Контакт

Свет

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Објавено пред

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ беше пронајден ракун заразен со беснило, што би можело да биде прв таков случај во тоа подрачје по повеќе од 50 години.

Како што соопшти Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес, болниот ракун бил пронајден во дворот на една куќа, но не покажувал агресивно однесување кон луѓето, што често се поврзува со беснилото, пренесува Лос Анџелес Тајмс.

Неколку лица кои работеле на градилиште во близина на животното, како и куче кое било уредно вакцинирано против беснило, можеле да бидат изложени на вирусот. Четири лица примаат превентивна терапија по можното изложување на вирусот, која може да вклучува имуноглобулин против беснило и вакцина, во согласност со препораките на американските Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Кучето е ставено во карантин и, според наводите на надлежните, добро се чувствува.

– Откривањето беснило кај ракун е важен потсетник дека никогаш не треба да се допираат, фаќаат или хранат диви животни, дури и кога изгледаат здраво – изјави здравствениот официјален претставник на округот Лос Анџелес, Мунту Дејвис.

Беснилото е ретка, но сериозна болест која го зафаќа мозокот на луѓето и животните. Вирусот најчесто се пренесува преку каснување од заразено животно, но до инфекција може да дојде и кога плунка или заразено ткиво ќе доспеат во организмот преку гребнатинка, рана или слузокожата на устата, носот и очите.

Според податоците на здравствените власти на Калифорнија, лилјаците и творовите се најчести преносители на беснило во таа сојузна држава. Последниот познат случај на беснило кај ракун во округот Лос Анџелес беше забележан во 1973 година, додека последниот случај на беснило кај животно кое не било лилјак беше потврден во 2014 година, кога во Лонг Бич беше пронајден твор заразен со вирус со потекло од лилјаци.

Здравствените власти сега испитуваат со кој сој на вирусот бил заразен ракунот. Прелиминарните проценки укажуваат на можноста инфекцијата да потекнува од лилјак, но се чекаат дополнителни резултати од лабораториските анализи, што може да потрае неколку недели.

Во округот Лос Анџелес оваа година беа потврдени рекордни 70 случаи на беснило кај лилјаци. Бројот на заразени лилјаци бележи раст подолго од десет години, иако стручњаците наведуваат дека ризикот од зараза за луѓето и понатаму е многу низок.

Според податоците на здравствените власти на Калифорнија, од 1980 година беснилото е потврдено кај 17 луѓе во таа сојузна држава, а последниот случај беше забележан во 2024 година. Во Соединетите Американски Држави годишно се пријавуваат помалку од десет смртни случаи кај луѓе предизвикани од оваа болест.

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава7 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт8 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт8 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет8 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт8 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет9 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет9 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт10 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...