Контакт

Свет

Pᴇᴜɢᴇᴏᴛ е ᴏфицијален едукативен партнер на Uɴᴅᴇʀ ᴛʜᴇ ᴘᴏʟᴇ

Објавено пред

Pᴇᴜɢᴇᴏᴛ го продолжи партнерството со „Uɴᴅᴇʀ ᴛʜᴇ ᴘᴏʟᴇ“ за програмата за подводно истражување. Оваа програма комбинира иновативни експедиции низ светот, научни истражувања и активности за подигање на свеста за зачувување на океaните и живиот свет во нив. Pᴇᴜɢᴇᴏᴛ ја дели оваа филозофија и одлучи да го стави ОБРАЗОВАНИЕТО на прво место во својата стратегија, а ѝ да го фокусира својот придонес кон конкретни едукативни активности кои позитивно ќе влијаат врз животната средина.

dobivaj vesti na viber

Програмата „Uɴᴅᴇʀ ᴛʜᴇ ᴘᴏʟᴇ“ е основана од Ghislain Bardout и Emmanuelle Périé-Bardout во 2018 во Concarneau, Франција. Заедно со PEUGEOT, имаат исти амбиции да се користи науката и технологијата за заштита на животната средина, особенно окенаите. Програмата се состои и од интеракција со пошироката јавност за да подигне свеста и важноста на оваа идеја.

„Uɴᴅᴇʀ ᴛʜᴇ ᴘᴏʟᴇ“ има 3 мисии:

Организирање иновативни експедиции низ светот фокусирани кон начучно истражување на океаните, особено поларните и изолирани региони.

Поддршка на научните истражувања, особено преку “DEEPLIFE“ програмата, која ги истражува морските животни во мезофотската зона (темна зона со длабочина од 30 до 200 метри) и нивната клучна улога во функционирањето на морскиот екосистем. Тековната мисија, која ќе трае до 15 окомври 2024, во Грција, Италија и Франција, се обидува да утврди дали медитеранските мезофотски екосистеми можат да послужат како засолниште од климатските промени. Овие студии претставуваат главна истражувачка оска во наредните години за да се разбере врската помеѓу површинските и мезофотичните популаци и да се спроведат соодветни мерки за заштита.

Зголемување на јавната свест и зачувување на океаните, врз основа на убедувањето дека знаењето има смисол доколку се споделува. Оваа програма, насочена кон едукација на младите и подигање на јавната свест, има форма на едукативен караван во кој се презентираат откритијата на нуркачите и научниците. Извонредната сценографија инспирира и ги поттикнува луѓето да го подобрат знаењето за морските екосистеми.

Journée pédagogique avec la caravane Under The Pole à l’école primaire de Combrit. Crédit : Maxime Horlaville / Under The Pole

PEUGEOT едуцира заедно со “UNDER THE POLE“

Во согласност со овие едукативни активности, сосема е природно PEUGEOT да стане официјален едукативен партнер на “UNDER THE POLE“. Оваа нова заложба ќе се реализира на четири начини:

Преку креирање на едукативни содржини посветени на тоа што се случува за време на експедициите, објаснувања на научните програми и техники на истражување. Овие видеа ќе се најдат и на социјалните межи на PEUGEOT и UNDER THE POLE.

Организирање на едукативни денови за време на грчката и француската етапа на Медитеранската мисија помеѓу април и октомври 2024. PEUGEOT со UNDER THE POLE работеа на овозможување на едукативни денови за учениците во Грција, каде се вршеше истражувачката мисија.

⦁ Заеднички говори на партнерите на професионални настани во автомобилскиот, нуркачкиот и научно-истражувачкиот сектор.

PEUGEOT обезбеди две PEUGEOT BOXER возила за транспорт на целата потребна опрема за различните мисии на програмата. Првиот Peugeot Boxer се користи за влечење на бродот за нуркање и за транспорт на бројната опрема потребна за четирите мисии на медитеранската програма. Вториот Boxer се користи за транспорт за образовниот тим на Under The Pole низ Франција за акциите за подигање на свеста на пошироката јавност и учениците за океаните. Оваа патувачка мисија има за цел да ја зголеми свеста кај повеќе од 5000 луѓе во следните 12 месеци.

Journée pédagogique avec la caravane Under The Pole à l’école primaire de Combrit. Crédit : Maxime Horlaville / Under The Pole

PEUGEOT овозможи и три 100% електрични возила (Е-208 и Е-308 SW) за да се поедностави секојдневното движење на тимот од “Under The Pole“ со нула емисии.

PEUGEOT е особено горд на партнерството со “UNDER THE POLE“, кое овозможува да се спроведат конкретни и корисни акции за зачувување на нашата животна средина.

ПР



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп би можел да воведе царини за Канада и Мексико за 10 дена

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп не воведе веднаш царини како што вети претходно, но рече дека размислува да воведе царина од 25 отсто за увоз од Канада и Мексико на 1-ви февруари поради илегалните имигранти кои влегуваат во САД и фентанилот. Откако ја положи заклетвата како претседател, Трамп не воведе брзо царини за два од соседите на Америка, но им нареди на федералните агенции да ги истражат постојаните трговски дефицити и нефер трговски практики, како и наводната манипулација со валутата од други земји.

dobivaj vesti na viber

Во претседателскиот меморандум, Трамп им наложи на Одделите за трговија и финансии, како и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, да ги истражат ризиците што ги претставуваат големите трговски дефицити за економијата и националната безбедност и да предложат соодветни мерки, како што се дополнителни глобални тарифи или други политики, за да се намалат таквите дефицити.

Инвеститорите се подготвуваа за царини на првиот ден на Трамп, кои би можеле да ги попречат долгогодишните трговски договори, но писмото на Трамп всушност бара дополнително истражување што би можело да ги поддржи идните акции врзани за царините. Одложувањето на царините доведе до закрепнување на глобалните цени на акциите и зајакнување на другите валути во однос на доларот. Американските финансиски пазари беа затворени вчера, но се отвораат денеска.

На прашањето на новинарите во Белата куќа дали има намера да воведе универзална царина за сите увозни производи во САД, Трамп одговори дека тие сè уште не се подготвени за тоа, но можеби ќе бидат подготвени во иднина. На прашањето за царините за Канада и Мексико, тој одговори дека размислува за царина од 25 отсто бидејќи тие две земји наводно дозволуваат голем број луѓе, како и фентанил, да влезат во САД. Трамп, исто така, рече дека сака да го промени трговскиот дефицит на САД со Европската унија преку царини или дополнителен извоз на енергија.

Царините беа тема на дискусија во текот на денот на инаугурацијата, при што Трамп нагласи дека таквите мерки можат да донесат огромни приходи за земјата, бидејќи неговата администрација се обидува да ја обнови американската индустрија. Царините ќе ги наплаќа новата агенција наречена Служба за надворешни приходи.

„Царините ќе не направат проклето богати. Тоа ќе ги врати американските бизниси кои не напуштија“, им рече Трамп на поддржувачите во Вашингтон.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп по преземањето на функцијата испрати предупредување до Путин: „Ја уништувате Русија“

Објавено пред

Доналд Трамп упати предупредување до рускиот претседател Владимир Путин само неколку часа по преземањето на функцијата по неговата инаугурација.

dobivaj vesti na viber

Трамп рече дека Путин ја „уништува Русија“ и го повика да „склучи договор“ со Украина за да се стави крај на војната.

„Тој мора да постигне договор. Мислам дека ја уништува Русија со тоа што нема да постигне договор. Мислам дека Русија ќе биде во голема неволја. Тој работи напорно, но повеќето луѓе мислеа дека војната ќе трае една недела, а сега поминаа три години, нели“.

Трамп предупреди дека инфлацијата е голема закана за Русија и дека руската економија тоне.

Путин рече дека сака исход што ќе ја фаворизира Русија, но индицира подготвеност да разговара со Трамп.

Наскоро се очекува да има телефонски разговор меѓу двајцата лидери. Трамп најави и можност за средба со Путин, со кого вели дека имал „одлични односи“ за време на неговиот прв мандат.

Рускиот претседател изјави: „Отворени сме за дијалог со новата американска администрација за украинскиот конфликт. Најважно е да се елиминираат причините за кризата. Ќе се обидеме да го направиме тоа што е можно поскоро. Знаете, војната меѓу Русија и Украина никогаш не требаше да започне“.

Додека беше во Овалната соба, Трамп рече дека и Зеленски е подготвен за договор.

Трамп се пошегува и за неговото предизборно ветување дека ќе го прекине конфликтот за 24 часа: „Тоа е само половина ден“. Ја имам втората половина од денот. Ќе видиме“.

Путин, по повод инаугурацијата на Трамп, рече: „Гледаме изјави на новоизбраниот американски претседател и членовите на неговиот тим за желбата да се обноват директните контакти со Русија, кои не на наша вина беа прекинати од претходната администрација. Ги слушаме и неговите изјави за потребата да се направи се што е можно за да се спречи Трета светска војна. Се разбира, ја поздравуваме оваа позиција и му честитаме на новоизбраниот американски претседател за преземањето на функцијата“.

Прикажи повеќе...

Свет

„Трамп ќе му каже на Путин да ја прекине војната, ако одбие, имаме план“, вели близок соработник на американскиот претседател

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин веднаш штом ќе се договорат преговорите, процес за кој рече дека веќе е во тек.

dobivaj vesti na viber

Откако како претседателски кандидат рече дека може да ја заврши војната во Украина во рок од 24 часа по преземањето на функцијата, Трамп истакна дека му останува уште половина ден за да ја постигне таа цел. „Ќе се обидеме да го направиме тоа што е можно побрзо. Знаете, војната меѓу Украина и Русија никогаш не требаше да започне“, им рече тој на новинарите во Овалната соба.

Изборот на Трамп за државен секретар Марко Рубио претходно во понеделникот изјави дека не може да постави временска рамка за завршување на војната меѓу Русија и Украина, но им рече на новинарите дека секоја страна ќе мора да се откаже од нешто, како природен дел од решавањето на каков било конфликт. Тој исто така призна дека Русија е агресорот.

Роберт Вилки, шеф на транзицискиот тим на Трамп во Пентагон, зборуваше за пристапот на Трамп кон војната во Украина. Вилки вели дека Трамп ќе му се јави на рускиот претседател Владимир Путин и ќе му каже да ја прекине војната.

Тој додаде дека Трамп ќе му каже на украинскиот претседател Зеленски дека не направил доволно „затоа што не го повикал мнозинството од своето население под своето знаме“, истакнувајќи дека Зеленски ги изоставил „мажите од населението кои обезбедуваат сила и моќ“. Ако Путин ги отфрли барањата на Трамп за завршување на војната, Вилки наведува дека една од извршните наредби на Трамп ќе ја „отвори енергетската моќ на Америка“.

„Ќе започне протокот на американски течен природен гас во Европа“, рече Вилки, „а присуството на Соединетите Држави на светскиот пазар на нафта ќе ја намали цената на нафтата – тоа ќе ја банкротира руската економија. Ова ќе создаде огромен притисок врз воената економија на Путин“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет36 минути

Трамп нареди да им се одземе државјанството на децата на илегалните имигранти; Активистите го тужеа

Застапниците за правата на имигрантите и застапниците на граѓанските права, вклучително и Американската унија за граѓански слободи, поднесоа тужба со...

Свет48 минути

Кина за повлекувањето на Трамп од СЗО: Оваа организација треба да се зајакне, а не да се ослабува

Улогата на Светската здравствена организација (СЗО) треба само да се зајакне, а не да се ослабне, соопшти денеска кинеското Министерство...

Свет3 часа

Првите одлуки на Трамп: Помилувани 1.500 напаѓачи на Конгресот, преименуван Мексиканскиот Залив

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет на извршни наредби на крајот од неговата церемонија на полагање заклетва...

Европа3 часа

(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви

Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ....

Свет3 часа

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: „Имам уште половина ден да го направам тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин веднаш штом ќе се договорат...

Свет4 часа

Орбан: Честитки за Трамп, сега е ред да го окупираме Брисел

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од ретките европски лидери блиски до Доналд Трамп, му честиташе на новиот американски претседател, велејќи...

Свет4 часа

(Видео) Трамп ги потпиша првите извршни наредби пред преполната арена: Можете ли да замислите Бајден да го прави ова, не би рекол

Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД, отворајќи уште еден турбулентен четиригодишен мандат со ветувања дека ќе ги...

Свет4 часа

Шефот на НАТО: Со Трамп на чело на Америка алијансата го пали турбопогонот

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте очекува дека враќањето на Доналд Трамп на местото претседател на САД, брзо и значително...

Свет5 часа

Ердоган: Трамп вели дека ќе стави крај на војната, ние ќе направиме сè што е потребно

Турција има намера да ги задржи добрите односи што ги имаше за време на првиот мандат на Доналд Трамп и...

Свет16 часа

Трамп: Ќе запрам нелегален влез, ќе прогласам национална вонредна состојба на јужната граница

Во своето инаугуративно обраќање, претседателот Доналд Трамп вети златно доба за Америка, неколку минути откако по вторпат положи заклетва како...

Свет19 часа

Бајден го објави последното селфи од Белата куќа

Во тек е инаугурацијата на Доналд Трамп. Церемонијата во црквата е завршена, по што Трмп се упати кон Белата куќа....

Македонија19 часа

Нормализирана испораката на топлинска енергија

Нормализирана е испораката на топлинска енергија откако утрово повеќе скопски општини останаа без парно греење поради зголемени загуби на вода...

Македонија19 часа

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон кој лани го привлече вниманието на светската јавност поради интервјуто со Путин

Премиерот, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави фотографии од повеќе средби кои ги остварил во Вашингтон, пред инаугурацијата на претседателот...

Топ21 час

Трагедија во Делчево: се запали куќа, загина 37 годишен маж

Пожар изби во селото Чифлик, Делчево утрово, пришто едно лице го загуби животот. Според информациите од Центарот за управување со...

Македонија21 час

Се запалил оџакот, а од него и покривот во домот за стари лица во Кавадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни

Триесет лица, од кои пет неподвижни, се евакуирани од домот за стари лица, што се запали во селото Чемерско, Кавадарци....

Македонија22 часа

Граѓаните ќе може да ги отповикаат градоначалниците што ќе бидат избрани наесен, Перински вели дека законот ќе биде применлив  

Референдумското отповикување градоначалници, од кои граѓаните не се задоволни, ќе почне да се применува од локалните избори наесен. Министерот за...

Македонија1 ден

30-дневен притвор за Раде Трајковски-Штекли и за уште осум лица

Кривичниот суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и уште осум...

Топ1 ден

19-годишник од Радовиш не застанал на знакот за запирање, па со автомобилот удрил во работна машина: во неговото возило пронајдени мигранти

Вчера околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при...

Македонија1 ден

Изгубени странски туристи безбедно извлечени преку езерото Матка

Вчера, на крајот од денот, по стемнувањето, на 112 во ЦУК е добиена пријава од странски државјани (турски), туристи, кои...

Регион1 ден

(Видео) Пожар во дом за стари лица во Србија, осум загинати, неколку повредени

Осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утрово околу 4 часот и 30 минути избувна во дом...