Контакт

Свет

Песков: Русија е уверена дека ќе победи во Украина, но е подготвена за мир

Објавено пред

Портпаролот на Кремљ тврди дека Москва постигнува напредок на фронтот и дека обновувањето на преговорите меѓу Русија, Украина и САД е сè уште можно.

Русија е уверена во победата во војната против Украина и е многу блиску до нејзино постигнување, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, и додаде дека Русија е подготвена да постигне мир, но дека тоа зависи од Украина.

„Сите експерти ја знаат динамиката на фронтот, дека постигнуваме напредок. Но, ние сме подготвени да постигнеме мир во секој момент. Зависи од Киев. Тоа е реалноста“, рече Песков на прес-конференција пред почетокот на самитот на БРИКС, пренесува Спутник.

Песков оцени дека Киев „не е толку флексибилен“.

Како што изјави, војната во Украина можеше да заврши одамна, доколку некој во Украина преземеше одговорност и донесе тешки одлуки.

Тој истакна дека Украина сè уште зависи од одредени европски земји, кои не можат да „се откажат од идејата за стратешки пораз на Русија“.

„Нема да дозволиме ова да се случи“, смета Песков.

Тој изјави дека Русија не сакала и не ја започнала војната во Украина, но дека се обидува да ја заврши.

Според него, Русија се надева дека ќе ги продолжи трилатералните преговори за решавање на украинскиот конфликт.

„Се надеваме дека ќе има напредок во овој поглед. Се надеваме на обновување на преговорите меѓу трите страни, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави. Искрено се надеваме дека порано или подоцна ќе се движиме кон мирно решение“, рече Песков, како што објави Танјуг.

Портпаролот на претседателот на Русија, рече дека позицијата на Киев ќе се влошува, а руските барања упатени до Украина ќе стануваат сè понепријатни како што се одолговлекува мировниот процес.

„Не заборавајте дека одамна почнавме да велиме дека секој изминат ден ја влошува позицијата на режимот во Киев“, изјави Песков пред новинарите, како што објави Интерфакс.

Најново

Спорт20 минути

(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата...

Спорт2 часа

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт2 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион2 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт2 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет2 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет2 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава2 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион4 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...