернерот Ли нареди прекин на сите егзекуции во Тенеси до крајот на годината и нареди истрага за тоа што тргнало наопаку. Шефот на државната затворска служба поднесе оставка.

Во меѓувреме, судот им наложи на властите да ги зачуваат сите докази поврзани со неуспешната егзекуција, вклучувајќи интравенски цевки, шприцеви, пакување и друга документација. Ова би можело да биде важно во евентуалната тужба на Пајк против државата.

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава7 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт7 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт8 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет8 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт8 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет8 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет9 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт9 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...