Контакт

Свет

Пет тинејџери загинаа во Ирска снимајќи се како возат во спротивна насока на автопат

Објавено пред

Пет тинејџери на возраст од 15 до 18 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Ирска, откако со украден автомобил се возеле во спротивна насока на автопат, додека го снимале своето опасно возење.

Несреќата се случила на автопат во округот Килдер, југозападно од Даблин. Петте момчиња биле во украдено БМВ кога се судриле со возило од спротивен правец, во кое се превезувале четири члена на едно семејство. Тие се тешко повредени.

Според информациите, тинејџерите во изминатите денови ги „тероризирале“ локалните жители со провали и кражби на автомобили. Често објавувале видеа од своето опасно однесување и моменти кога ги бркала полицијата.

Едно од видеата објавено пред трагичната несреќа го прикажува ретровизорот на автомобилот, а видеото е проследено со зборовите „погрешен пат“.

Автомобилот во кој се превезувале бил украден претходната ноќ и бил забележан во неколку области во близина на Килдер пред да се случи несреќата.

Трагичниот случај повторно го отвори прашањето за опасниот тренд на објавување видеа од диво и ризично возење на „Тик-ток“ и други социјални платформи, пишува „Гардијан“.

Потрагата по возбуда и восхит од врсниците преку ваквото однесување не е нова, но социјалните мрежи дополнително го засилуваат феноменот, смета Мери Ајкен, професорка по форензичка киберпсихологија на Универзитетот во Источен Лондон.

„Би го опишала како хибридно однесување. Додека возат, тие истовремено снимаат содржина за подоцнежно објавување или емитување во живо. Тие имаат една нога во реалниот свет, а другата во киберпросторот. Размислуваат само за лајковите и како ќе изгледаат нивните лица“, вели Ајкен.

Таа додава дека ваквиот виртуелен простор психолошки го преокупира човекот и може да го зголеми преземањето ризик, како и занемарувањето на последиците од сопственото однесување.

Минатата недела на „Тик-ток“ повторно се појавиле видеа од опасно возење, што предизвикало нови критики кон платформата. Компанијата одбила покана да се појави пред медиумскиот комитет на ирскиот парламент. Претседателот на одборот, Алан Кели, одлуката ја нарекол „шлаканица“ за ирската јавност.

Во меѓувреме, дел од политичарите бараат построги казни, вклучително и возењето во спротивна насока на автопат да се класифицира како обид за убиство.

Случајот повторно го актуелизира и прашањето за овластувањата на полицијата. Нејзини претставници велат дека полицајците можат да се обидат да ги запрат ваквите возачи, но дека одговорноста не е само на полицијата. Според нив, целото општество – родителите, наставниците и социјалните работници – мора да се вклучи за да се спречи младите со проблеми во однесувањето да продолжат по опасен пат.

Најново

Македонија3 минути

Времето утре: претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните...

Забава15 минути

Како да се грижите за косата по 50-тата година? Овие трикови ѝ ги враќаат мекоста и сјајот

Косата се менува со возраста, исто како и кожата. Рутината за нега што некогаш била доволна, можеби повеќе нема да...

Македонија25 минути

Министерството за правда за бегството на Ива Михаилова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,...

Европа27 минути

Лавров: Нема повторно да наседнеме; Зеленски не заслужи оддишка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува прекин на непријателствата и оти...

Спорт29 минути

Осасуна го смени тренерот и веднаш назначи нов

Осасуна во понеделник се раздели од тренерот Луис Мигел Рамис по осум натпревари на клупата и го замени со Јагоб...

Европа31 минута

Зеленски побара 60 дена; Кремљ понуди само еден

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска...

Свет36 минути

Ако некој е доволно луд да нè нападне, ќе го уништиме, порача Врховниот командант на НАТО во Европа

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, на Безбедносниот форум во Варшава предупреди дека...

Спорт37 минути

Барселона нема намера да го продава Олмо

Баерн Минхен е заинтересиран за Дани Олмо, но Барселона нема намера да се откаже од шпанскиот репрезентативец. Според каталонскиот весник...

Забава44 минути

(Фото/Видео) Скарлет Јохансон покажа како се носи црвен фустан

Скарлет Јохансон се појави на црвениот тепих и ги воодушеви сите присутни со својот моден избор. Таа носеше комбинација што...